Хороскоп
Овен
Воспоставувате статус во друштвото и успевате да се наметнете на околината. Со една Скорпија одлично функционирате, бидејќи во иста мера сте свртени спрема работата и спрема решавањето на тешките деловни проблеми. На паузите може да се карате, па гледајте да се воздржите.
Бик
Слабоста на организмот, склоноста кон настинки и песимистички ставови укажуваат на идеално решение кое се состои во пасивноста, одморот и адекватната исхрана збогатена со витамини. Од решавањето на крупните проблеми денеска – ништо. Земете одмор.
Близнаци
Фактите укажуваат на тоа дека тешко комуницирате со околината и донесувате субјективни заклучоци кои немаат многу врска со реалноста. Послушајте го астролошкиот совет и обидете се да се коригирате. Виновник не е секогаш некој друг. Морате да се промените.
Рак
Многу сте чувствителни, па се вртите кон теми што ви причинуваат задоволство. Домот и семејството ви се на прво место, но ќе признаете дека ни тие не ги исполнуваат вашите очекувања. Наместо да се обидувате да ја избегнете својата одговорност, бидете директни и конкретни.
Лав
Окупирани сте со стекнување признанија, па сите денешни активности се насочени кон таа цел. Проникливи сте, уверливи во убедувањето на соговорникот, со еден збор успеавте да остварите се' што наумивте. Не преценувајте ги сопствените можности.
Девица
Донесувате избрзана одлука во врска со љубовта и односот со партнерот. Водете сметка за тоа да не преминете во друга крајност, бидејќи во тој случај кавгите се неминовни. Бидејќи ве очекува среќа во работата, свртете се кон професионално поле.
Терезија
Имате енергија и желба да се борите и ќе успеете во своите замисли. Мал проблем ви создава суетата, макар што некако ќе се изборите и со неа. Ви годи друштвото на Лавовите, но само на кратко. Идеална комуникација ќе имате со Девици, Стрелци и со Риби.
Скорпија
Одлично соработувате со Раковите. Со преостанатите знаци можно е да имате проблеми, бидејќи сте во ситуација кога се трудат да ви го расипат расположението. Не дозволувајте да успеат, така што со нив ќе комуницирате многу малку.
Стрелец
Ве очекуваат големи возбудувања на емотивен план што посебно ви значи во животот. Причината лежи во непромислените реакции на постапките на партнерот. Наместо да се концентрирате на неговите слабости, свртете се спрема своите.
Јарец
На се' наоѓате мана. Ѕвездите се наместија така што околината повремено не ви причинува задоволство, туку само дополнително ве оптоварува. Бидејќи не можете да влијаете, мора да се помирите. Барем вам не ви е тешко да се стрпите и да се свртите кон самопреиспитување.
Водолија
Дали се обидовте да изброите до десет пред да почнете да викате на вашиот моментално најголем непријател - партнерот? Доколку не сте го направиле тоа, пробајте го овој рецепт, затоа што ќе ви се исплати. Не се кажува залудно дека молчењето е злато.
Риби
Планирате значајни работи кои од корен ги менуваат вашите животни определби. Храброст и одлучност имате колку сакате. Бидејќи сте окупирани со работа, немате време да кукате над сопствената судбина. Бидете решителни и одете по замислениот план.
|