Број 2985  четврток, 14 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

НЕКСТ ТАЈМ

Ние сме морални победници

„Презадоволни сме од нашиот настап! Дадовме се' од себе и примивме многу комплименти од колеги, учесници на ’Евросонг‘ во Москва. Во Македонија ќе се вратиме со крената глава“, ни изјави Мартин по завчерашниот телефонски разговор.

Конечниот пласман од првата полуфинална вечер значеше и крај за амбициите и надежите на македонските претставници, групата „Некст тајм“.

Со мотиви на руските сказни, како што се „Црвениот цвет“, „Магичниот коњ“, „Змејот“, и со помош на две девојчиња кои на сцената долетаа како птици, беше отворено 54. издание на Евровизија 2009 во Москва.

И покрај одличната изведба на сцената, конечниот исход беше неповолен за Македонија, како и за уште седум земји (Црна Гора, Чешка, Белгија, Белорусија, Андора, Швајцарија и Бугарија), кои отпаднаа во трката за најдобра европесна, која ќе се избира на 16 мај, заедно со земјите што ќе се пласираат во втората полуфинална вечер.

Среќа ги послужи Турција, Шведска, Израел, Португалија, Малта, Финска, Босна и Херцеговина, Ерменија, Романија и Исланд.

Публиката френетично ги бодреше своите претставници до самиот крај на изведбата, додека визуелните ефекти и грандиозната сцена беа надополнети со присуството на водителите Наталија Водјанова и Андреј Малахов.

За вечерва е планирано да се одржи и втората полуфинална вечер, на која ќе настапат: Хрватска со песната „Лијепа Тена“ во изведба на Игор Цукров и Андреја Шушњара, потоа Ирска со дуото Синид Мулви и Блек Дејзи, кои ќе ја изведат песната „El cetera“, Латвија со Интарс Бусулис која ќе ја пее песната „Пробка“, Србија со претставникот Марко Кон и Милан и темата „Ципела“, Полска со Лидија Копања и песната „I donе't wanna leave“, фаворитот Норвешка ќе го претставува Александар Рибак и композицијата „Fairytale“, Кипар ќе го претставува Кристина Метакса со „Firefly“, осми настапуваат претставниците на Словачка, дуото Камил Микулчик и Нела Поцискова со песната „Let to moon“, потоа следува Данска со Бринк и „Believe again“, Словенија со Квартисимо и Мартина кои ќе ја изведат композицијата „Love symphony“, Унгарија со Золи Адок и песната „Dance with me“, Азербејџан го претставуваат Асел и Араш со темата „Always“, Грција по втор пат ќе се претстави со Сакис Рувас и неговата композиција „This is our night“, Литванија ќе ја претставува Саша Сон со песната „Love“, Молдавија со Нели Кјобани и „Hora Din Moldova“, шеснаесетта настапува Албанија со претставничката Кејси Тола и песната „Carry me in your dreams“, Украина со Светлана Лобода и симпатичната „Be my valentine“, претпоследна е Естонија со групата „Урбан сим��они“ и песната „Randajad“ и Холандија со „Туперс“ и темата „Shine“.

Уцена

Претставниците на Холандија, спроти одржувањето на втората полуфинална вечер, изјавиле дека постои можност да го откажат своето учество на „Евросонг“ доколку не се одржи ветената парада на хомосексуалците, планирана за време на одржувањето на финалната вечер. Доколку се случи такво нешто, Холандија ќе биде трета земја што се откажала од Евровизија, по Сан Марино и Грузија.

Неразбирлив рок

Светските медиуми го споредија дуото „Некст тајм“ со популарната американска група „Џон Бон Џови“ и притоа констатираа дека рок-песните по правило би требало да се изведуваат на англиски јазик за да бидат поразбирливи за публиката.


