Број 2985  четврток, 14 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

ХЈУ ЏЕКМАН

Трето посвојување дете

Австралискиот актер Хју Џекман, кој досега посвоил две деца со сопругата Дебора-Ли Фурнс, најверојатно одлучил тоа да го направи по трет пат, сакајќи да го зголеми семејството за уште еден член.

„Хју е голем поборник за посвојување деца, но не поаѓа секогаш од сопствени причини, туку и од желба да им помогне на децата без родители“, изјавил за списанието „Национал енквајер“, извор близок до двојката.

Хју, кој повеќе од тринаесет години е во брак со Дебора-Ли, открил дека вратата на неговиот дом овој пат ќе ја отвори и за децата од друга раса.

„За децата кои се мешавина од раси многу поголем проблем е да бидат посвоени, па затоа јас и Дебора одлучивме да му посветиме поголемо внимание на тоа. Затоа, замисливме идејата за посвојување да ја почнеме со такво дете, но потоа нашиот адвокат ни рече дека ова не е време за политичка коректност и не' праша колку навистина сме сигурни дека тоа го сакаме. Одговорив дека сум сосема убеден дека сакам ново дете во својот дом и во своето срце. За мене тоа е најдобрата работа која можеме да ја направиме“, изјавил Џекман.


Статијата е прочитана 913 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Ние сме морални победници
Подготвува нова вестерн-серија