12.02.2012, 18:53 Мислења
Ich bin ein Mazedonier
Ивор Мицковски
Македонија отсекогаш имала проблеми, но вака поделена никогаш толку ниско не котирала во Европа
Посетата на Груевски во Германија ме натера да направам една непристојна аналогија со историската порака на Џон Ф. Кенеди од 1963 година во Берлин – „Јас сум Берлинец!“ Берлин во 1963 година е веќе поделен град, како што Германија е поделена држава. Но, пораката на Кенеди е обединувачка и охрабрувачка и иако американскиот претседател јасно избира страна, тој ја избира вистинската страна, нешто што 26 години подоцна ќе се покаже како исправно и точно.
Затоа, повеќе од аналогија, зборовите на Кенеди ми служат како контрапункт, како антипод на се она што денес го претставува и порачува нашиот премиер. Неговата порака за тоа што е Македонија и што е Македонецот е сосема спротивно на она во што јас и голем број други Македонци веруваат. Пораката која Груевски во континуитет ја испраќа, нешто што го повтори и во својата колумна за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, е една здодевна и стопати искажана жалопојка која ние Македонците можеме да ја повторуваме и во наредните 50 години без каков било резултат.
Нашиот премиер продолжува сопствената земја и народ да ги прикажува единствено како жртви, да ја користи виктимизацијата и неправдата во светот како аргумент за напредок. Тоа е само продолжување на неговиот популизам кој одамна веќе не функционира надвор од македонските граници. Груевски повеќе пати ни даде погрдни епитети, дека сме заложници, дека сме копилиња кои никој не ги сака. Во суштина, ние сме заложници единствено на неговиот искривен национализам и автократија. На тој начин тој само ја признава поделеноста која самиот ја создаде во земјата.
Јас не сум мегаломан како Груевски и не сакам туѓите зборови само да ги преџвакувам. Тој во својата колумна ги споменува Брехт и Кафка, се повикува на Бизмарк и на Аденауер без каков било однос кон контекстот, без најмала обѕирност кон реалноста и вистината.
Затоа, јас го цитирам Кенеди од сосема други мотиви. Како Берлин и Германија во 1963 година, така и Макед��нија во 2012 и во последните шест години е поделена земја. Тука немаме ѕидови од цемент и бодливи жици, но менталните бариери не се ништо помалку значајни од оние во поделена Германија. Како што за цело време на студената војна „островот“ Берлин е градот маченик, но и градот авангардата кој мора да се ослободи од советската блокада, така денес Македонија е блокирана од популизмот и национализмот на Груевски, од партизацијата и корупцијата на секое поле, од загрозеноста на слободите и правдата, од поделбите на секоја можна основа, идентитетска, етничка, религиска. Македонија денес е еден нов, огромен, поделен Берлин на 21 век. Груевски е ѕидот на поделбата кој треба што побрзо да се урне.
Затоа, чекам да се врати моментот кога овој народ и оваа земја повторно обединето ќе можат да извикаат „Ich bin ein Mazedonier!“.
Сакам тоа да може да се каже без притоа во свеста и во потсвеста на овој народ да работат сите вештачки поделби кои власта на Груевски ни ги натовари во последните 6 години. Не сакам ниту еден граѓанин на оваа земја повеќе да има конфузија дали е антички Македонец или е Словен, никој повеќе да не си поигрува со неговиот идентитет. Дали е некаква супериорна раса или е граѓанин космополит кој живее во едно функционално мултиетничко и мултирелигиозно општество. Дали е партиски обоен, дали е само шетач од една опција во друга, сакам народ кој единствен во својата свест и својот идентитет. Не сакам ниту повеќе да гледам како соседите не' исмејуваат и презираат заради лудилото на една мала група криминалци. Станавме предмет за потсмев од Бугарија до Хрватска, од Кина до Америка.
Притоа треба да ни биде јасно, тоа немаше никогаш да го имаме со оној кој што тие поделби секојдневно ги проширува и ги надградува. Со тој којшто сопствениот народ е подготвен да го минимизира, да го смести во „каков-таков народ“ или да го жртвува кога за евтини политички поени одлучува да го наруши неговиот соживот и мир. Груевски мене одамна не ме претставува, а не ги претставува ниту Македонците како целост. Тој претставува само една искривена идеологија која служи да ги покрие криминалните однесувања на една тесна група луѓе.
