Грижа за здрава животна околина
БИТОЛА - Грижата за здрава животна средина ги спои Новаци, Обилиќ и Валона, три локални самоуправи од Македонија, Косово и од Албанија. Во трите општини се сместени рударско-енергетски капацитети кои се потенцијални жаришта на загадување. Утре и в петок, на средба во Обилиќ, општините ќе се обидат да изнајдат заедничко решение како да ги спречат последиците врз здравјето на граѓаните.
„Имаме исти проблеми. Во Обилиќ ќе има конференција на тема за заштита на локалното населени од загадувањето на индустриските капацитети“, објасни Лазар Котевски, градоначалник на Општина Новаци. Тој додава дека црвеното светло е запалено, иако анализите не покажале дека РЕК „Битола“ ја загадува животната средина.
„Министерството за животна средина изнесе податоци според кои загадувањето на водата и на почвата е во дозволените параметри. Но, имаме обврска да ја зголемиме заштитата“, додаде Котевски. (А.Б.) |