ПРИЛЕП - Првата катна гаража во Прилеп со капацитет од 400 возила денеска ќе биде пуштена во употреба, во пресрет на одржувањето на осмиот „Пиво фест“. Според градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, станува збор за приватна инвестиција вредна 4,5 милиони евра, со која градот добива катна гаража на чие приземје ќе се отвори трговски центар. Објектот се протега на над 13.000 квадратни метри и е лоциран во центарот на Прилеп, на улица „Сотка Ѓорѓиоски“. Инвеститор на новата катна гаража е струмичкиот конзорциум „ГМ оил“.
„Катната гаража ќе ја пуштиме во употреба во пресрет на традиционалниот ‘Пиво фест‘, кога градот е преполн со гости. Оваа инвестиција ќе овозможи простор за 400 возила, што многу ќе го олесни наоѓањето паркинг за гостите, кои ќе дојдат на манифестацијата. Ќе се урбанизира центарот на градот, ќе се разубави и ќе заживее просторот, а со дуќаните и гаражите ќе се отворат нови работни места“, вели градоначалникот Марјан Ристески. Тој најавува дека за неколку недели ќе почне изградбата на нов современ трговски центар со катна гаража, со што Прилеп ќе го реши проблемот со паркирањето во центарот на градот. (Д.Т.)
Da no ne se kazuva deka za izgradba na noviot trgovski centar i katna garaza se unistuva poranesen park vo centarot na Prilep/I Lokacijata na ovie katni garazi vo strogiot centar na Prilep e ne zaradi samoto parkiranje , no zaradi atraktivnosta na ducanite koi se vo prizemjeto i se od licen interes na poedini privilegovani lica
Од: Трпе
Датум: 14.07.2010 10:34:16
Еее,каде сте брака дпмне-овци,зарем не гледате дека градоначалникот на Прилеп,Ристевски се офајдил со 4,5 милиони евра.Или сега ова не е криминал а ко инвеститор е истата фирма која го градеше трговскиот центар и катна гража Глобал во струмица.Или вашите го... не смрдат.
Од: mitra
Датум: 14.07.2010 16:33:30
A od sabajle poddrska za otvoranjeto na gradonacalnikot mu davase celata gradska administracija, mu pomagaa vo duvanjeto baloni, a za proviziite, pa ne ke dade da gradat na nekoi sto davaat pomalku ili ke go smeni izveduvacot kako sto napravi za vodovodot lani. Nauci toj kako treba ova mu e vtor mandat gi nauci lekciite vo prviot pa sega gi primenuva.
Од: Филип Битола
Датум: 14.07.2010 16:38:57
Се убаво, навистина ќе се овозможи многу простор за паркирање, инвеститор е фирмата "ГМ Оил" ,арно ама изведувач е "Теракота" , фирма многу блиска со Прилепскиот огранок на Вмро-Дпмне и со градоначалникот Марјан Ристески