Брoj 2748  понеделник, 28 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Фељтон
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Нафтената криза предизвика „зелена“ златна треска

Дел од економистите и претприемачите на се' повисоката цена на бензинот гледаат како на вовед во нов технолошки бум. Само во 2007 година на развој на алтернативни горива биле потрошени 148 милијарди долари. Според ОН, биле инвестирани 60 проценти повеќе пари од 2006.

„Постои шпекулација за златна треска, како во 1849, кога сите со копач в рака бараа можност“, вели претприемачот Стив Џарветсон.

Ја нарекуваат „зелена“ златна треска, во која се прават напори најразлични нешта - крајви измет, алги, масло за јадење, пченка, па дури и микроби - да се претворат во нов извор на гориво.

Во лабораторијата на компанијата „Зиметис“ од сојузната држава Мериленд, доктор Стивен Хачисон развива процес со кој отпадна хартија со помош на бактерии би се претворила во гориво. „Работиме со материјали што во моментов не се рециклираат. Од нив може да добиеме добра доза етанол како гориво. Тоа нема да го реши енергетскиот проблем на ниво на земјата, но сепак е добар почеток“, вели Хачисон. Технолошкиот стручњак Пол Сафо од Универзитетот Станфорд коментира дека енергетските инвестиции се зголемиле со зголемувањето на цената на бензинот. „Има голем прилив на пари. Ќе се дојде до некаков напредок, но треба време да се развијат и применат новите технологии“, смета Сафо. Во тој контекст, Џарветсон, пак, вели дека високата цена на бензинот и не е така лоша работа. „Ако цената останеше ниска наредните 20-30 години, немаше да дојде до иновации толку потребни поради климатскиот проблем на глобално затоплување“, објаснува тој. (Војс од Америка)


Статијата е прочитана 600 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
„Гугл“ лансира нова он лајн енциклопедија
Пушењето дозволено само дома и на отворено
Патувањата поскапеа, но Германците не се откажуваат од одморот
Нов компјутерски вирус им се заканува на банките во Британија
Измените во здравственото осигурување стимул за наталитетот?