Број 3471  петок, 31 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Дипломатски магазин
Фељтон








Site Meter
Свет

Моше Кацав е виновен за силување

Поранешниот израелски претседател одговараше за случај од пред дваесет години

ТЕЛ АВИВ - Судот од Тел Авив го прогласи за виновен за силување поранешниот израелски претседател Моше Кацав. Тој се соочуваше со две обвиненија за силување од вработена кога тој бил министер за туризам во 90-тите години. Исто така, тој беше обвинет за сексуален напад. Судиите веруваат на доказите од „Жената А“, чие сведочење доведе до двете обвиненија за силување.

Моше Кацав поднесе оставка од церемонијалната функција шеф на државата во 2007 година, а беше обвинет во март 2009 година. Сега би можел да се соочи со казна затвор од најмалку четири години, иако се смета дека ќе го оспори обвинението во Врховниот суд на Израел.

Пред да биде изречена пресудата, група луѓе се собраа пред окружниот суд, меѓу кои и многу активисти за правата на жените.

Поранешниот претседател, кој ја вршеше функцијата седум години почнувајќи од 2000 година, ги негираше обвиненијата, најсериозни досега изречени против израелски шеф на држава. Тој ја отфрли можноста за нагодување во 2008 година, според која, би се изјаснил виновен за сексуално злоупотребување, но би избегнал посериозни обвиненија. Според обвинението, случајот датира од април 1998 година кога „Жената А“ тврди дека првпат ја силувал во канцеларија на Министерството за туризам и подоцна во хотел во Ерусалим. Другите обвиненија се однесуваат на сексуално вознемирување на две жени во 2003 година и во 2005 година за време на неговото претседателствување.

Читајќи ја пресудата, судијата Џорџ Кара, кој претс��даваше со поротата заедно со двајца други судии, рече: „Му веруваме на жалителот („Жената А“) бидејќи нејзиното сведочење е поддржано со доказни елементи и таа ја кажува вистината“. Доказите за Кацав, решија судиите, биле „полни со лаги“.

Моше Кацав е роден во Иран и имигрирал во Израел со неговото семејство во 1951 година на шестгодишна возраст. Тој се приклучи на десноориентираната партија Ликуд и вршеше неколку министерски функции пред да стане претседател. Тврдењата против него првпат се појавија во 2006 година и конечно доведоа тој да се повлече наредната година, а го замени актуелниот претседател Шимон Перез. Иако неговата оставка предизвика шок во Израел, имаше мали политички последици за функцијата што е претежно церемонијална.

Групите за правата на жените во Израел ја поздравија пресудата тврдејќи дека обвиненијата за сексуално вознемирување честопати се игнорирани. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 822 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Свет
Со мотор-бомба нападнат суд во Атина
Берлускони ќе го исчисти Неапол
Белгија 200 дена без влада
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks