Црвен крст делеше вода поради горештините
Три екипи на Црвениот крст, со поддршка од Градот Скопје, по најавите за екстремно високи температури, од вчера ги посетуваат најфреквентните места во градот, автобуските станици, пазарите, трговските центри и делат шишиња со вода, мерат крвен притисок, а таму каде што ќе има потреба ќе укажуваат и прва помош и ќе ги превезуваат старите и изнемоштени лица до нивните домови.
Една екипа вода им делеше на граѓаните во централното градско подрачје, како и во населбата Чаир, а друга екипа беше во општините Карпош и Ѓорче Петров, а трета екипа во Аеродром.
|