|
|
|
|
|
|
Скопје - Ниш - Бургас за 40 евра
Годинава возови кон Егејско и кон Јадранско Море ќе нема поради одлуките на грчките и на српските железници да ги укинат директните линии кон Солун и кон Бар
Сања Наумовска
Македонските туристи од денеска ќе можат да патуваат со воз до бугарското летувалиште Бургас. Тоа е единствената опција со железница да се дојде до приморските градови во соседните држави, која остана отворена за нашите граѓани. Директната линија Скопје - Ниш - Бургас ќе функционира само во летниот период.
Железничката врска со Црното Море ќе се остварува еднаш неделно во текот на следните два месеца. Билет во еден правец чини 2.365 денари, а повратен е 4.730 денари
„Секој петок од Скопје ќе тргнува директниот вагон кон Бургас во 20,40 часот. Во Бургас возот ќе пристигне околу 16 часот следниот ден. Во спротивен правец кон Скопје, возовите од Бургас ќе тргнуваат секоја недела во 9 часот, а во Скопје ќе пристигнат во понеделник во 7 наутро“, соопштуваат од МЖ „Транспорт“. Ова значи дека годинава возови кон Егејското и кон Јадранското Море ќе нема поради одлуките на грчките и на српските железници да ги укинат директните линии кон Солун и кон Бар.
Српските железници на 13 јуни ја укинаа линијата на релација Ниш - Бар - Ниш, која традиционално со децении функционираше во летниот период. До Јадранот сега од Македонија може да се стигне само со поскапите варијанти, автомобил и автобус или, пак, со авион. Билет за брзиот воз на релација Скопје - Ниш - Бар - Скопје, кој речиси дваесет години секојдневно го поврзуваше Скопје со Црна Гора, чинеше 25 евра во еден правец. Тој, според возниот ред на „Македонски железници“ за годинава, требаше секојдневно да поаѓа од Скопје во 14,52 часот со кушет и спални вагони за Сутоморе и за Бар, и патнички вагони за Ниш. Брзиот воз од Бар кон Скопје требаше секојдневно да поаѓа во 18 часот.
Со укинувањето, пак, на возовите кон Солун, оштетени се многу македонски туристи што летуваа на Егејското Море, но и голем број студенти и работници, кои секојдневно масовно го користеа овој превоз. Редовна цена на билетот до Солун беше 756 денари, а повратна карта чинеше 1.512 денари, додека, пак, за студенти, пензионери и за други групи постојано важеше попустот од 20 проценти. Возот Солун - Скопје - Солун возеше на оваа релација двапати во денот, наутро и попладне во 17 ч. Овој брз воз беше „спасител“ и за голем број граѓани што патуваа кон Велес, Неготино, Гевгелија и Демир Капија, бидејќи како меѓународен, беше значително побрз од обичните домашни линии. Со укинувањето на оваа линија, повеќе не функционира ниту туристичкиот воз „Меридијан експрес“, кој во летните месеци сообраќаше директно преку Скопје до Прага, Будимпешта, Братислава, Киев и Москва. Моментално сообраќаат единствено возови кон Белград и кон Приштина.
Инаку, во првите три месеци годинава се превезени само 3.000 патници на меѓународните релации, што претставува намалување за 25 отсто во однос на првото тримесечје од 2010 година. Укинувањето на меѓународните возови кон Бар, Будимпешта, Прага, Братислава, Киев, Москва и кон Солун ќе го намали и така незначителниот број патници што го користат ова еколошко превозно средство за патување кон странство. (С.Н.)
