Текстот за Академијата за обука на судии и јавни обвинители крие низа стапици
Билјана Јовановска
Министерството за правда стокми предлог-закон за измени во Академија за обука на судии и јавни обвинители, кој, доколку деновиве биде усвоен во Собранието, во корен ќе им ги пресече плановите на огромен број млади што сакаат да се занимаваат со овие професии. Иако во писмото што го упати премиерот Никола Груевски до претседателот на Собранието за предлогот да влезе во процедура, пишува дека „овој закон произлегува од Националната програма за усвојување на правото на Европската унија“, во многу нешта тој ќе биде единствен во светот и невидена пречка за илјадници студенти на правните факултети, ама и на сегашни адвокати, јавната администрација ...
Интересно е дека сите правни факултети во државата, и приватните и државните, не се согласуваат со законските одредби за Академијата, која како образовна и научно-истражувачка јавна установа, практично, ќе мора да стане членка на некој од универзитетите. За нив многу работи во овој документ се спорни и правно неиздржани и бараат итно одржување на Интеруниверзитетска конференција на јавните и на приватните универзитети.
Бурни реакции навестуваат и 250 собрани потписи од студентите на правните факултети, собрани само во текот на еден ден. Денес во 12 часот студентите ќе одржат прес-конференција во универзитетскиот кампус, пред споменикот на „Св. Кирил и Методиј“, а потоа не е исклучен и протест. Идните правници се решени да одат до крај, бидејќи никој нема право на сред школување да ги условува со просек 8,00 сите што сакаат да станат судии или јавни обвинители. Затоа, на министерот за правда, Михајло Маневски, ќе му ги предадат барањата да го преиспита законскиот текст и да не им ја ограничува кариерата.
На Академијата ќе може да се запишат само дипломирани правници со завршено четиригодишно високо образование на правни студии со просек од најмалку 8,00 или дипломирани правници со стекнати 300 кредити, според Европскиот кредит-трансфер систем, исто со минимум просек 8,00 од двата циклуса на универзитетските студии. Ова значи дека најголемиот број правници немаат никакви шанси некогаш да станат судии и јавни обвинители, бидејќи сега само 20 отсто од студентите на правните факултети (од сите години на студии) го имаат бараниот просек. Со ова, државата им ги менува условите за студирање, бидејќи никој на над 5.000 правници што сега студираат на сите универзитети кај нас, при запишување на овој факултет не биле информирани дека вака високиот просек е услов за натамошно усовршување. Меѓутоа, дополнителен проблем е што фамозниот просек ќе им биде пречка и на сите вработени во органите на управата надлежни за спроведување на законите од областа на правосудството, како и на оние што што се занимаваат со финансиите. Или, поедноставено, за цела јавна администрација што работи на оваа проблематика.
Не помал проблем се и годините на школување и обука, кои мора да ги поминат сите што сакаат да станат судии или јавни обвинители. Влезот на Академијата нема да биде ни кус ни едноставен. Најнапред мора да се завршат правните студии, кои траат 5 години, потоа следуваат две години стаж пред да се полага задолжителниот правосуден испит, па дури потоа се полага приемен испит на Академијата за судии и јавни обвинители. По две години школување на оваа нова образовна институција и полагањето на завршниот испит на кој мора да се додаде и двегодишно работно искуство во судството, значи во најкус и идеален рок, неопходно е да се поминат цели 11 години.
За правните експерти е спорно, на пример, полагањето правосуден и завршен испит, од едноставна причина што такво нешто нема никаде во светот. Освен тоа, ваквите академии секаде се стручни школи, а никаде не се задолжително надвисоко образование, како што предвидува Академијата.
Згора на се', за упис на Академијата ќе се бара меѓународен сертификат за познавање на англискиот, за секој иден судија и ова, тврдат, е своевиден преседан, бидејќи првпат ќе се бара меѓународен сертификат за извршување државна функција. Поточно, кандидатот за влез на Академијата активно ќе мора да познава еден од официјалните јазици на Европската унија, од кои англискиот е задолжителен, но ова ќе мора да го докаже со меѓународни сертификати ТОЕФЕЛ, ИЕЛТС, ТОЛЕС, ИЛЕК, Кембриџ-сертификат, кои имаат и различен број бодови. Дека актуелната власт водела сметка нејзините кадри да поминат полесно, потврдува одредбата во законот за основање на Академијата, која вели дека познавањето на јазиците ќе важи дури по три години!
