Број 3619  петок, 01 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Македонија

Изглед

Спомениците го заживеаја скопскиот плоштад

За една година центарот на Скопје се претвори во место во кое нема каде да се фрли игла

Од празен скопскиот плоштад, за само една година се преполни. Од ден на ден се претвора во место на кое речиси нема каде игла да се фрли. Дали само така изгледа поради се' уште заградените активни градилишта, а амбиентот ќе биде поинаков кога ќе се изгради и постави се' што е планирано, засега не може да се суди. Факт е дека „Скопје 2014“ го наполни плоштадот. И тоа, генерално со споменици.

Плоштадот се раздвижи лани на 1 мај кога од двете страни на Камен мост се поставија коњаниците Гоце Делчев и Даме Груев, со кои практично се проби мразот на листата од предвидените над 10 споменици за кои е резервирано место на плоштадот и непосредната околина. По нив се нижеа споменикот на Ченто, на гемиџиите, Кирил и Методиј, Димитрија Чуповски... Се постави и најграндиозниот, највисокиот и најскапиот споменик на војсководецот Александар Македонски. Последен во низата беше споменикот на цар Самоил седнат на трон, а допрва треба да се постави и спомен-обележјето на Неџат Аголи, кое ќе биде рамо до рамо со коњаникот на Гоце Делчев.

Плоштадот, освен со „Скопје 2014“ се прошара и со двете скулптури шмизли, скулптурата дрво и капачка. За од „празна тепсија“, како што дел од јавноста го нарекуваше, сега е преполн, за што се потрошија речиси 15 милиони евра, и тоа само за спомениците. Генерално, спомениците имаат идентични димензии, а изработени се и од ист материјал. Со исклучок на Ченто, Јустинијан Први и цар Самоил, кои се изработени од бел мермер останатите се бронзени. Сите достигнуваат висина до 5 метри, а поставени се на постамени со високи 3,5 метри. Исклучок, во секој поглед е споменикот со фонтаната на Александар Македонски. (Дс.Т.)

 

Методија Андонов Ченто е македонски национален револуционер и политичар, прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Поради неговата претседателска функција во Президиумот, Ченто многумина го нарекуваат и прв претседател на Македонија

 

Димитрија Чуповски е еден од најистакнатите афирматори на македонската национална мисла. Бил член и основач на неколку македонско научно-литературни друштва, повеќето од нив во Русија каде што подолг период дејствувал како деец и борец за македонската самобитност

 

Цар Самоил е основоположник на македонското средовековно царство. Познат е како еден од највоинствените ликови во македонската историја. Починал од срцев удар седејќи на тронот по веста за судбината на својата војска на која на секој стоти војник Византијците му извадиле по едно око

 

Гемиџиите биле таен македонски терористички кружок составен од повеќе млади Македонци, револуционери-анархисти. Повеќето од нив биле интелектуалци што доброволно се здружиле, формирајќи го кружокот, под влијание на Македонскиот таен револуционерен комитет

 

Јустинијан Први бил последниот император што успеал да ги обедини Источното и Западното Римско Царство. Историјата го памети и како најголем кодификатор на класичното римско право. Големината на овој цар е неразделно поврзана и со неговата длабока православна вера

 

Карпош бил водач на селското востание од Кривопаланечкиот и од Кумановскиот регион организирано против турските феудалци. Востанието било задушено, Карпош заробен, набиен на колец и избоден со копја по што Турците го фрлиле од Камени мост во Вардар

 

Споменикот на Неџат Аголи е планирано да се постави рамо до рамо со коњаникот на Гоце Делчев. Тој бил министер за здравство во македонската влада од 1945 година. Споменикот допрва треба да се лее во бронза. И тој, како и околните споменици, ќе достигне висина до пет метри

 


