Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
12.02.2012, 10:40
Витни Хјустон пронајдена мртва во хотелска соба



Причината за смртта се е уште е непозната, но добро е познато дека дрогата алкохолот и лековите ја уништуваа последниве години

Пејачката со ангелски глас, Витни Хјустон (48), починала на четвртиот кат на хотелот Хилтон Беверли. Причината за смртта се е уште е непозната, но добро е познато дека дрогата алкохолот и лековите ја уништуваа последниве години.

Безживотното тело на Витни Хјустон е пронајдено во саботата вечерта (11 февруари) во хотелска соба. Причината за смртта за сега не е позната, како ни околностите под кои пејачката и актерка починала. Полицијата ја повикала хотелското обезбедување, Музичката дива отседнала во хотелот, за да присуствува на доделувањето на наградите Греми. На тој голем спектакл, што треба да се одржи вечерва, а на кое и самата освоила награда, требаше да и биде одадена почест. Во сеќавање на Витни Хјустон ќе пее Џенифер Хадсон.

Сведоците велат дека покојната пејачка вежбала за својот настап од четвртокот. Изгледала многу исцрпено и речиси изгубени, а од здивот и се чувствувале мирис на алкохол и цигари.

Додека се чекаат резултатите од обдукцијата, војска на обожаватели ќе жали во уметницата, која ја "тресеше" американската музичка сцена повеќе од една деценија. Имаше 11 сингла на врвот на Билбордовата топ листа, а во кариерата продаде повеќе од 155 милиони плочи! Хитовите како "I Wanna Dance With Somebody", "Saving All My Love for You" или "I Will Always Love You",што ја отпеа во филмот "Телохранител", каде глумеше со Кевин Костнер во 1994 година, направија од Витни една од најблескавите ѕвезди на светската музичка сцена.

Имаше уште неколку филмски улоги, многу музички успеси, но и повеќе животни одлуки. Бурниот брак со Боби Браун, не и помогна во борбата со зависностите од дрогите.



Статијата е прочитана 3820 пати.

Испрати коментар



(ФОТО) Адел апсолутна победничка со шест грамофончиња
Аутопсијата откри вода во белите дробови на Витни Хјустон
Комичната опера „Рита“ повторно ќе заживее во МОБ
„Уметникoт“ ја доби наградата БАФТА за најдобар филм



Alek, 12.02.2012 13:31:38
Bog da ja prosti! Vechna i slava.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Време
Скопје, -11°C

Магла

Вторник
Слаби снежни врнежи
Макс: -1°C, Мин: -11°C

Среда
Слаби снежни врнежи
Макс: 0°C, Мин: -8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |