Донација од Стопанска банка за „Бигорски“
Стопанска банка донираше 10.000 евра за обновувањето на изгорениот дел од манастирот „Св. Јован Бигорски“. Манастирот вчера го посети и директорот на Стопанска банка, Глигор Бишев, кој лично му ја врачи донацијата на игуменот Партениј. Според Бишев, со овој потег банката ја докажува својата определба за помош на заедницата.
Ова е втора донација на банката за обновување на манастирот што настрада во пожар минатиот октомври. Тогаш целосно изгореа стариот конак, горниот палат, две трпезарии, гостинска просторија, кујната, библиотеката и манастирските живеалишта.
Во моментов во манастирот е почнато обновувањето, но се' уште се вршат и процени за издржливоста на темелите на стариот дел од манастирот. Најголеми донатори во обновувањето се македонските граѓани. „Фирмите засега не се покажаа многу дарежливи со донации за помош на ова значајно историско црковно богатство“, потенцира игуменот Партениј. (С.М.) |