#
Статијата е прочитана 7382 пати.

Испрати коментар

Од: kate
Датум: 01.07.2011 00:12:39
министер за здравство во македонската влада од 1945 година -> е стварно многу важно!
Од: Трпе
Датум: 01.07.2011 01:08:12
Плоштадот на Скопје,наликува на циркуски шатор.Со летачките панорамски автобуси,туристите од странство ке доагат да учат како не треба да се уништува плоштад.Пропагандната блада не разликува што е шума а што плоштад.Со овој кич го уништи Скопје.Но децава мора да имат играчки колку е можно повеке.
Од: milos
Датум: 01.07.2011 04:37:27
auuu pominaa izbori kakvo nesto vo utrinski stana i on vladin vesnik ...do vcera golemi kriticari na vmro i skopje 2014 a sega presvrt hahah ...banana drzava
Од: MKD
Датум: 01.07.2011 06:06:15
Ne mi jasno so shto Jusitan prvi e zasluzhen da ima spomenik vo centarot na Skopje? Zatoa shto e roden vo Makedonijai pokraj toa shto bil okupator treba da se rachuna kako "zasluzhen" li ? Ili pak albanecot , zatoa shto minister za zdravstvo?! Ministri kolku sakash gi ima vo sekoja svetska vlada, no na nieden mu nemaat napraveno spomenik! Ova e malku poveke preterano!
Од: veles
Датум: 01.07.2011 06:19:47
Site ovie spomenici pripagaat vo ucebnicite po istorija a ne na plostad.Justinijan prvi kakva vrska ima so MKD ,kutrite nie makedonci najgolemi heroi imame od cel svet ,cel svet sme go vladeele so vekovi,im dadovme duri azbuka i vera na site sloveni,se izborivme za sloboda protiv fasisticka germanija koja ja pregazi cela evropa za pomalku od godina dena i vojuvase so cel svet.Site ovie fakti se razbira gi ima samo vo makedonskite ucebnici po istorija bidejki takava slavna istorija nie ne sakame da delime so nikoj i zatoa tesko ke se najdat vo drugi knigi ili voopsto ne postojatt. I za na kraj so Ace otidovme i ja osvivme cela Azija dopirajki duri do Indija,so Justinijan sega go obedinivme istocno i zap.rimsko carstvo? hmhm alal da mu e na ovoj narod tolku slaven a den denes nisto ne ostanalo od slavnite denovi e pa ne za dzabe vikaat deka kolku lagata e pogolema tolku poveke narod ke veruva.
Од: x
Датум: 01.07.2011 06:38:48
Vojskata na car Samoil bila oslepena-IM GI IZVADILE OCITE NA SITE...NA SEKOJ STOTI MU OSTAVILE PO EDNO OKO ZA DA GI VODI
Од: Hrabri
Датум: 01.07.2011 06:55:22
Сега да се размисли и за споменник на хан Кубер, за да не се заборави и Куберовото македонско царство, и тој исто така бил голем македонски владетел и ако бил брат на Аспарух. Владее е 150г. пред Самуил во областа на денешна Битола. Таков споменник ќе го заживее плоштадот уште подобро.
Од: Maкeдонец
Датум: 01.07.2011 06:57:06
Празниот плоштад кој наликуваше на камена ливада денес е најинтересното место во Македонија. Како што и доликува. Нема веќе потреба од толку големи празни плоштади, никој веќе не планира да одржува слетови и комуњарски паради на отворено. Иако дел од граѓанството сеуште посакуваат такво нешто, сеуште се надеваат дека некој од ќе не ослободи од оваа со сила наметната творба, независна Р Македонија,сеуште ја осеќаат како туѓа и наметната со сила. Жално,но вистинито
Од: trpe od gradsko
Датум: 01.07.2011 07:37:15
