Број 3332  среда, 14 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Македонија

Новини во вакцинирањето

Вакцината против морбили, рубеола и паротит (МРП) место на седумгодишна возраст ќе се дава на шест години, дитепер, хип и полио вакцина децата ќе примаат еден месец порано, односно место на три месеци на полни два месеца, а на 14 години нема да се прима ревакцина против туберкулоза. Ова се дел од новините што ги содржи новиот Правилник за имунизација, донесен пред еден месец, со кој се воведување и посовремена евиденција на вакцинацијата на децата.

На Клиниката за детски болести во Скопје се формира стручен тим, кој ќе ги утврдува трајните контраиндикации од вакцинацијата и кои деца треба да ги примаат поскапите ацелуларни вакцини со помалку нусефекти. Раководителот на Секторот за превентивна здравствена заштита при Министерството за здравство, Јованка Костовска, вчера изјави дека новина е што на 14 години веќе нема да се дава вакцината против туберкулоза, затоа што повеќе години светот предупредува дека за оваа болест е најважна вакцинацијата на децата првиот месец по раѓањето. Вакцината МРП сега ќе се дава на шестгодишна возраст, со цел да се заштитат децата од ова заразно заболување пред да влезат во колектив.

Парите од програмата за вакцинација годинава ќе бидат намалени за 100.000 денари на сметка на вакцината против хуман папулома вирус, која годинава нема да се набави, зашто има околу 50.000 дози неискористени, кои се со рок на траење до 2013 година. (Ј.Ј.)


#
Статијата е прочитана 663 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
Националниот парк „Пелистер“ под клуч
Нова катна гаража пред „Пивофест“
Лакавичката долина не стана Калифорнија
Грижа за здрава животна околина
Преспа очекува реализација на „Аквапура“