Берлускони ќе го исчисти Неапол
Рим - Италијанскиот премиер Силвио Берлускони вети денеска дека до Нова година ќе бидат исчистени улиците во Неапол, каде што постои хроничен проблем со сметот.
Над илјада тони смет во последните три месеци ги преплави улиците на третиот по големина град во Италија, и покрај протестите на локалните жители. Европската комисија минатиот месец предупреди дека Италија ќе се соочи со казни доколку не реши овој проблем.
Од Кабинетот на италијанскиот премиер е соопштено дека по разговорите со градските и со регионалните официјални претставници е добиено ветување дека сметот ќе биде отстранет и оти следната недела ќе биде одржан состанок во Рим, со цел да се пронајде системско решение за овој постојан проблем. |