A kolku od dosegasnite kandidati vo trite generacii imaa prosek nad 8 ili da prasam kolku od postojnite sudii imaat prosek nad 8. Ako e toa uslov za vrsenje na sudiska funkcija......vreme e site na reizbor da se utvrduva koj ima 8 prosek, a posle 3 godini koj ke nema megunaroden sertifikat i toj da si odi.......neli ednakvosta treba da e nad se......pogotovo vo sudstvoto
Од: Трпе
Датум: 14.04.2010 08:27:05
Македонија и се е можно.Судии и обвинители ќе може да бидеме само тато,бато и јас.Предуслов да имаме и партиска книшка од актуелната власт.Што ќе праиме со овие кои ја завршија академијата пред 2 години,кога се наши луѓе.А за просекот е лесна работа познато е кој добиват просек со мали исклучоци.ОХ Македонијо!!!!!.Имаме и факултети наречени дисперзирани во власта.А нашата влада милува да става функционери со странски дипломи како Миленце,Самак идруѓи татини или патриотски синови.
Од: Aleksandra
Датум: 14.04.2010 08:59:05
ne im kazal nekoj deka treba 8.00 prosek min... Pa dobro be ako nema selekcija za da se zapisete na fakultet, sega pa i so pomala participacija, se bunite sto ne mozete da stanete utre sudii, javni obviniteli. E pa, ajde togas opisno neka ve ocenuvaat. ,,Intelektualci,,
Од: mene
Датум: 14.04.2010 09:23:22
A za premier kolku treba da imas prosek? Zadolzitelen li e prosek i za minister?
Од: Ајван Доктор®
Датум: 14.04.2010 10:14:44
Хммм!Па,секако се согласувам со условот за Просек над 8.5!Со години се случува,Одлични студенти (говорам за оние кои завршиле Без вообичаените партиско-родбински Врски)да остануваат надвор од Вработувањето,затоа што некој Дибек (секако - Со Врски) им ја зел работата!Чести се случаите кога ваквите Врвни Студенти чекаат со години на Работа поради недостаток од Врски!Работата не им ја земаа само Подпросечните,туку и подпросечните Средношколци,особено ако се „подобни“членови на Партија!Она што е сомнително е барањето на „меѓународен“сертификат,како и поставувањето на Академијата,над Високото образование,но Најмногу-условот за работно искуство!Општопознато е дека Вработувањето е областа каде најмногу се употребуваат Мамините,Татините и Партиските познанства!Ќе дојдеме повторно во ситуација неспособните да си ги поправаат оценките,бидејќи се вработиле,а студентите со над 8.0 просек да останат на улица!Се разбира,ако испари појавата на Надувување на оценките!Живееме во зачаран круг!
Од: Blue fighter: Ama premierot e so prosek 6
Датум: 14.04.2010 10:30:02
Moze da se voveduvaat standardi koi kje vazat duri otkako kje gi smestat site mediokriteti so partiski portokalovi kniski,kako sto napravija so kandidatite na Akademijata za sudii.Togas kje baraat i sertifikati za poznavanje na stranski jazik.Sega e dovolno da bides pomalku elokventen od Premierot za da ne mu bides konkurencija vo siromasnata inteligencija.Kako sto vo kradenjeto ne trpi konkurencija,ich ne podnesuva popametni od nego.Zatoa na ova deredze e Makedonija,koja se soocuva so najprimitivnata prostachka vmroizacija vo site segmenti na opstestvoto.Taka sto i ova so prosekot 8 e after shave merka.
Од: nekoj
Датум: 14.04.2010 12:18:37
Glupav narod silna drzava :) Dobro bre luge vo koj sistem ziveete? Edna poraka do "ajvan doktor", ve citam redovno i se soglasuvam so vasite komentari, cesto umeete da ne nasmeete, megutoa so ovoj denesen komentar voopsto ne se soglasuvam. Nauspesnite luge sto gi poznavam vo svojot zivot, se voospto bez fakultet. Pa sega videte... Na fakultet se ucat raboti sto nekoj gi postavil da se tamu. Onie pametnite, NE GUBAT VREME UCEJKI TUGI TEORII, tuku KREIRAAT SVOI. Toa e dvizeckata sila na kapitalizmot-SOZDAVANJETO! A ne bubanjeto na knigi i brkanje na proseci. A ako vie licno poznavate "deca" so visok prosek koj godini ne mozat da najdat rabota, jas takvi ne bi ni vrabotil. Naoganjeto rabota vo kapitalizmot e VESTINA. Zatoa dragi moi PROSEKOT NEMA VRSKA. Pak ke kazam, SMESNA DRZAVA. Vo soicijalizmot imase vo administracijata mnogu luge so sredno ama SE funkcionirase...
Од: Pravnik
Датум: 14.04.2010 13:58:25
Ova nikako da go razberam, ispaga tie sto imaat vrski na fakultet i zemaat 10 bez ucenje ke stanaat sudii i obv. a drugite koj gi ferma.
Vtoro sto da pravaat tie studenti sto zavrsile na drzavniot praven kade sto do pred 2/3 godini, edvaj ispit se polagase kaj starite kadri koi baraa se i sesto da se znae, i segasnite privatni fakulteti sto davaat 10 od rakav, i ke ispadne deka oni se podobri kadri od tie na drzavniot praven.
KATASTROFA