Не разбираме или не сакаме да разбереме, дека Македонија отсекогаш имала проблеми, но дека никогаш не била вака поделена, никогаш вака ниско не котирала во регионот и пошироко. Македонија беше мала, но симпатична земја, земја која имаше своја посебност, своја морална супериорност. Денес, сме мала и арогантна земја, која си дозволува постојано да бара виновници надвор од себе. Точно е дека спорот со Грција не' кочи и преставува пречка за напредок. Точно е и дека Грција се спротивставува на нашето суверено право да се именуваме како што сакаме. Но, да не се лажеме, Грција и нејзините злоупотреби денес не се најголемиот проблем за Македонија.
Зарем Грција е виновна што Македонија денес е шампион во мизерија, во сиромаштија и невработеност? Или ќе дозволуваме како народ и понатаму реалноста да ни ја замачкуваат со статуи и мермери, со триумфални порти под кои маршира армија на сиромашни. Или пак да ни продаваат лажен патриотизам кој само не' уназадува. Кој е виновен што Македонија денес не ги исполнува Копенхашките критериуми, што секоја релевантна институција ни укажува за притисоците во судството, за партизацијата во администрацијата, за корупцијата и криминалот кои сите го гледаат како брутално се спроведува и се толерира? Никој освен нашата власт не е виновен, како што власта е виновна и за антиквизацијата, за поделбите, за лошиот глас којшто не бие во меѓународната јавност. Никој друг освен власта не е повеќе виновен што не сме демократија, што слободата и правдата се погазени, што сме изолирани од светот и се повеќе стануваме непријатели самите на себеси.
Не се сомневам дека на посетата кај Меркел, Груевски ќе се обиде да ја испреврти реалноста, пак да нагласи како сме жртви на заговори и на непринципиелности. Ќе бара од Меркел да ургира кај Пападимос или, пак, ќе се обиде да испука некаков друг ПР балон што ќе трае три дена и толку. Поентата е сосема друга, дека токму тој што ни ги подига ѕидовите дома и низ светот, бара од светот да замижи пред реалноста.
Груевски е индиферентен пред оние кои ги има поделено по секоја можна основа, не му е воопшто гајле за сите оние кои ги има ставено на страна, а тоа се најчесто оние најсиромашните или оние кои слепо веруваат во него.
Кога јас велам – јас сум Македонец, мислам на сите, сакам сите да се чувствуваме како здрав колективитет, како здрава целина, а во исто време да ги почитуваме посебните права, слободи и потреби, културните, јазичните, религиозните, идентитетски посебности на секој етникум во Македонија. Затоа што тоа е вистинскиот Македонец, обединет во бројните различности, свој пред сличните и различните, горд како граѓанин на една земја која би напредувала и би станала дел од уште поголемо братство на народи.
(Авторот е аналитичар од СДСМ) |
|
Статијата е прочитана 2256 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Predavnik, 13.02.2012 00:21:22 | Se mi se chini deka patriotite tebe ce te urnat. Ne znam ova ,,analitichar od SDSM,, e prkos ili zashtita, no prichuvaj se. Ni SDSM, ni EU, ni NATO so seta vojska nema da te spasat. Opasni se, ostvaruvaat! |
| Hari, 13.02.2012 00:22:43 | Sto bara kaj Merkelica koga ne gi ispolnuvame uslovite od Kopenhagen??? Misli deka ke ja ubedi deka edinstveno sporot so imeto e precka??? Toa kaj Merkel ne pominuva. Dodeka ne raskrstime so nacionalizmot i Mekedonija povtorno ne stane demokratska nema EU. Korupcija imase kaj site dosegasno Vladi no edinstveno ovaa doktorira na korupcija i edinstveno ona ja unisti demokratijata. |
