Брoj 2748  понеделник, 28 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Фељтон
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Патувањата поскапеа, но Германците не се откажуваат од одморот

Цените во споредба со лани, поскапи се за речиси 150 до 200 евра, а понекогаш дури и 300 евра

Туристичките агенции во Германија ги зголемија цените на своите понуди зашто авиокомпаниите наплатуваат додаток за керозин. Но, тоа не го намали меракот на Германците за патување, за кои одморот покрај со авион е поскап и за оние кои одат со сопствено возило.

Лани Германците потрошија околу 60 милијарди евра за годишен одмор, а ни годинава нема да бидат помалку, иако за тоа задоволство мора да се брцне подлабоко во џебот.

„Во споредба со минатата година, ако се погледнат цените на истиот хотел или иста дестинација, во просек се поскапи за речиси 150 до 200 евра, понекогаш дури и 300 евра“, укажува Криста Шнајдер од Туристичкото биро „Папендик“ во Зигбург кај Бон.

Во мода се крстосувања со брод, иако и таму цената на горивото во меѓувреме стана двојно повисока. Еден таков брод троши околу 100 тона тешка нафта дневно, не само за погон на моторите туку и за енергија за другите уреди.

„Патувањата со брод во последните години се' повеќе се во мода и браншата бележи раст со двоцифрен број, и тоа како речните, така и морските крсотсувања. Се проценува дека трендот ќе продолжи и во наредните години. Поради тоа постојано се градат и нови бродови“, вели претприемачот Вернер Папендик.

Натамошен тренд, според него, е повторниот подем на паушални патувања.

„Паушалното патување има предност, кога ќе направите резервација, знаете колку ќе ве чини престојот. Затоа мислам дека многу луѓе повторно се решаваат за паушални патувања, оти таму имаат фиксирани цени и тие го ценат тоа “, додава Папендик.А за да можат да ги држат во одредени рамки цените на паушалните патувања, туристичките агенции и самите направија нешто, ги избришаа од своите програми хотелите со превисоки цени и ги одржуваат константни цените во некои од најомилените земји за одмор како, на пример, Шпанија, Тунис или Мексико. (Дојче веле)

 


Статијата е прочитана 449 пати.

Испрати коментар

Од: emil morarcaliev
Датум: 28.07.2008 10:47:50
Odlicno, sega naucivme za germancite, ajde vo sledniot broj napisete za makedoncite.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
„Гугл“ лансира нова он лајн енциклопедија
Нафтената криза предизвика „зелена“ златна треска
Пушењето дозволено само дома и на отворено
Нов компјутерски вирус им се заканува на банките во Британија
Измените во здравственото осигурување стимул за наталитетот?