|
#
|
Статијата е прочитана 2666 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Pasha Maximus |
Датум: 01.07.2011 00:19:31 |
|
„Секој петок од Скопје ќе тргнува директниот вагон кон Бургас во 20,40 часот. Во Бургас возот ќе пристигне околу 16 часот следниот ден. “
Бургас на Јупитер ли се наоѓа што треба 20 саата да се стигне. |
|
|
|
|
|
|
Од: veles |
Датум: 01.07.2011 06:00:45 |
|
Directna linija Skopje -Nis -Burgas ?? pa ziti se mislam deka ne e bas toa directna linija tuku za Burgas preku Nis i ne e directna posto treba da trosis vreme da odis na sever do Nis pa normalni li ste sto pisuvate .Vo vasiot slucaj ima togas directni linii od Skopje za sekade kako na primer Skopje - Budim pesta ili skopje -Minhen.pazete na recnikot sto go upotrebuvate posto vasata directna linija moze da se tolkuva na sosema sprotiven nacin. |
|
|
|
|
|
|
Од: deli |
Датум: 01.07.2011 07:56:25 |
|
Kakva e pričinata za ukinuvanje na tie direktni vozovi na more? Pretpostavuvam, ekonomska - slaba iskoristenost na kapaciteti. Možda vredi da se pobara direkten odgovor kaj tie železnici. |
|
|
|
|
|
|
Од: do veles |
Датум: 01.07.2011 08:43:49 |
|
koga velat "direktna linija" mislat na toa deka ne treba da se prekacuvas od eden na drug voz,da cekas na stanica i tn.Zosto navistina nemame direktna linija do BG e drugo prasanje. |
|
|
|
|
|
|
Од: goran |
Датум: 01.07.2011 08:54:32 |
|
rusat ti gi slabostite, toa sto postoelo go nema sega, Linijata SKopje Solun postoi 120 godini, vo tursko vo srpsko vo bugarsko vo jugoslovensko vo makedonsko vreme. toe e megunaroden voz Minhen Athina. Sega ne postoi |
|
|
|
|
|
|
Од: goran |
Датум: 01.07.2011 12:52:49 |
|
Изгледува изградбата на директнава линиа од Скопjе до Бургас е ускоро политички проблем и вопрос мегу двете соседни братски земи, одколкуто економски проблем и вопрос!
Когаш ке се изгради ж.п. линиата Куманово - Софиja??????????????????????????????
И зошто во Р. Македониjа сите по��итици од врвот кои беа досега на власт него решиа оваа национално економско и туристичко прашанье? |
|
|
|
|
|
|
Од: Marin |
Датум: 01.07.2011 16:12:22 |
|
@do Veles.pa dobro be ti normalen li si?pa od kaj da idat koga nasava nesposobna vlada nemoze veke 20 god da naprai pruga od kriva palanka do bugarska granica.,t.e. kustendil itn. |
|
|
|
|
|
|
Од: jimmy1 |
Датум: 01.07.2011 16:24:18 |
|
Po se izgleda deka na nekoj ne mu e jasno pa nemozat da e svatat temata. Malu zbrkale i tie, treba da stoi, Direkten vagon do Burgas a ne direktna linija.
Direkten Vagon nee directna linija Skopje - Burgas. Vagonot odi do Nis so eden voz, a pokasno se prikacuva na drug voz sto odi od Nis do Burgas, ali kako sto se gleda deka ima dosta cekanje vo Nis pa zatoa zema 20tina sati do Burgas. Istoto toa bese ako nekoj odese za Rim, jas imam odeno na taa linija. Vo Bitola imase vagon, Bitola - Rim, toj vagon vo Skopje se priklucuvase na megunarodniot voz Atina - Pariz, potoa se isklucuvase vo Venecija pa trebase da cekame 2-3 sati za da se prikluci na drug voz do Rim. 20 sati do Burgas e premnogu, ali taka e sekogas stom nema direktni linii. |
|
|
|
|
|
|
Од: Ратомир |
Датум: 01.07.2011 18:10:17 |
|
Каква е таа железничка линија без пруга до Бугарија, незнам, секоја чест за изумот. Како Цептер што вари без вода, така и МЖ вози кај што нема шини. |
|
|
|
|
|
|
|
|