Број 3466  сабота, 25 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
На прво место

Драма во медиумите на Рамковски

„Се виде дека главна цел е А1 телевизија“, вели главниот и одговорен уредник на А1, Младен Чадиковски

Светлана Унковска


Случувањата со апсењето на сопственикот на А1 телевизија Велија Рамковски, програмскиот директор Анета Кочишки, како и Ѓултен Џемаили, управител на „Плус продукција“, која ги издава „Време“, „Шпиц“ и „Коха е ре“ беа главна тема на програмата на телевизијата и се следеше секој чекор од приведувањето и сослушувањето.

Додека на А1 се емитуваше отворена програма, весникот „Шпиц“ имаше вонредно издание, целосно посветено на настаните и се делеше бесплатно. На насловната страница како ударен текст одеше насловот „Лисици за Велија, јамка за А1“, во која се оценува дека „власта ја остварила својата намера по секоја цена да го уапси бизнисменот Велија Рамковски и повеќе управители на фирми, меѓу кои и директорката на А1“.

И покрај обврските за следење на настаните и информирање, сепак, меѓу новинарите владееше збунетост. Никој не сакаше јавно да зборува за атмосферата и за тоа што се случува во редакциите. Главниот уредник на А1 телевизија, Младен Чадиковски, во изјава за Ројтерс оцени дека целата акција била прекумерна.

„Немаше потреба од толку спектакуларна полициска акција со инволвирање на специјални сили кога Рамковски беше достапен за полицијата во секој момент. Сега главна цел на истрагата е А1 телевизија, но тоа нема да влијае на активностите на телевизијата, независно од ситуацијата која реално е драматична“, изјави Чадиковски.

Главниот уредник на „Шпиц“, Бранко Героски, во изјава за „Утрински весник“ вели дека и покрај тоа што очекуваат технички проблеми со набавки на репроматеријали, сепак, весниците нормално ќе работат и ќе излезат навреме. Со соопштение се јави и Здружението на новинарите, а состојбите во медиумите на „Перо Наков“ б.б. вчера ги следеа и во Советот за радиодифузија.

Апсењето на првите луѓе на медиумите Героски го оцени како „жесток удар врз највлијателниот медиум во Македонија“, но нагласи дека тоа нема да влијае врз нормалното излегување и работење на телевизијата и на весниците.

„Сценариото започна со опсадата на А1 уште на 25 ноември, а сега кулминира и не е пријатно да се работи во такви услови. Но, нема да направиме како прекин на работата, бидејќи наша должност е да информираме за сите настани, вклучително и овој. Се работи за безочна манипулација, бидејќи беше речено дека А1 воопшто не е предмет на инспектирање, туку производството на смоки и сега не знам како воопшто ќе ја одржат оваа приказна“, оценува Героски. Тој како можност наведува дека излегувањето на весниците би можело да биде загрозено од технички причини поради секојдневната потреба од набавки на печатарска хартија и друг материјал.

„Собравме сили и имаме доволно капацитети да ги одржиме медиумите, кои не смеат да бидат колатерална штета на оваа полициска акција која и онака се води под сомнителни околности и на сомнителен начин. Ние сме одлучни и цврсто решени да продолжиме нормално да работиме, бидејќи имаме капацитети за тоа. Ако некој сакал да ги затвори нашите медиуми, тогаш многу се излажал во тоа“, порачува Героски.

Од Здружението на новинарите на Македонија преку соопштение информираа дека со внимание ја следат целата состојба околу апсењето на Рамковски и на уште неколку раководители на фирми.

„Здружението апелира до надлежните органи да одговорат за истрагата, да обезбедат спроведување на законите и на правната држава. Во интерес на слободата на новинарството е овој и слични други случаи да се расчистат. ЗНМ ги повикува институциите да ги овозможат законските услови за непречено дневно функционирање на А1 телевизија и на дневните весници ’Време’, ’Шпиц’ и Коха е Ре“, се наведува во соопштението.

