Број 2985  четврток, 14 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

КЕВИН КОСТНЕР

Подготвува нова вестерн-серија

Телевизијата АиЕ, по успехот со мини-серијата „Видот на Андромедин“, со која постигнала вистински успех кај гледачите, се одлучи да почне нов проект, кој би требало да го продуцира познатиот холивудски актер Кевин Костнер.

Станува збор за вестерн-серија, чие дејство ќе се случува во периодот на Граѓанската ��ојна и постојаниот конфликт на Западот. Дали ќе станува збор за постојаниот судир помеѓу индијанските племиња Сиукси и Чејени или, пак, за нешто друго, засега останува непознато. Но, она што сите ги радува е враќањето на големиот заводник меѓу актерите на филмското платно.

Претставничката на телевизијата, Тана Џејмисон, изјавила дека Костнер бил избран со особено внимание, бидејќи навистина го сака и го познава вестернот како насока. „Кевин го разбира вестернот подобро до кој било друг и навистина го следи со особена почит. Доколку разговарате со него, ќе сфатите дека тој го знае и најмалиот детаљ околу Дивиот Запад, бидејќи за него тоа е жанр со најголема страст. Од таа причина, неговото знаење во серијата е совршена комбинација“, изјавила Џејмисон.

Инаку, Костнер, во својата кариера одиграл улога во вестернот „Силверадо“ од далечната 1985 година, а успеал да добие и два „Оскара“, за режија и за најдобар филм за „Танцот на волците“ од 1991 година.

Освен продуцирање на новата серија, Костнер сериозно размислува за враќањето на вестернот на екраните, па е можно наскоро да започне со сни��ање таков проект.

„Постои еден вестерн лик за кој сум заинтересиран да го прикажам на големото платно, но засега немам готово сценарио и не би сакал да избрзувам. Кога ќе го имам текстот в рака, тогаш сигурно ќе започнам со снимање“, изјавил Костнер.


Статијата е прочитана 323 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Ние сме морални победници
Трето посвојување дете