05.02.2012, 18:21 Снегот ги збриша таксистите од улиците
Скопјани реагираат дека таксистите одбиваат да возат по снежни услови
Бојан Шашевски
Таксистите ги оставија скопјани да газат пеш по снегот. Возило по улиците нема ни за лек, а залудни се и упорните вртења на броевите на такси-компаниите. Лизгавите коловози, веројатно, не им се привлечни на таксистите, а нивните возила, со или без зимска опрема, по се' изгледа претпочитаат да ги користат на суво време. Вакви реакции доаѓаат од секојдневните, редовните муштерии на превозниците. Скопјани се жалат дека во четвртокот и петокот утрото, ниту една такси-компанија немала доволно возила за да одговори на потребите на граѓаните. Кон работа или училиште, и покрај врнежите од снег, се одело или пеш или со градски автобус. Ретки биле и такси-возилата кои можеа да се видат по улиците, кои и не застануваа на повиците на граѓаните.
„Речиси секојдневно користам такси за да го однесам детето на училиште. Сепак, мора да забележам дека секогаш кога има неповолни временски услови надвор, такси-возила нема. Ако заврне дожд или снег, ако подмрзнат улиците, таксистите си седат дома, а граѓаните треба да се снаоѓаат како знаат. Па се прашувам, кога мислат дека треба да работат, кога се шпиц часовите и кога поради метежот во сообраќајот не' дерат со цените или услугите треба да ги нудат секогаш кога им требаат на граѓаните“, револтиран е еден жител од општина Карпош.
Тој вели дека и во четвртокот и во петокот наутро барал услуга во неколку компании со кои најчесто се вози, но од сите бил одбиен. На крај одлучил, и по цена детето да задоцни на училиште, да го однесе пеш.
„Ѕвонев во ’Делукс’, во ’Рива’, во ’Вардар’, ’Лотус’, ’Наше такси’ и уште некоја компанија и, како и секогаш кога е надвор лошо времето, возило не ми пратија. Дека не можеме да се потпреме на услугата на такси-компаниите потврдува и еден случај кога имав потреба да договорам превоз до аеродром ноќе. Тогаш ми кажаа дека нема таква практика, да си се јавам ноќта, па ако има слободно возило ќе ми го пратат, ако не, да барам во друга компанија“, се жали скопјанката Марија Митева и прашува дали такси-компаниите имаат обврска во секое време од денот и ноќта да имаат свои возила по улиците или, пак, таксистите си возат кога сакаат и колку сакаат.
Од такси-компанијата „Рива“ велат дека постојано има таксисти по улиците. Тврдат дека сите се ангажирани во услови на снежна покривка.
„Граѓаните веројатно чекаат бидејќи, во моментот на повикот, сите 20-30 такси-возила од некој реон се зафатени. Како што владее криза со такси-превозот, и тоа како има работа за таксистите, особено во шпицовите во утринските часови и попладне околу 16 часот“, објаснуваат од управата на „Рива“. Оттаму велат дека нивните таксисти превезуваат патници буквално кога сакаат, немаат определено работното време и смени, а од компанијата ги ограничуваат и ги праќаат дома единствено кога ќе забележат дека возат предолго. Притоа, додаваат дека во зимски услови самите таксисти се задолжени да набавуваат синцири и посебни гуми за возилата.
Сличен одговор добивме и од такси-компанијата „Делукс“. Оттаму потврдуваат дека и нивните превозници немаат лимит во однос на работните часови. „Возат кога сакаат. Сами решаваат дали ќе останат дома или ќе работат“, велат од компанијата „Делукс“. |
|
Статијата е прочитана 1878 пати.
|
Испрати коментар
|
|
taksist, 06.02.2012 00:13:53 | ja vozam isto koga sakam.Moja firma moja odluka koga da rabotam.A kaj se tie patnici koga e ubavo vremetoili ne sakaat da rizikuvaat po snegot pa posigurno im e so taksi |
| demokrat, 06.02.2012 00:36:11 | Vprocem i kako se vo ovaa, demek, drzava. nasekade bezredie i haos! |
| patnik, 06.02.2012 11:35:43 | do taksist
ti postois zaradi patnicite a ne obratno, baska toj den da rabotese ke zarabotese i trojno poveke otkolku normalno |
| sdf, 06.02.2012 11:59:28 | taksistite se sosema vo pravo. damava neka go pusti deteto peski na snegot neka ide. bas ce se zabavuva |
| Тони, 06.02.2012 12:11:57 | До: Таксист
Треба малку повеќе контрола во такси превозот за да не се случува работењето од типот моја фирма-моја одлука кога да работам. Штом си добил лиценца за работа, ќе работиш. Ако не, одземање на лиценцата. Временскоте услови не смеат да бидат причина за неработење. Мене никој не ме прашува дали можеш да работиш ако надвор е замрзнато или врне дожд. Но тешко е да се смени менталитетот на некои луѓе. Затоа, некои ќе имаат работа, а некои само ќе се жалат за што самите се криви за своето однесување. |
| Vladimir, 06.02.2012 12:48:29 | Potpolsno se soglasuvam so Toni. Poradi takvoto nepromisleno i arogantno razmisluvanje kako na taksistot (jas sum sef nikoj ne mi moze mene nisto - a zamisli sef vozi taxi) imame usluga takva kakva sto e... i poveketo luge vo drzavata za zal rabotat na toj koncept. zemaj plati nisaj vrati. namesto da se potrudat nesto kvalitetno da napravat. za takvite samo odzemanje na licenca pa da gi vidime posle. so takvoto razmisluvanje nikogas nema da imaat pari.... taxito e javen prevoz i isto kako i avtobusite treba da e non-stop dostapno na graganite. |
| Patnik, 06.02.2012 13:21:55 | Taxi Express duri i mi naplati poskapo vcera vecer,bidejki bile vonredni vremenskite uslovi.Koga go prasav taksistot dali ima lanci - zimska oprema,mi odgovori deka ima.Znaci ne se vonredni uslovi,ti si spremen za snegov koj e celi 5 cm - mu rekov.Dobiv - Deee bee,ama si ti pameten.Ne mi bese do raspravija,go plativ onolku kolku sto pokaza nebazdareniot taksimetar.Znaci - em taksistive vozat kolku sakaat i koga sakaat,em naplakjaat kolku sakaat,zavisno od vremenskite uslovi neli. |
| goran, 06.02.2012 13:43:43 | abe dojdete vo Bitola pa da vidite kako vozat kaj nas taksistite i vo kakvi uslovi a ne vo Skopje so 5cm sneg. |
| marijan stojkovski, 06.02.2012 14:01:55 | jas da im odgovoram na gradjanite koj sega prodavaat pamet : do pred tri godini vozev taksi tocno 20 godini...... da se vo momentot gradjanite vo pravo da ne e sporno, ama bi gi zamolil da sednat vo edno vozilo denes i da se povozat po skopje so niv i da vidata se sto ce doziveat..... ako edna vozna cini vo normalni uslovi 150 denari sega e 250 - 300, ako vo obicen den zarabotuva 1300 denari sega taksistot ce zeme 2500 za 10 casa rabotno vreme, gorivo odi 2 pati povece nego vo normalni uslovi, da ne dade gospod edno malo udesce bidejci sega i peski ne se odie ramno na katastrofa, i samite se zalime deka ulucite ni se takvi kakvi sto se avo edno imaat pravo istite tie dega se najglasni sto najmalku koristat taksi uslugi bidejci im e skapo a nikade gi nema vo normalni uslovi..... na seto ova dodadi go vremettraenjeto na edna prosecna voznja od 15 minuti koja sega trae po 40 minuti e zatoa nema vozila.... toa e realno i ne treba vednas ako im se raboti neka rabotat pa koj ne saka pari |
| snesko, 06.02.2012 14:28:19 | Ne e do toa kolku cm e snegot,ako si profesionalen vozac vozenjeto na sneg ne smee da ti pretstavuva poteskotija.Taksistite se za na ulica da vozat,dali vrne ili vee ili pak sonce pece,tie treba da si ja izvrsuvaat rabotnata obvrska.Ako ne,vrati licencata odi lovi ribi,ima mnogu lugje koi taa obvrska ke ja izvrsuvaat poodgovorno ( bez razlika dali si vo Bitola,Skopje,Radovis..bilo kade ).
Taksisti odete vozete ( onie koi znaat kako ). |
| jovan, 06.02.2012 16:30:11 | Taksistite ne sedat doma. Tie si vozat i sega. Problemot e sto e zgolemena pobaruvackata vo ovie uslovi, a i samata voznja sega trae mnogu podolgo. Od periferija do centar na suvo e potrebno 15-20 minuti, a sega se vozi i po 45 minuti. Onie na koj ne im se vozi, nivna stvar. Nemoze nikoj da gi natera da vozat. Tocno deka si se gazdi na sami sebe i ke si pravat kako im odgovara. Nema tuka nisto loso. Nema samo da zarabotat, no taka si odbrale. Onoj koj ima tezga na pazar i prodava, e isto taka svoj gazda i ima pravo da ne raboti ako smeta deka mu e ladno, rizicno... Toj si snosi sam gubitok, i nema sto nekoj da mu kazuva dali trebal ili netrebal da raboti. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -7°C
Слаби снежни врнежи
|
Вторник
Слаби снежни врнежи
Макс: -3°C, Мин: -11°C
|
Среда
Слаби снежни врнежи
Макс: -4°C, Мин: -14°C
|
|
|
|
|
|