Пратениците на ДУИ и на Нова демократија вчера имаа синхронизиран настап - заедно ја напуштија седницата на Комисијата за политички систем, незадоволни поради тоа што не ги добиваат материјалите на албански јазик.
Уште при утврдувањето на дневниот ред пратеникот од ДУИ Џеват Адеми процедурално реагираше за тоа што материјалите биле само на македонски јазик, за што доби поддршка и од колегите од Нова демократија. Тој побара парламентот да ги почитува Законот за употреба на јазиците и Уставот и сите материјали во Собранието да се преведуваат на албански јазик.
На паузата беше направен превод само на материјалите за законот за академија на судии и јавни обвинители (второ читање), што беше прва точка на дневниот ред. Но, сега СДСМ инсистираше прво да се расправа за законите во прво читање како измените на Законот за платите на членовите на Судскиот совет, на Законот за платите на судиите, на Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители и на Законот за платите на јавните обвинители. Откако тоа не помина социјалдемократите и Нова демократија ја напуштија седницата, што во ВМРО-ДПМНЕ го сметаат за тенденциозно. (П.Р.)
Еден од начините за одржување на тензии,заради загревање,пред новите натпревари,е носење на законите и нивно непочитување.Единствено што ќарат е само тие што ги кршат.Останатите обично чекаат нова шанса,а овие првите обично менуваат тактика.Џабе е се кога резултатот ти го режира некој трет.Тоа ти било само дриблање,и губење време,а губењето време знаќи во превод неисполнување на критериуми,критериуми,критериуми,...