Samo od spomenici ne se zivee...nad 200milioni evra se potrosija za spomenici sto po evropskite metrpoli se gradele vo 18 i 19 vek za vreme na razni dinastii...Na znam kako ke se zivee so skapa struja, poveke danoci za uste nekoj spomenik...epa Narode makedonski poveke nemojte da se zalite na siromastija, izolacija eve plostadot e poln gledajte gi skapite spomenici i ke bidete srekni najdeni polni so dostoinstvo...uzivajte vo ova...i ne barejter pari od vladata a ona za uste nekoj spomenik preku razni danoci ke vi sobere pari...nazdravje neka vi e...barevte Grujevski i VMRO-DPMNE uzivajte nadovor od EU i NATO..
Од: BILI
Датум: 01.07.2011 08:29:18
Починал од срцев удар седејќи на тронот по веста за судбината на својата војска на која на секој стоти војник Византијците му извадиле по едно око Abe, da zemete da procitate istorija malku vo utrinski :) da ne e obratno, na sekoj 100ti vojnik mu ostavile samo edno oko :)
Од: do makedonec
Датум: 01.07.2011 08:39:36
Не Македонец, не! Не се работи за комуњарски плоштади (иако не знам што е лошо ако цел народ се собира на исто место за заеднички прослави), туку е проблем што ние ова го доживуваме цели 100 века потоа, кога никој на светов не прави такви монументални, да не кажам мегаломански, градби. Едноставно веќе не е такво времето. И освен тоа, што е многу многу е! Да се немало смисол за редот на големините. Да се задржеа на 5 споменици, пеке! Вака, мислам дека е, најблаго речено, дегутантно.
Од: Alek®
Датум: 01.07.2011 09:02:40
Ајде, ајде, повеќе вакви написи и ќе преживеете.
Од: Risto Andov, Skopje, Makedonija
Датум: 01.07.2011 09:16:13
Почитувани, не се проблем спомениците... Проблем се критериумите...! На пример, сегде во светот на плоштадуте има поставено по еден споменик согласно со името на истиот. Еве кај нас од плоштадот е направено магацин или музеј на споменици кои најчесто немаат врска со денешното македонско постоење и опстојување. Недостига уште споменик на дедо Ное и на Исус Христос за да биде весмислата комплетна! Ама ете за жал, споменик на најзаслужниот за постоењето на Р. Македонија, во која современиве политиканти изигруваат паши, еве нема, вероватно и нема да има. На пример, спред настојувањата на Черчил да се вратеше кралот Петар, денешна Р. Македонија ќе си останеше Вадраска Бановона. Ама ете Тито се покажа мудар, упорен и доволно силен за да не го дозволи тоа. Благодарение на неговата демократичност, Македонскиот народ е прифатен како државотворец на неговата Југославија. Кој што сака нека вреска, ама покрај македонските партизани и Тито е заслужен за постоењето на Р. Македонија.
Од: maxi246mkd
Датум: 01.07.2011 09:40:07
Mislam deka spomenicite se nepodvizni, kako moze da go razdvizat plostadot ba si ne mi e jasno.
Од: забеган.
Датум: 01.07.2011 09:43:09
Циркус без пари,,,,,,,.Е плоштадот.
Од: Владо
Датум: 01.07.2011 10:55:01
Македонците се Борат!
Од: kate
Датум: 01.07.2011 12:03:24
Ic da ne vi e gajle, koga ke se napravi nekoj koncert na plostad, ovie ke sluzat barem za podobar vidik, zamilete gi (od pred nekoja godina) Pet Shop Boys megu dvata konja na kameni most, a lugje se pentarat po nozete na Cupovski ili Cento, pa toa ke bide isto kako da si vo prv red, za zal nikoj veke nema da moze da se kaci na terasa na Risticeva da gleda koncert posto taa sega ima pogled direktno vo gazot na konjot.
Од: Tina
Датум: 01.07.2011 12:12:08
Sekogas ke napravim ista greska so ovie iminja na Simeon i Samuil. Zosto se tolku slicni?? lli e toa samo moja greska. Da ne sse bratuchedi? Da nemaat nekoja rodninska vrska?? Se izvinuvam na greskata vo Nova Makedponija koment. Sigurno se zamrsih i pow! ja napravih greskata. Ha,