И од Советот за радиодифузија велат дека ги следат настаните и состојбите со овие медиуми, но со голема доза на воздржаност се впуштаат во оцени.

„Ние отпочеток ги следиме случувањата и сакаме да почекаме надлежните институции да се изјаснат каде е проблемот и каква е инволвираноста на медиумите. Сепак, констатираме и дека тие нормално функционираат, бидејќи не смее да има никаква пречка за да продолжат со информирање, што е за нас многу важно. Но, исто така, мора да се забележи и дека не само на А1, туку овие настани ја окупираа програмата и на други национални телевизии, како што се Сител и Канал 5. Не треба да се практикува на ваков начин да се прават такви големи отстапувања од програмската шема, бидејќи тоа оди на штета на граѓаните“, порачува претседателот на СРД, Зоран Стефановски.


#
Статијата е прочитана 4014 пати.

Испрати коментар

Од: Јован АН
Датум: 25.12.2010 12:48:43
Жалосно е за новинариве и сдсм-овциве на чело со б.ц.,што застануваат во одбрана на луѓе и претпријатија за кои постои основано сомнение за затајување на данок.Од што се плашат тие?Или што штитат тие?Телевизијата гледам работи нормално.
Од: gimi
Датум: 25.12.2010 12:49:31
„Ако некој сакал да ги затвори нашите медиуми, тогаш многу се излажал во тоа“, порачува Героски.“ Никој нема да ги затвори Вашите медиуми . Вие сами ќе го направите тоа,уште од сега се зборува дека не сте зеле плата подолг период.
Од: kiki
Датум: 25.12.2010 13:03:28
zaboravivte da kazete za otvorenite programi na provladinite mediumi. Pa normalno e za toa da izvestuvaat mediumite koi se zasegnti, ama ne e normalno za toa da imaat otvborena programa i tolku da se zamaraat sitel i kanal 5. osobeno sto tamu prodefiliraa nadleznite luge, a za a1 ne sakaa da dadat izjava. a vie ste dolzni i toa da go napisete zatoa sto e fakt! site vidovme.
Од: blagica
Датум: 25.12.2010 14:14:19
Ne e glavna cel televizijata, taa prodolzuva normalno da raboti, celta e da se turi kraj na kriminalot, ama novinarite ja isprevrtija cela rabota , i tie da ne imaat srkano nekoja lazica poveke od medot na Velija , stom taka burno reagiraat
Од: Do JOVAN ROZOVI NAOCARI
Датум: 25.12.2010 14:34:06
Pa zosto da ne stiti neka otidat kaj Gazda Singo da proverat koj so godini im isplaka plati na novinarite vo BONOVI.. gledaj i ti malku podaleku ne bidi privrzok
Од: pravda
Датум: 25.12.2010 15:19:29
Ke docekame li vakvi akcii vo Sitel i Kanal 5,po se izgleda DA
Од: student
Датум: 25.12.2010 15:22:29
zosto imase tolku policija vo A1?za da se spreci eventualno iznesuvanje na dokumentacija i drug materijal od strana na vrabotenite.Duri trebase da se spreci i vlez na opozicijata, i vo niv jas nemam doverba, ama aj "demokratija"
Од: med
Датум: 25.12.2010 15:28:38
Pocituvan citatel Blagica, Konstatacijata za lazicata Vi e pogesna, vo ovoj slucaj ne se raboti za lazica tuku za "crpka". Konstatacijata Vi e dobra, samo Vie ste zgresile vo merkata!!
Од: Pero od Mars
Датум: 25.12.2010 18:29:32
Ramko go tovarat za nesta od 2005 godina.Togas vinata ne e samo kaj nego.tuku i kaj UJP, kaj finansiskata policija, kaj sektorot za organiziran kriminal.Mu dozvolija na gazda Velija celi 5 godini da sobira pari, da ne gi prijavuva. Na komsijata stojce samo sto zadocni so uplata na danok na ddv, vednas mu ja blokiraa smetkata.Kolku vina ima kaj Ramko tolku i ima i kaj UJP i kaj site drugi vklucititelno i Nikola Gruevski
