Заедничка акција за заштита од пожари
Општините Ѓорче Петров и Сарај, во соработка со локалната полициска станица, реализираат заеднички проект „Лето без пожари“, за едукација на населението за заштита од пожари. Општинските власти во текот на целото лето на граѓаните ќе им делат флаери со неопходните информации како да се избегне појава на пожар. Од почетокот на акцијата локалните власти ги посетиле селата Кучково, Орман, Никиштани, Грачани и излезниот пункт кон Сарај. (С.Н.) |