| deko, 13.02.2012 00:51:28 | Ti se cudam za se tebe ti e kriv Gruevski,ako vrne sneg,ako paga dozd,ako ima premnogu sonce,ako e inatliv Gruevski i ne go menuva imeto i identitetot,itn.itn.Sreka nasa sto go imame Brane koga ke dojde na vlast,ke go kontrolira vremeto,ke go smeni imeto i identitetot,ke ne vraboti site sto on ne izbrka od rabota,ke bideme srekni i bogati vlezeni vo EU I NATO no ima eden problem toj naucnofantasticen film se uste ne e snimen.Ti ne ubeduvas deka volkot sto gi kolel ovcite do vcera utre nema da gi kole demek naravot mu e smenet.Tie 300000iljadi ovci sto gi izbrkaa od rabota ne veruvam deka mu veruvaat na volkot. |
| dedo dimo, 13.02.2012 04:00:20 | Aftorot izgleda zivee na druga planeta .Makedoncite da se podelen narod .So vekovi vo Makedonija imalo predavnici i sve ushte i denes eve se glda deka imame Doshle Bugarite vo Makedonija i zalniot Makedonski narod pod pritisok moraleda se javuvaat Bugari .Tie zaminale eve Srbite doshle pak istata pesna pod pritisok ili za nekoja rabotichka pa postanuvale Srbi ,Za vremeto na Jugoslavija Makedoncite bea najgolemite Jugosloveni A sega iako ne sne vo EU se pravime najgolemite EVROPJANI pa duri i Angliski go pretvorame vo Makedonskiot Jazik. Nie sne Prodaen narod .Ponizen narod . Nepriznat narod .A dali nekoj se prashuva zoshto e taka a i aftorot na ovaa statija .Odgovor moj e AKO SAMI NE SE PRIZNAVAME KOJ SNE I SHTO SNE KOJ SAKATE DA NE PRIZNAE.NIE SNE SRAM ZA CHOVECHKATA RASA NA SVETOV . |
| oki, 13.02.2012 04:58:37 | Go pocnav tekstot da go citam ubavo no nekade na pola prestanav i pocnav komentari da citam.....momce makedonsko koga ce zavrsis so rabota i izlezes na ulica razvrti se malce pogledni i zasramise ,digni glava pa potsetise kaj si sto si taka otvoreno .... |
| pameten, 13.02.2012 07:42:26 | Кога јас велам – јас сум Македонец... сакам ... да ги почитуваме посебните права, слободи и потреби, културните, јазичните, религиозните, идентитетски посебности на секој етникум во Македонија. Ovo Ivore bile idealite na Goce Delchev.... i na Vancho Mihajlov. Za zhal ili za srekja mnozinskoto maselenie evoluirale vo poseben Makedonski narod, so poseben jazik, so iskluchok na tie koi shto se pripoile ile preselile vo Bugaarija i ostanale Bugari ( i mal broj vo R. Makedonija, Grcija i Albanija). Ovo e normalen proces. Vo istoto vreme se sozdale i drugi narodi (Avstraliskiot). Problemot doagja od falsifikacijata na istorijata i zhelbata da se dokazhe deka Makedonskiot etnikum postoel so vekovi - kako Slovenski ili Antichki. |
| Do DEKO, 13.02.2012 08:09:18 | Deko a za tebe VMRO i GRUJO koj e kriv aj kazi 6 g trubite edno ime i edna partija drugo nisto ne rabotite vo recnikot imate samo 5 zbora Branko e kriv 20 go nisto ne se rabotelo a od tie 20 g 12 VMRO e na vlast a 10 licno Gruevski site vo poslednite 14g. |
| cvete, 13.02.2012 08:28:30 | ako za tebe pismoto na Gruevki e sto pati iskazana zalopojka, isto takva e i tvojata kolumna, koja e postojano prepovtoruvanje na edno isto.Sto pati povtorenata laga, rekol Gelbels, stanuva vistina. Inaku, ova so ich bin, podseka na onie parolijas sumZaev, Jas sum Ilievski, jas sum a1 televizija bla blaaablaa. Grujo neka mu ja povtoruva na svetot nasata vistina za Makedonija. |
| Nikola, 13.02.2012 08:34:17 | Prekrasno! Gruevski ne ponizi! Napravi da treba pri sekoja sredba so stranci da objasnuvame koi sme i sto sme? A znaeja deka sme se priklucile kon Evropa uste od hristinizacijata vo 9-ti vek, deka sme zacuvale identitet i pokraj 5 veka turska vlast, deka sme del od antifashistickiot otpor, deka izgradivme patishta, energetika, fabriki, ucilishta, fakulteti, MANU, kulturni ustanovi, bolnici za vreme od 40 godini, deka so mudra politika izbegnavme vojni, deka nadminavme blokadi i snakcii i pokraj samo 8-te miliona dolari devizni rezervi, deka stanavme kandidat za EU.. i se gordeevme so toa. I seto toa, Gruevski go frli pod noze! |