Од: saso
Датум: 01.07.2011 12:37:00
Dali milat da se soprat malce so postavuvanje na spomenici? NE ... znaci jasno e sakat od Skupi da napravat horor film!
Од: deli
Датум: 01.07.2011 12:48:01
"Makedonec" kažuva malku pogore, deka ploštadot denes e najinteresantno mesto vo Makedonija. Dečko... ajde, oladi.... Ima mnogu, mnogu pointeresantni mesta vo Makedonija... a ušte poveke pointeresantni mesta vo SVET. No koj e samobendisan, tomu nikoj ne može da mu pomogne.
Од: skopjanka
Датум: 01.07.2011 13:55:23
parada na kic i totalen nevkus.
Од: Baze
Датум: 01.07.2011 15:22:16
Generalna ideja za spomenicite definitivno mi se dopagja no stvarno nemora se na plostad da se lupne. Prekrasen spomenik napravija vo Aerodrom na Jane Sandanski - toa mi se dopagja. Na Goce neka bide nekade okolu Sv Spas, na Justinijan (ne znam sto se bunite za nego, ima golemo znacenje za regionov i cel svet - prasajte nekoj student na praven da vi kaze dva zbora) na kale, na Gjorce Petrov vo Gjorce itn... Na Aleksandar mu e mestoto na plostad toa e super. Imam samo dve zabeleski za izbranite licnosti: koe e znacenjeto na ministerot za tdravstvo od 45' (prv Albanec vo vlada ili nesto sl?) i zosto se zanemaruva makedonskata dinastija koja vladeela na tronot vo Konstantinopol podolgo od 200 godini? Vasilij II kako najsitaknat pretstavnik na dinastijata bil verojatno posleden 'dobar' car na Vizantija i bil direktniot protivnik na Samuil i negova statua do taa na Samuil bi bila sosema na mesto - nekade okolu Belasica se razbira.
Од: СЕ Е МАКЕДОНСКО ОД МАКЕДОНИЈА
Датум: 01.07.2011 16:39:49
Соседите крадат од Македонија. Тоа е после 1913 кога големите сили им ја дале и македонската земја и македонскиот народ. Македсонија и по територија и по население во 1910 била поголема од Грција Србија Бугарија. Првпат можеме слободно да градиме свое на свое и се ка си дојде свое на свое.
Од: во изумирање
Датум: 01.07.2011 17:55:29
И ти ли сине Утрински :(
Од: djordji
Датум: 01.07.2011 19:28:20
Zalno e kako vlasta uspea i od vas poleka da napravi nov Vecer!! Mozebi ne ste uste vistinski Vecer, no ne se somnevam deka ili ke dobiete nekoj Latas urednik ili poleka ke ve zgasnat!! MORALNO DNO!!!
Од: emma
Датум: 01.07.2011 20:13:47
kazete mi koj pameten makedonec saka da stava spomenici od bugari i grci toa samo go pravi nasiot so vekovi ugnetuvan nepostoecki narod vie ne ste tocni go napravivte Skopje prostacki grad vie ste nenormalni nisto nemate istorisko ova e se dokaz kako vladava pere stranski pari i mnogu pobrzo od sto jas mislev go sledime i ke dojdeme do patot na Grcija hahahah ova em e smesno em e zalno ahhh makedonce makedonce corba samo za tebe
Од: Ana
Датум: 01.07.2011 20:20:10
Izgledot na Skopje e katastrofalen. Plostadot, vo najmala raka, moze da se narece cirkus Adria, a celiot proces na postavuvanje spomenici i grdosenje na gradot e zlostorstvo koe mora da bide soodvetno sankcionirano. Nekoj treba da odgovara za postavuvanje spomenici kade ke mu padne na pamet!
Од: Ragea
Датум: 01.07.2011 23:28:16
Mora de ae vazno stom e po Ramkovski t.e. Ramkoven dogovor!!!

Најди! во Утрински
Македонија
Скопје - Ниш - Бургас за 40 евра
Охрид ги полни капацитетите
И невработените ќе плаќаат за сини картони

"""