Број 3257  среда, 14 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Вељаноски: Мандатот е минлива категорија

Спикерот ја повика опозицијата да им се врати на координациите

Оливера Војновска

Парламентарниот спикер Трајко Вељаноски вчера апелираше до шефовите на пратеничките групи и до потпретседателот на Собранието од редовите на опозицијата, да се вратат на редовните координации што се одржуваат секој понеделник. Истовремено, тој го повика парламентарното мнозинство да покаже повеќе сенс за барањата на опозицијата. Вељаноски побара секој пратеник, независно од партиската и од етничката припадност да го даде својот придонес за реализирање на евроатлантскиот сон на Македонија. Потсетувајќи ги притоа дека пратеничкиот мандатот не го добиле еднаш засекогаш, туку е минлива категорија. Тој вчера повторно ги повика и пратениците од ДПА да се вратат во Собранието и тука да ги искажуваат своите барања.

Опозиционерите му порачаа на Вељаноски место да ги повикува преку медиумите, заедно со парламентарното мнозинство и собраниските служби да поработи на отстранувањето на причините поради кои ги напуштиле координациите. А тоа се проектот „Скопје 2014“, Деловникот и разгледувањето на ревизорските извештаи.

„Недозволиво е да се бојкотира механизмот преку кој се овозможува дијалог во Собранието, а токму тоа се координациите со пратеничките групи. Ги повикувам координаторите на опозициските политички партии да се вратат на редовните координативни средби и да го дадат својот придонес во надминување на разликите во Собранието. Исто така, го повикувам мнозинството да покаже поголема отвореност и разбирање за барањата и предлозите на опозицијата. Би сакал да потенцирам дека сите ние, јас како претседател на Собранието, но и сите други пратеници, без разлика дали се од власта или од опозицијата, независно од етничката и од националната припадност, имаме одговорност за интегрирањето на Македонија во ЕУ и во НАТО. Сега сме пратеници, а утре, можеби, обични граѓани“, изјави Вељаноски.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Цветанка Иванова, повтори дека тие инсистираат на затворање на прашањето за Деловникот- една точка на дневен ред на секоја пленарна седница да биде на предлог на опозицијата, создавање законска можност за разгледување на ревизорските извештаи. „Му порачуваме на претседателот на Собранието да изработи материјал со рокови кога ќе бидат затворени овие прашања. Тогаш ќе се вратиме на координација“, рече Иванова.

И шефицата на пратеничката група на Нова демократија, Флора Кадриу, смета дека Вељаноски и мнозинството треба да направат повеќе напор за да се надмине оваа ситуација. „Сметаме дека е крајно време парламентарното мнозинство да размислува да биде поотворено, пофлексибилно и подготвено за надминување на сите разлики и наоѓање заеднички решенија за сите граѓани“, рече Кадриу.

Вељаноски ги повика опозициските партии за проблемите да разговараат на координациите. „Доколку се доведеме во ситуација преку медиумите да ги решаваме прашањата, тешко ќе дојдеме до решение“, порача спикерот. Тој завчера имал координација само со претставниците на владиното мнозинство: потпретседателите на Собранието и координаторите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ - Светлана Јакимовска, Рафис Алити, Силвана Бонева и Тахир Хани. За проектот „Скопје 2014“ Вељаноски се' уште чека мислење од Владата.

Тој вчера ги демантираше информациите дека, наводно, криел писмо што од Брисел било доставено со Собранието, а се однесувало на Законот за заштита од дискриминација. Вељаноски воопшто не добил такво писмо.


#
Статијата е прочитана 440 пати.

Испрати коментар

Од: stanko
Датум: 14.04.2010 09:04:24
Navistina mandatot e minliva kategorija,. Toa prvo treba da go sfatat pratenicite od vladeackata partija i osobeno samobendisaniot spiker, zasto i toj kako i mnogu negovi kolegi se samo slucajni minuvaci vo politikata koi utre , koga nema da bidat pratenici , ke bidat nikoj i nisto vo ova opstestvo, a Trajko moze da se vrati vo svojata kuka pokraj sinite i da si broi vozovi. Toa najdobro znae da go raboti, zasto advokatskata kariera mu e totalno promasuvanje.

Најди! во Утрински
Политика
Донација од Стопанска банка за „Бигорски“
ДУИ и НД усогласени за албанскиот јазик
Украина е присутна во Македонија
Бамир Топи денес во Македонија
Канал 5 ги смени ударните вести со „Фактор 5“
Државата ќе гради станови за АРМ
Судија и јавен обвинител само со просек 8