Нов компјутерски вирус им се заканува на банките во Британија
Лондон- Банките и други финансиски институции во Велика Британија се предупредени за појавата на новиот "супер вирус" на Интернет создаден да краде банкарски податоци во огромни износи, се наведува во он-лајн изданието на весникот „Скотсман“. Сајбер криминалците во Интернет-мрежата го пуштиле таканаречениот „тројанец Лимбо 2“, кој според експертите е специјално разработен да се закачува на финансиските веб-сајтови за да предизвикува максимални штети.
Претставник на компанијата „Кворум нетворк рисорсис“ предупреди дека треба да се преземат сите мерки за претпазливост, независно од тоа дали вирусот ќе ги исполни очекувањата на своите креатори.
|