#
Статијата е прочитана 2609 пати.

Испрати коментар

Од: Александар
Датум: 14.05.2009 00:15:21
Абе како не им е срам на пилиштариве?! Какви црни морални победници, во чевлите од Бергала облечени да се смее цела нација овде дур гледа пренос и излитен имиџ од 70ти Деца приземјете се малку!! Државата ја претставувавте не бевте на избор на маалски фраер!
Од: zzzzzzz
Датум: 14.05.2009 01:32:42
ne treskaj gluposti. nie sme najdobr
Од: an4e
Датум: 14.05.2009 04:03:16
Imaa odlicen scenski nastap bea obleceni vo rok stil isto kako so bese i pesnata i nema vrska vo kakvi cevli beja ako ne ti se svigaat ne kupuvaj gi za tebe so si odbrale toa ke si nosat. Glupa makedonska rabota za drugite glavata ke si ja dadete a svojot narod ke go predadete sram da vi e
Од: Marx
Датум: 14.05.2009 04:36:30
Moralni pobednici? Vie ste pregled.
Од: Ljupka
Датум: 14.05.2009 07:21:57
Koga ke naucime da bideme pobednici, a ne moralni pobednici? Sto mentalitet ke bese? Zaram i mladite deca se ucat pod mototo "Vazno e da ucestvuvame". Treba kako nacija da naucime deka najvazno e da pobedime, zatoa sto pobedata ni dava ucestvo, gordost, samodoverba. A, moralnata pobeda e uteha za gubitnicite!
Од: SLOBODA-nka
Датум: 14.05.2009 08:00:12
MNOGU e loso koga covek ke odlepi, decki simnete se na zemjata, nekoj ve LAZE deka ste mnogu JAKI, kaj nas e lesno da si zvezda, ke kupis edna pesna i gotovo, vo svetot ne e taka ima drugi pravila.
Од: Lili
Датум: 14.05.2009 08:01:48
BRAVO Next Time !!!!! Najdobri !!!!!!
Од: Тања
Датум: 14.05.2009 08:53:48
Као не бе, на англиски се пеело!.Доста беше пеење на англиски,од сега па натаму најубаво е да си пееме на македонски, или воопшто да не учествуваме. Нормално дека ќе се вратат со кренати глави, таман работа ако се разочараат од настапот на еден таков циркус,како што е евровизија!!
Од: Мано
Датум: 14.05.2009 09:26:00
Така е Тања.Тоа е дух.Те подржувам.
Од: Vlatko
Датум: 14.05.2009 09:30:29
Pesnata beshe odlicna - polna so optimizam, vedrina i pozitivna energija. Idejata za eden retro hard-rok zvuk i stil od 80tite isto mnogu mi se dopadna. Retro zvuk i izgled e sekogash interesen za sekogo. Ako tekstot beshe na Angliski, kje se zagubeshe sharmot i energijata na pesnata. I na kraj kraishta, pesnata e za nas Makedoncite. A sto trebashe da pravat budali od sebe kako Bugarite, Chesite i Fincite? Ili da pratevme nekoja drolja kako Romancite? Ajde Makedonci, dosta so kukanje ne crno gledanje na se.
Од: danče
Датум: 14.05.2009 09:34:01
nekoi samo da pišat komentar a voopšto ne se razbirat ni od peenje a ni od moda momcite ne samo što ne pretstavija vo najdobro svetlo tuku i bea mnogu dobro oblečeni bea kompletni vo sekoja smisla
Од: sonja
Датум: 14.05.2009 10:08:24
Nema sansa da bideme pobednici, zatoa e vazno sto podobro da se pretstavime. Ne deka ne vredime ili nemame dobra muzika. Otkoga se raspadna SSSR ,Evrovizija ne lici na nisto, nati dajmi so poenite, sekoj se glasa za bliskite. I koga ke pobedese Srbija da ne bese vakva situacijata. Porano pobeduvaja evropskite drzavi sega bivso ruskite + srbija. To e. A nasite bea super, a na cevlite od Bargala nisto ne im fali. Kutri i bedni tie so se krijat zad markirana obleka a samite ne vredat.
Од: Димитар А-Скопје
Датум: 14.05.2009 10:20:00
Морални победници не, но морални финалисти апсолутно да. Ги преслушав уште еднаш песните и можам слободно да кажам дека имаше дури 5 песни послаби од нашата и влегоа во финале.Но македонскиот синдром на самоуништување и самопонижување не не напушта,продолжете да плукате по момците кои не претставија во одлично светло.За вкусовите не се расправа,за мене песната е одлична, и ако пеевме на англиски најверојатно ќе влезевме во финале.Наше е да одбереме дали ќе бидеме патриоти или ќе се бориме за поголем успех,иако јазикот не е секогаш пресуден но има големо влијание.ВЛАТКО те молам покажи повеќе респект кон преубавата романка Елена која е пола македонка. НЕКСТ ТАЈМ, уште еднаш, секоја чест за настапот.