Од: забеган.
Датум: 25.12.2010 20:31:07
Абре има ли некој паметен во ова ДРЖАВА????????????????????.Па некој обичен смртник да е прегладнет и УКРАДЕ еден ЛЕБ,Се знае за врат ќего фатат одма.Кој на Велија му дозволил 5 години да краде.Калимеро е нема ПРАВДА.
Од: jovan
Датум: 25.12.2010 23:59:34
Ne e sporno toa sto go uapsile Velija Ramkovski. Ako e kriv, neka odgovara.Problemot e sto kako Velija ima uste mnogu, i toa vo koalicijata na Grujo.
Од: Samoil
Датум: 26.12.2010 09:10:37
Ниту Здруженеито на новинарите, ниту новинарите од ,,независните,, изданија, за чудо госпопдово, бркајќи го зајчето, не го видоа слонот, под чии копита, денес или утре, ќе се најдат и тие. Не видоа дека полицијата изрежира невиден милитантен спектакл, вооружена до заби, во чилеански стил од времето на Пиноче, што и беше цел - да се демонстрира моќ, да се посее страв.Се чини вроди ефект - другите медиуми, во стилот на ,,малтешки подли,, и го свртеа грбот на новинарската етика. Наместо да го бранат демократскиот амбиент, тие удрија по Рамковски и неговите изданија. Ако имаме изграден судски инструментариум, сето тоа требаше да се одвива без помпи, без бруталност, без калашникови и црни качуги. Во тој фашизоден спектакл, за жал, учество зедоа и дел од новинарската феал, онаа безрбетната.
Од: R.R.
Датум: 26.12.2010 15:26:04
Samo se sproveduva pravdata! Se gordeam sto Makedoniaj pocna da se spravuva so kriminalcite kako Ramkovski.Ova e samo pocetok tek do prva ke gi gledame kriminalcite vo zatvor!
Од: ЦЕЛТА Е КРИМИНАЛОТ А НЕ А1
Датум: 26.12.2010 15:44:28
Верувам дека вакво нешто не се прави ако немало криминал. Судовите исто да си одработат. Криминалот секаде да се стопира. Каде беше Бранко еден ден пред тоа да поднесува пријави. Вака е јалов. А за Љубе. Љубе а бе не сме деца на шарлатански изјави не паѓаме. Само сигурни докази и апс. Грујо напред. Секој чесен верува. Јас ја сакам Македонија и партии не ме интересираат. Само правда и заштита на Македонија и народот во неа од сите асапекти.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 26.12.2010 20:29:03
Жално и бедно е спроведувањето на правдата според правилото „наш си,честит си-против нас си,криминалец си“!Токму таквата правда имаме прилика да ја гледаме со апсењето на Рамковски!Всушност,би било прекрасно кога,зад решетките,би се нашле сите криминалци!Но,тогаш,ќе мора да се уапсат и бившите „комунистички“директори,кои си ги присвоија општествените фабрики,особено нивните наследници за кои вечно ќе важи неделото на нечесно стекнатиот имот...Тогаш,ќе мора да се уапсат и високи владини службеници,оние од самиот врв...Очигледно,ќе мора да настрадаат и одреден број пратеници кои делувале на истиот начин...Значи,дефинитивно се работи за селективна примена на правото од страна на длабоко корумпирана и целосно абузивна власт која владее по системот „ми се може(јас сум на власт)“!И сè додека Правото и Законите не почнат да важат и за нив,ќе имаме состојба во која правдата е само лоша и невкусно инсценирана забава наменета за широките,со „патриотизам“заслепени,народни маси!

Најди! во Утрински
На прво место
Велија во пајакова мрежа
Газдата на А1 обвини за диктатура
СДСМ ќе ја гони Јанкулоска зашто го гонела само Велија
ЛДП
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks