Број 3619  петок, 01 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Македонија

И невработените ќе плаќаат за сини картони

Од септември пријавување во ФЗО без разлика дали лани на сметката имале или немале приходи

Јасмина Јовановска


Околу 240.000 невработени лица од денеска ќе мора да извршат пререгистрација на правото на здравствено осигурување за да добиваат бесплатни сини картони. Овој процес ќе се врши на шалтерите на подрачните единици на Агенцијата за вработување и на шалтерите на подрачните единици на Фондот за здравствено осигурување. Тие треба да се пријават без разлика дали минатата година на нивната трансакциона сметка имале некаков приход или не. Како доказ треба да достават документ од Управата за јавни приходи. Пререгистрацијата е дел од законск��те измени дека и невработените лица со приходи мора да плаќаат за сини картони.

Од пререгистрацијата, како што објаснуваат од Фондот за здравствено осигурување, единствено се ослободени невработените што примаат надомест за невработеност, како и невработените што добиваат сини картони преку здравственото осигурување на својот брачен другар или родител без разлика дали тие работат или се пензионери. Ова значи дека невработена жена, која е осигурана преку својот сопруг пензионер, не мора да се пререгистрира. Тоа се однесува и на невработен до 26 години, кој живее со своите родители, објаснуваат од скопскиот Фонд за здравствено осигурување.

„Со измените во здравственото осигурување ниеден невработен нема да остане без сини картони, туку сите што и досега примале сини картони преку Агенцијата и натаму ќе ги добиваат бесплатно. Разликата е што невработените што имаат приход над 132.000 денари годишно ќе треба да плаќаат за картони, но и за нив има поволност. Место досегашните 2.160 денари месечен придонес, тие ќе плаќаат само половина или 1.100 денари. Сумата од 2.200 денари здравствен придонес останува за оние што имаат годишен приход над 182.000 денари“, објаснува Зоран Печевски, директор на Фондот за здравствено осигурување во Скопје.

За невработените над 26 години или, пак, за оние што не студираат, доколку немаат никаков приход или, пак, хонорар до 11.000 денари месечно и да живеат со родители, ќе им следуваат бесплатни картони. Тоа важи и за брачен пар што е невработен и живее во заедница со родители. „И за нив приходите на родителите не се земат предвид, туку само ако тие имаат некакви приходи. Ако немаат, тогаш им следуваат бесплатни сини картони“, објаснува Печевски. Секако, тоа ќе се провери преку Управата за јавни приходи.

Со тоа што и невработените што имаат некаков приход или хонорар ќе плаќаат за сини картони, е само чекор до тоа дека повеќе нема бесплатно здравствено осигурување. Во вода паѓа и заложбата на Владата ниедно лице да не остане без здравствени картони за лекување. На еден брачен пар, кој е невработен и зема хонорар од 15.000 денари месечно, нема да му биде лесно да издвои 1.100 денари за сини картони. Посебно ако се знае дека месечната кошничка е околу 15.000 денари. Во тој случај ќе мора да избира дали парите ќе се дадат за гола егзистенција или за лекување.

„Целта на државата и на Фондот е секој што има некаков приход да плаќа за здравствено осигурување. Ова е практика не само на нашиот, туку и на сите други фондови во регионот. Треба да се сфати дека бесплатно здравство не може ни да има. Некој мора да плати за лекувањето“, објаснува стручњакот за јавно здравство, Владимир Лазаревик. Тој признава дека државата воведува вакви мерки зашто парите во здравствената каса се се' помалку, а потребите во здравството се' поголеми.

За само два месеца треба да се изврши пререгистрација на околу 240.000 невработени, или заедно со нивните брачни другари и деца станува збор за 260.000 осигуреници. Во Фондот за здравствено осигурување уверуваат дека до септември е можно да се изврши промена на осигурувањето. Затоа ќе работат шалтерите на 16 подрачни единици на Фондот за здравствено осигурување и истурените шалтери на 14 подрачни единици на Агенцијата за вработување.

Потребни документи

Невработените, за да извршат промена на основата за здравствено осигурување, освен решение од УЈП за приходи, треба да понесат:

- копија од лична карта,
- здравствена легитимација за себе и за членовите што преку него се осигуруваат (сопругата или децата до 18 години или ако студираат до 26 години) и
- извод од матична книга на родените и, или извод од матична книга на венчани за членовите на блиското семејство

 

Кои приходи не треба да се пријават

- награди, стипендии и кредити на ученици и на студенти
- приходи од волонтерска работа
- детски додаток, еднократна помош за новороденче и родителски додаток
- надоместок во случај на смрт
- социјална помош
- надомест по основа за невработеност
- алиментации
- надоместок за телесно оштетување

 


#
Статијата е прочитана 1368 пати.

Испрати коментар

Од: boris
Датум: 01.07.2011 00:37:42
Siromashtijata e najbogata, bidejki plakja se'! Toa e toa! Eve, narode, na vi ja prerodbata! Neka ni e so srekja i samo da sme zivi i zdravi...,ne daj Boze da treba da zatropas na drzavni klinicki porti...,bez razlika so ili bez sini kartoni.
Од: jas
Датум: 01.07.2011 07:23:42
Ne e plakanje za sini kartoni tuku za lekuvanje koe e skapo i nesto mora i da se plati
Од: B.G.
Датум: 01.07.2011 08:23:11
Zosto ne se objasnuva sto se slucuva so parite!?!participacija pak ke se plaka ! A sto ako plakam kartoni,a ne gi koristam ?Da li ke ima nekoja kartica za toa kolku e vlozeno ili jal ne jal triipol !!! Sto e so krvodaritelite ?!? Molam nekoj da odgovori bidejki ova gi interesira site korisnici !
Од: Nikola
Датум: 01.07.2011 09:35:24
Pa, neli, Grujo vovede "bezplatno zdrastvo za site neosigurani"? Izmami na sekoj cekor!
Од: Vinci
Датум: 01.07.2011 10:50:49
Za site neupateni ( pretezno od poniskite socijalni sloevi ), a go dadoa svojot glas za staronovite prerodbenici, da znaat deka vo drzavnoto zdravstvo ke vazi slednoto naravoucenie " Ako ima vek, ke ima i lek".Da pojasnam, drzavnoto zdravstvo e vo kolaps od poodamna, a ovie vlastodrsci go dotolcija so nivnite kvazi reformi.Za tie sto imaat kratko pametenje, da gi potsetam deka vo agendata na "prerodbata" bese "besplatno zdravstvo" za site gragani na RM ( ova se odnesuvase pretezno za posiromasnite sloevi, nevrabotenite, socijalnite slucaevi..... ), a od toa samo veter i magla!!Treba da svatat izmamenite siroki narodni masi, deka tie sto imaat pari ke se lekuvaat vo stranstvo ili vo privatnite zdravstveni ustanovi, dodeka za rajata ke bide "Gospod na pomos"!
Од: азилант
Датум: 01.07.2011 11:57:14
ако треба да плакам значителни суми, ке размислиме, па не е далеку Блгарија, ке биде ко со студентите...
Од: Jovana
Датум: 01.07.2011 12:24:41
Nazdravje prerodbata. Ne samo zdrastvoto, odesen pak ke vrijatlozarite, pa potoa tutunarite i taka bez kraj ama bitno prerodbata kon dnoto prodolzuva
Од: zoran od Skup
Датум: 01.07.2011 12:44:20
E pa kako kosijata izdava kuka i stan i mesecno ima 1000 evra i e nevraboten i toj e socijalen slucaj??? pa red e da si plati zdravsten pridones i normalno participacija pri lekuvanje , pregledi , recepti, lekovi i dr. A kako toj da prihoduva a nie drugite da mu bereme gajle za negovoto zdravje.
Од: anonimen
Датум: 01.07.2011 12:53:39
ova trebase da se napravi odamna.ne moze luge sto primaat nekakov honorar do 15 000den a ne se na rabota da zemaat besplatni sini kartoni a nekoi ke rabotat za 6000 den i ke im zadrzuvaat od bruto platata za zdravsrveno osiguruvanje.sekade vo svetot kade sto ima kvalitetno zdravstvo site nevraboteni plakaat.pr.vo bugarija nevrabotenite lica plakaat po 10 evra mesecno a kaj nas ke bide skoro 20 evra
Од: maja
Датум: 01.07.2011 14:28:04
interesen komentar na zoran od skup komsijata izdaval kuca za 1000evra pa redno da plati....da ama zmae li deka tie sto izdavat ne placat eden denar danok...poznavam covek vo ohrid izdava stan 50 evra na noc a ne placa danok eden denar e nevraboten no zenamu e medinska sestra i znaci toj covek pak nema da dade eden denar za sini kartoni znaci toa ce vazi samo za siromastija........
Од: bube
Датум: 01.07.2011 17:41:23
Nazdravje da vi e...... sega ne ve zalam so glasavte za REFORMITE.........i Reformite ve pobedija.......na zdravje uste ednas................

Најди! во Утрински
Македонија
Спомениците го заживеаја скопскиот плоштад
Скопје - Ниш - Бургас за 40 евра
Охрид ги полни капацитетите

"""