Од: Игор
Датум: 14.05.2009 10:20:49
А знаете ли воопшто што значи тоа морален победник или мислите дека се употребува секогаш кога ќе учествуваш некаде и нема да победиш? Неписмени.
Од: Natasha
Датум: 14.05.2009 11:15:28
Браво за Мартин и Стефан и останатите кои беа на сцената во московската арена. Како не можете еднаш да бидете едидиствени и реални. Има негативни кометари кои НАВИСТИНА не држат место. Дечките се преставија како прави професионалци и нивниот дел го одработија со многу љубов и многу емотивна енергија, но има уште некои кои се дел од тимот кој незнаат или неможат или и двете ја исполнаа својата работна задача. БАРЕМ ЕДНАШ ДА СТЕ, СМЕ ЕДИНСТВЕНИ!!!!!!!!!
Од: Nenad
Датум: 14.05.2009 11:22:12
Ovoj pat, iako se rodi gluvce, barem ne se tresese gorata, ne ne optovaruvaa so sigurna pobeda, favoriti i sl. Inaku decata imaa fin nastap, za moj kriterium.
Од: od mene
Датум: 14.05.2009 11:40:04
Aleksandar so ti e be? Idi leci se, ocigledno si nekoj isfrustriran....
Од: Terezija
Датум: 14.05.2009 11:45:36
Prvo : Dechkite se ODLICHNI i im prognoziram uspeshna kariera...Vtoro :Ako nekoj treba da se spushti na zemja toa se pred se' SVIRKACHITE od Univerzalna sala...Treto...Nikoj ne e VINOVEN i ne go odreduva svoeto PEDIGRE...A da se izleze vo EU kako pretstavnik na edna zemja chija Vlada DIKTIRA-DEMOKRATIJA (chitaj Diktatura) ne e lesno bogami...a se potvrdi nitu pak produktivno ,vprochem kako i celiot PROMASHEN tranzicionen experiment ;pochnuvajki so imeto ,lazniot Nacional patriotizam,pa antikvizacijata i t. n .....
Од: maja
Датум: 14.05.2009 12:25:50
Ovakavi negativni komentari ima posle sekoj nas Evroviziski natap..imase i za Tose...Makdonci osvestete se i cenete go ona sto go imame...dzabe e posle placenje...otkako ke gi izgubime najdobrite... NEXT TIME BEA SOVRSENI...... A DO Aleksandar ako nema informacija cevlite na Bergala se so ekstra kvalitet i so ekstra dizajn..probaj pa ke vidish..Od Polini da ne se pokvalitetni i poubavi?!!!
Од: gledac
Датум: 14.05.2009 13:36:29
Mi se smaci od ovie izliteni frazi-odlicen nastap,ne se obrukaa,ne falsiraa,dobro izgledaa........pa,luge,ova e Evrovizija,ne Goce Fest,pa da moze sekoj da se pojavi tamu i da trese gluposti.Ako seto toe e 'golem uspeh' za nas i za Nekst tajm,togas podobro e da ne ucestvuvame.Koj sto saka neka zboruva,no sepak na Evrovizija se uste glaven zbor za dobar plasman igra DOBRATA pesna.....sekako,za tie sto se razbiraat od muzika.A,nie godinava imavme katastrofalno losa pesna.
Од: ana
Датум: 14.05.2009 14:49:03
Deckite si bea super, mnogu dobro i sigurno nastapija na scenata.BRAVO! a nie makedoncite koga ke naucime da se poddrzuvame....... strasno..... cevli od Bargala.......sho ima vrska so nastapot!!!!
Од: pepe
Датум: 14.05.2009 15:04:38
Да не се фалшира, да има одличен настап, да има одлична песна е нешто што воопшто не е под знак на прашање, тоа е нешто што под "default" кога станува збор за професионализам. Излитената фраза "морален победник", е од неа ми е доста! Нема ни да плукам, нема ни да тапшам по рамо, само Ве молам, ДОСТА со излитени фрази. Прифатете го поразот како мажи а не како пилиња. Вие загубивте, нема ни П од Победа, па макар и излитена фраза.
Од: mimi
Датум: 14.05.2009 15:10:41
ova vie muziski festival se raboti za muzika a ne za moda i koj kako izgledal , i Marija ne izgledase na nisto pa pobedi ...Martin i Stefan imaa odlicna pesma dobra izvedba i pesnata ke se slusa vo MK i naokolu
Од: ljupco
Датум: 14.05.2009 21:50:18
ljubomorata e opasna rabota

Најди! во Утрински
Забава
Подготвува нова вестерн-серија
Трето посвојување дете