Број 3045  сабота, 25 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

На „Треска“ само по риба, не и на капење

Градот ќе прави проект за пречистителна станица, за да види колку ќе чини нејзината изградба

Сања Наумовска

Езерото Треска ќе се користи за спортски риболов се' додека не се најде начин да се употребува за капење, соопштуваат градските власти. Моментно во Град Скопје се подготвува распишување јавна набавка за изработка на проект за пречистителна станица, со која би се обезбедила чиста вода за езерото. Градските власти ќе ги испитуваат сите можности за повторно враќање во употреба на рекреативниот центар, но признаваат дека тоа ќе зависи од парите. Најверојатно и изградбата на пречистителната станица ќе се одвива во фази, што ќе одземе дополнително време. Во Градот сметаат дека и изградбата на канализација за околните села ќе придонесе за подобрување на водата во реката Треска, која сега ги собира непречистени отпадните фекални води.

„Проектот ќе треба да покаже колкави финансиски средства се потребни за пречистителната станица, по што Градот ќе одлучи дали има можности да се гради. Сепак, од некаде мора да се почне, со оглед на тоа дека веќе петнаесетина години капењето е забрането поради загадената вода, а целиот комплекс е неискористен“, информираат во Градот.

Анализите на примероците земени од водата во езерото Треска и годинава покажуваат дека капењето е голем ризик за здравјето. Иако секоја сезона се испушта старата вода и се чисти тињата од дното, годинава поради порибувањето тоа не е направено. Од Градот велат дека предупредувања за опасностите од загаденоста, но и од ризикот за давење, со оглед на тоа дека нема спасувачи, има на секој чекор во рекреативниот центар. Во соработка со Општина Сарај било едуцирано локалното население центарот да го користи за рекреација без капење, а поставени се и двојазични табли со информации. Сепак, како и години наназад, на Треска редовно има капачи.

Лекарите велат дека инфекции на горните дишни патишта, на очите, ушите и вирусни инфекции на кожата, како херпес симплекс, се само дел од заболувањата што можат да се добијат од капењето во загадената вода во езерото Треска. Сепак, најголема е опасноста од цревни заболувања, како дијареа и повраќање, просле��ени со висока температура и општа слабост, кои се најчести кога луѓето употребуваат вода со висока бактериолошка загаденост. Можна е и појава на заразна жолтица, која може да се манифестира и по четириесетина дена.


#
Статијата е прочитана 260 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
Црвен крст делеше вода поради горештините
Заедничка акција за заштита од пожари
Крводарителна акција во кино „Милениум“
Се проширува дел од булеварот „Трета македонска бригада“