Белгија 200 дена без влада
Брисел - Во Белгија вчера беше 200. ден од политичката криза, односно неможноста а парламентарните партии што ги застапуваат Валонците и Фламанците да постигнат договор за формирање нова Влада по парламентарните избори одржани во јуни.
Белгија, која веќе стана позната по ваквите кризи, со ова постави рекорд во својата историја, а извесно е дека оваа скала во наредните денови само ќе се крева, бидејќи идните преговори се закажани за 3 јануари, а малку е веројатно дека и тогаш ќе биде постигнат каков било договор.
Главниот преговарач, кој го именуваше кралот, Јохан Ванде Ланоте, требаше вчера да се сретне со претставниците на некои од партиите, но овој состанок е откажан во последен момент од причини „што не се политички“. Преговорите стојат на мртва точка поради неможноста на страните да постигнат комп��омис околу реформата на финансирање на белгиските региони. |