Број 3466  сабота, 25 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
На прво место

СДСМ ќе ја гони Јанкулоска зашто го гонела само Велија

„Наместо на вистинска борба против криминалот и корупцијата, јавноста е сведок на селективна правда, односно неправда, политичка пресметка и класична злоупотреба на институциите. Власта продолжи со латиноамериканска демонстрација на сила, што преставува директна закана за сите оние што мислат поинаку од Груевски и од ВМРО-ДПМНЕ“, оцени вчера лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски. Тој ги оквалификува апсењата на Рамковски и управителите на некои од фирмите на „Перо Наков“, меѓу кои и А1, како „брутална пресметка на режимот на Груевски и фамилијата со политичките неистомисленици“.

СДСМ ќе поднесе кривична пријава против министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, затоа што не постапувала „по кривично дело ’перење пари‘ во случајот со 750 илјади евра најдени кај возачот на Медиа Принт Македонија“, соопшти Црвенковски. Тој ќе ја тужи Јанкулоска, но и директорот на УЈП, Горан Трајковски, и како што вели, за прикривање и непостапување по кривично дело „злоупотреба на службено овластување и положба“, во случајот со плаќањето партиски реклами на ВМРО-ДПМНЕ со буџетски пари, како што обвини сопственикот на А1, Велија Рамковски.

„Зошто токму сега институциите влегоа во А1 телевизија, а не пред 2-3 години? И зошто само во А1, а не и во други телевизии со провладина уредувачка политика? СДСМ е одговорна опозиција и има обврска да ја заштитува демократијата, човекови слободи, владеењето на правото и правната сигурност на граѓаните. Од тие причини, најавуваме дека ќе ја ставиме на тест правната држава“, рече Црвенковски на вчерашниот прес.

Според него, нема логичен одговор зошто биле потребни драматични апсења пред полноќ на лица, кои цел месец им се достапни на сите органи на прогонот. „Кој ќе понесе одговорност за повторно кршење на пресумпцијата на невиност, јавниот линч и оцрнувањето на семејствата на осомниченитешто вчера смислено го направија директорот на УЈП и портпаролот на МВР“, праша Црвенковски. (П.Р.)


#
Статијата е прочитана 1764 пати.

Испрати коментар

Од: Данче
Датум: 25.12.2010 12:35:25
Секоја чест за министерката, досега сме немале толку одлучна личност за борба против криминалот и корупцијат. Урбана мафија, докторска бела мафија, искоренување на подмитените цариници, патари, професори и доктори,медиумска мафија, франкфурт мафија, потплатени судии и нотари, бачила и криминална денационализација, оштра борба со терористите како во Бродец. На право место во право време. Време е да се расчисти ѓубрето што се таложи 15 години. Само напред!!!
Од: Regan
Датум: 25.12.2010 12:51:48
Овие немаат ни срам ни перде!
Од: gimi
Датум: 25.12.2010 13:00:39
Нека не се секира СДСМ нема само Велија да биде гонет.Не е завршена постапката за аферата „Надеж“ за „набавка на тенковски делови“,„Бачило“,а ќе излезат и други.
Од: Alek ®
Датум: 25.12.2010 13:50:48
gimi, откако ќе не’ „изловите“ сите кои имаме трошка разум и не мислиме како разулавената владеечка багра, спремај се и ти полека. Освен ако не си член на владата или премиерот лично. Оти хиените на крај и сами меѓу себе ќе почнат да се јадат.
Од: Крт
Датум: 25.12.2010 14:18:15
Се исчистија пред нив им остана само уште народот.Како тргнала работата и него ќе го апсат.Тоа во нивната ,,преродба,, го пишува измеѓу редови.Кривичната пријава треба да се преадресира на лицето МИЈАЛКОВ САША. Тој е тупаницата во ДПМНР.
Од: blagica
Датум: 25.12.2010 14:21:11
Ke im dojde krajot i na Velija, a sigurno i na Branko, koj sega odrzuva pres i povtorno go true narodot so nevistini protiv vladata koi uspesno si gi sproveduvaat site raboti. Bravo za Jankulovska i za timot okolu nea se nadevame deka ce se stavi kraj na ovaa izulavena opozicija
Од: trpe od gradcko
Датум: 25.12.2010 14:29:40
Samo napred za SDSM neka se rasciti sekoj kriminal, pa da se vidi i ministerkata Jankulovska i direkotrot na UJP Trajkovski dali ucestvuvale vo kriminal so perenje na pari i prikrivanje i nepostavuvanje po istiot...??? Parvadata e ista za site.. a ne da ima selektivnost...???
Од: pravda
Датум: 25.12.2010 15:12:46
Do Gimi:A doprva ke se otvoraat i tenderskite dokumentacii za Skopje 2014?
Од: Жарко,Ресен
Датум: 25.12.2010 15:12:56
До Данче:Не дај боже да имаш потреба да се лечиш на скопските клиники или во било која болница во Македонија.Дури тогаш ќе видиш како твојот омилен премиер и министри се борат против криминалот и корупцијата.Секој кој не ги посетил овие установи треси глупости како тебе.
Од: student
Датум: 25.12.2010 15:24:20
Ovaa opozicija samo i steti na Makedonija
Од: lazeski
Датум: 25.12.2010 19:38:01
Zosto Mijalkov i Familijata gi stitat ZIMEKS i KONARTIS firmi na Goce Zelenkovski?Dali Mijalkovi prvo kupuvaat Stanovi i deloven Prostor od Zimeks i Konartis,pa posle gi preprodavaat? Plakaat so kasa primi.
Од: mite
Датум: 25.12.2010 20:09:54
nemozam da zamislam kolkava ezelbata na gospodinot crvenkovski za makedonija treba da svati edno ne se brani so kritiki za podobrite koj se na vlast sekoja ces tova e demokra tia segasnata vlada na gospodinot gruevki rekoja ke apsime kremitalci koj se bogatat vo siromastiata itaka treba da bidi mozebi mu smeta na crvenkovsi stamota trebase vo vasiot mandat da storite vakvi nesta ane samo da kritikuvate i ke podnesuvate priavi protiv lica koi sia vrsat dolznosta po prav zakon zakonot e ist zasekoi koi storil zlo protiv drzavata tova i za vas vazi gospodine crvenkovski naj golem stram e kako poranesen precedatel na drzava poznata od svetot skogas kritikuvate ako nesto storile podobro od vas vikate privremeni izbori za vasa zaguba makedonskiot narod ne zaporavil ni tursko ropstvo ni kolunisticko vaseto odnesuvajne prema denesnava vlada e samo vas a golema zaguba za mnogaja leta
Од: flash
Датум: 25.12.2010 20:22:42
more zarko ,neka mi prostat ama neka se lecat tie so ja opravduvat vlasta pa mozebi ke go smenat mislenjeto.ne videle maka i za niv g i familijata e nad se.
Од: забеган.
Датум: 25.12.2010 20:36:13
ДО-ГИМИ А кога ќе дојде редот на оние брат ЉУБЕ што ги наброја.Ајде БРАНКО единствен лек за овие си само ти.И кога спиат се плашат од тебе.
Од: dragan
Датум: 26.12.2010 12:05:46
2015-Makedonija del od Bugarija.
Од: Трпе
Датум: 26.12.2010 17:45:52
Препорака од бладата.Овие кои не се со нас се криминалци.Овие кои се со нас се чесни апаши,

Најди! во Утрински
На прво место
Велија во пајакова мрежа
Драма во медиумите на Рамковски
Газдата на А1 обвини за диктатура
ЛДП
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks