08.02.2012, 16:43 Бошкоски ќе продаде нива во Челопек за да им плати на адвокатите
По осум месеци минати во притвор, Љубе Бошкоски прв пат разговарал со сопругата без да бидат одвоени со стакло
Љубиша Станковиќ
Пред нешто повеќе од еден месец лидерот на Обе��инети за Македонија, Љубе Бошкоски, а на негово барање, е префрлен од затворот „Скопје“ во Казнено-поправната установа „Идризово“. Токму овој „трансфер“ му овозможи на Бошкоски да оствари непосредна средба со неговата сопруга и со неа да поразговара за се' што е заинтересиран.
„Поради измени во законот, минатата сабота, остварив средба со Љубе. Ова беше моја прва посета, по осум месеци минати во притвор, на која не разговарав со него-преку стакло! Кога ме виде се израдува. Разговаравме за многу работи, а откако си заминав, како што ми беше пренесено, му било многу тешко. Ме изненади тоа што е информиран за многу работи, а покажа особен интерес за семејството и партијата. Уште е онаков каков што беше за време на судењето“, раскажува сопругата на Љубе, Виолета Бошкоска.
Од разговорот што го имала со Љубе, неговата сопруга заклучила дека тој е во тек со се' она што се случува со членовите и приврзаниците на ОМ. Токму од него таа разбрала за одредени притисоци кои членови на ОМ ги имале во Македонски Брод и во Крива Паланка, но и тоа дека член на неговата партија од Струмица неодамна добил азил во Шведска.
„Тој знае дека има сили кои сакаат да ја уништат Обединети за Македонија и дека многу скоро, најверојатно по одлуката на Апелацискиот суд, тој повторно ќе биде на удар“, раскажува Виолета Бошкоска. Таа вели дека Љубе, за разлика од затворот во „Шутка“, сега е во просторија во која има греење.
„Сега му било подобро. Ми кажа дека во собата се осуммина и дека собата изгледа како да е од 18-ти век, но дека во неа има греење. Во негов стил, Љубе ми вели дека освен греење, има и редовни оброци и токму поради тоа му било жал за сите граѓани кои се ’надвор’, бидејќи најголемиот дел од народот ниту има греење, ниту редовна исхрана. Се пошегува и ми рече дека сега по цел ден гледа телевизиски серии и вести“, раскажува Виолета Бошкоска и објаснува дека на нејзината прва тет-а-тет средба со сопругот се разговарало и за семејството.
„Тој е загрижен за децата, но многу му е мило што ќерката му испратила подарок. Вели дека подарокот не сакал да го стави на себе и дека по цел ден го држел в раце и го милувал. Се договоривме да продадеме една нива во Челопек за да можеме колку-толку да им надоместиме на адвокатите“, раскажува Бошкоска и вели дека тој дури сега станува свесен за некои работи.
„Смачено му е од многу работи. И тој имал поднесено некаква тужба и сега решил да ја повлече. Вели дека му е мачно и дека иако е тужител не сака да го носат со ’лисици’ по судовите. Рече дека не може да поверува дека имало толку многу луѓе кои само сакаат да нанесуваат зло или да се одмаздуваат. И додека јас го советувам да си го чува здравјето и да не дозволи да биде уништен, Љубе ми вели дека повторно ќе му покаже на македонскиот народ дека е неправедно осуден“, вели Виолета Бошкоска. |
|
Статијата е прочитана 9668 пати.
|
Испрати коментар
|
|
snajper, 09.02.2012 00:20:55 | hahaha, ljube.. pa zar i na advokatite ke im plaka, zatoa sto se napravija za da go pratat vo zatvor haha.. ke gi polni smetkite na sdsm-dpmne |
| nekoj, 09.02.2012 00:25:23 | Napis koj bi trebalo da ne rasplace. Dali bilo koj znae vo ovoj moment kolku ima lugje sto go prekrsile zakonot vo zatvor pa nikoj ni oko ne mu trepnuva a kamo li da im se posveti edna stranica od dneven vesnik. Neka odi ovoj spasitel na makedonija vo zaboravot.... |
| Pirin, 09.02.2012 00:34:14 | ljube zaboravi koga bese minister za vnatresni kakao lugeto gi zatvarase pred kameri, sega koga toa ti se desi na tebe ne ti je arno . |
| читател, 09.02.2012 01:08:54 | Мојата подршка до Љубе, - издржи. Можам само да си го замислам психолошкиот притисок на повторно одење во затвор. Реално правеше грешки додека беше министер, но многу сурово ти се осветуваат за минорна работа. Досега, сегашниот премиер и еден куп министри направија многу повеќе грешки, испотрошија многу народни пари, што од лапсус-проекти, што од неинтелегентни проекти а во голем дел и од намерни тендеро-кражбени-проекти - ама мислам дека се многу поитри од Љубе и ќе останат неказнети како што и ден-денес е неказнет нивниот нов душман Љубчо. Груевски ти си најсуровиот владетел што оваа кутра земја го имала. Сега сум веќе и сугурен дека и историјата ќе го памти како најсуров. |
| Marioec od Azija, 09.02.2012 03:59:36 | Abre Ljube,zar uste ne ja nauci lekcijata.Ti i Bajram i nekoi sitni ribi go krkavte,ne deka nemate krivica,nego deka bevte mnogu naivni.Em necist em laes se i sesto bez rezon i da proveris dali e taka,posle lazni informacii ti dale.Inaku nitu Tajfata na Branko ne odgovarase za TAT,niti Frcko za potkupot,Ljupco za OKTA,Daravelski za Carina i dr a ni Grujo ce odgovara za bilo sto.Zosto pa tie se vo krugot kaj sto se vrti sve i nema da dozvolat da im se mesa nekoj drug i ja poremeti simetrijata i oblikot.Proba Ramkovski i udri glata vo Zid,a ti ne vide nisto pa isto te doceka i tebe,ce dozvolat SDS-DPMNE da im ja mati vodata nekoj drug.A Ustavnite Sudii se nivni zastitnici. |
| Bogomil, 09.02.2012 05:39:06 | Бошковски, денес или утре, или после една година, ќе излезе од зад заторските решетки на македонскиот Голи оток. Не е цвеќе за мирисање. И тој, како и овие сега од првата постава на власта, правеше лупинзи. Парадираше со Амди Бајрам, еден од големите креатори на поновата македонска демократија. Каква иронија. Но, ова што сега му се случува, е срам за македонското правосудие. Полициско и политичко изрежирано кривично дело. А каков криминал се одигрува неказнето. Градежна мафија, под покровителство на власта хара во земјава. Невиден апашлук ја ограбува државава, го осиромашува населението. И уште пожар се подметнува во најчувствителниот дел - во и без тоа разнишаниот меѓуетнички соживот. Каков ли епилог не очекува со министри - комедијанти... |
| lidija, 09.02.2012 05:56:46 | Pa ionaka parite ne se zaraboteni so pamet i trud.
Toa se vika kako doslo taka otislo. |
| Nezavisna, 09.02.2012 07:23:07 | Zivotot e iskusenie, steta sto Ljube naivno nasedna a glasno go kazuvase ona sto 90% od graganite go mislat za vladeackata struktura. trkaloto se vrti, sega e vazno dasi go cuva zdravjeto. Im se gleda krajot na PRIJATELITE sto gi gostevase vo BUJE. Podrska do nego i negovoto semejstvo |
| sando makedonac, 09.02.2012 09:59:18 | LUBE kolku trošoci i pari otidoja od budžetot vo hag od makedonskiot narod da te oslobodat posle ispadnavte rani kuče da te lae treba imotot da si go prodadeš da vratiš dugot makedonija što dala za vas ispadnavte predavnik ja ocrnavte makedonija vo pula na sudeneto da ne zborime za hag čovekot JOHAN go namestivte neka ti sudi narodot i BOG |
| Трпе, 09.02.2012 10:39:12 | Волот рие ама земјата врз глава си ја фрла.Кој на друг гроб му копа самиот во него има шанси да пропадне.Сегашната актуелна власт треба прстот да си го стави на чело и да размисли што се случува со злобните и нечесните.Бог е бавен но не заборава. |
| tomo, 09.02.2012 12:27:38 | Brat Ljube, so tebe sme, izdrzi! |
| martin, 09.02.2012 13:24:35 | steta za edinstveniot heroj od ponovata makedonska istorija, doeka zlostornicite od uck stanaa pratenici, ministri i glavni ortaci na vladata vo isto vreme sojuznicite dpmne-sdsm go piknaa ljube vo zatvor, bravo za makedonskata drzava |
| GOCE, 09.02.2012 13:48:43 | IZDRZI BRATCE USTE MALKU NIE S,ME SO TEBE TI SI SO NAS ZAEDNO KE JA PADNIME OVA DIKTATURA NA GRUJO I FAMILIJATA IDNINATA NA MAKEDONIJA KE BIDE VO TVOITE RACE SAMO NAPRED GOSPOD KE TI POMOZI TEBE A TI NAS ZA DA NE SPASIS OD OVIE ARAMISTA DIKTATORI UBIJCI BIDI ZDRAV I ZIV BRATCE
|
| MAKEDONKA, 09.02.2012 15:16:43 | E koga ke procitam deka nekoi praznoglavi ke napisat deka Ljube go namestil Johan, mislat deka Hag e makedonskoto pravosudstvo i taka lesno mozes da go izigras ili namestis nekoj ili imaat bubacki vo glavata pa nemozat sami logicki da razmisuvaat.A pak koga ke procitam deka e predavnik zosto Makedonija t.e vmro dpmne go izvadile a on se svrtel protiv niv upotrebuvajki ja narodnata rani kuce da te lae.Alooo ne plakaaa od dzepovi nivni vladejackata struktura na vmro dpmne,nitu nivna zasluga e toa sto go oslobodi Hag a dolznost na bilo koja vlada vo toj moment ke bese da zastane na strana na mak.braniteli i da ne se udiraat vo gradi.A Ljube ne go predade mak narod, toa e vazno a ne dali predal nekoja vladeecka struktura tuku proba da go zastiti probuvajki da im gi otvori ocite na mak.gragini pred ciij nos sekojdnevno se gubat ogromni pari preku namesteni tenderi,gradezni proekti i.i.i Samo vie prodolzete da pasete trava |
| Трубадур, 09.02.2012 16:19:45 | Брат Љубе, ти го ,,скрои,, власта по нивна мера. Не им одговараше по многу прашања и ете си таму кај што најмалку си заслужил да бидеш.Ти давам поддршка да издржиш...а попатно и еден совет- подготвувај нови простории за некои кои се сега на власт. Мислам дека треба свежо да се префарбаат, нова постелина, врати и прозорци што дихтуваат. Во некој период што следи ,,таму,, ќе има голема навалица. ПОЗДРАВ човеку! |
| toni 9.2.2012., 09.02.2012 18:14:06 | goce bravo ti mislis dekaje taka ti kako ke kazes. |
| ОО-ИЛИНДЕН, 09.02.2012 19:39:19 | Брату Љубе издржи, знаеме не ти е лесно, но паврдината е како СОНЦЕ, набргу и тебе ќе те огрее и на сите ДУШМАНИ ќе им докажеме дека не се во право. ОО-ИЛИНДЕН.
|
| Riste London, 09.02.2012 21:22:57 | Brat Ljube poslednite 10 godini od svojot zivot I gi podari Na Makedonija,sto vo vojnatata vo 2001 kade sto bese so nas Na prvite borbeni redovi sto po belosvetskite i makedonskite zatvori.Ne im se izraduva Na svoite tri deca iako Za niv bese najpotreben.Iakogo obvinuvaat(deka se zbogatil preku politikata)toj Za da mora da gi podmiri osnovnite potrebi Na semejstvoto,toj go prodava nasledstvoto od tatkomu(nivata koja toj ja primremase da podigne lozov nasad)..,jas sum zgrozen od nekoj prethodni komentari.SLOBODA ZA BRAT LJUBE. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -6°C
Облачно
|
Понеделник
Снег
Макс: -2°C, Мин: -9°C
|
Вторник
Слаби снежни врнежи
Макс: -1°C, Мин: -9°C
|
|
|
|
|
|