| до Ивор, 13.02.2012 08:37:37 | Е па Иворе,работата е во тоа што многумина во Македонија веруваат дека маните на Груевски се доблести,дека неговата погрешната политика е мудра политика и дека начинот на владеењето на Груевски како диктатор е тоа што ја спасува Македонија од внатрешните и надворешните непријатели.Покрај тоа,партијата на Груевски го носи „славното“име-ВМРО и на народот му ја кажа „вистината“за неговото потекло од Александар Велики.Кога народот ќе ја разбере вистината,ќе свати кој е негов ВИСТИНСКИ непријател и предавник на Македонија и дека на Македонија не и` требаат лавови и триумфални порти,туку болници,школи,патишта... |
| miki, 13.02.2012 08:52:21 | deko mori, deko, nema da docekame Brane da dojde, ovoj tvoj ovcar ke ne odnese pusta planina, snegovi ke ne zaveat! |
| B. Betinski, 13.02.2012 09:18:48 | Koga velite deka segasnata vlast praktikuva nekoj „iskriven nacionalizam“ koj, kako verso-nacionalizam bi bil opacina na liceto recto-nacionalizam („ispraven nacionalizam“), jas mislam deka zaboravate deka i ednoto i drugoto se rodeni brakja, a ne nekoi dalecni bratucedi. Dokaz za toa e sto mnogu dobro, vo toj „iskriven nacionalizam“, funkcioniraat socijalstite na Lj. I. Dzingo, iako mnogu tesko se vari (od logicka gledna tocka) kombinacijata „socijalisticki kapitalist“, odnosno „kapitalisticki socijalist“. Ako, makar malku drzi voda taa teorija, togas ne bi trebalo, duri i na indirekten nacin, da se amnestiraat od odgovornost drugite praktikanti na vlasta (Dzingo, Ahmeti na pr.) kako nekoj vid recto-alternativa na verso-nacionalizmot. Kako i da e, ne samo sto se e podeleno nadvor (vo drzavata) tuku i vnatre, vo vrvot na vlasta. Zvuci sasavo, a sepak funkcionira kako onoj slaven kosmodisk na Gj. Ivanov. |
| milan, 13.02.2012 09:20:18 | Malku luge imaat hrabrost vaka da ja iznesat vistinata na videlina.A deko ke se svesti koga ke ostane bez drzava.Se dodeka ima takvi kako deko Grujo ne treba da brine za svojata idnina. |
| Mudrec, 13.02.2012 09:43:57 | Gi znaeme Makedoncite po terkot na SDS -narod so svitkana kicma koj na site im odi po kejfot bez da vodi smetka za sopstvenite interesi. Gruevski go smeni toa i jas licno sum mu blagodaren sto go razbudi Makedonskiot nacionalizam koj bese namerno potisnuvan od vasata partija. Dodeka ne sfatite deka ako sakate vlast ne smeete da gi gazite nacionalnite cuvstva na Makedonecot, ke si ostanete isfrustrirani gubitnici. |
| Иван Спировски, 13.02.2012 09:55:07 | До Deko: Драги Deko! Сакам да ти кажам дека текстот од колумнава воопшто не ме потикна да коментирам, туку ме потикна твојот коментар. Порано коментарите како овој, твојов ме разбеснуваа, но, еве сега веќе не е така. Коментариве како твојот, кај мене сега предизвикуваа само сожалување кон оние што ги пишуваат, кога гледам на што се се принудени апологетите и зилотите на режимот. И, за што, и за колку, и до кога? Вие, едноставно се обидувате да браните нешто, што не се одбранува. Зошто, сите работи си имаат рок на траење. А, за Б.Ц., како што милувате Вие да го нарекувате Бранко Црвенковски, самите сте криви. Напаѓајќи го и плукајќи го постојано, направивте икона од него, и се повеќе очи се вртат кон таа икона. Запомнете, тркалото на историјата не се враќа, работите се менуваат и утре ништо не може да биде исто како вчера, дури и да сакаме тоа да биде така, едноставно, тоа е историска закономерност. Поздрав, Deko! |
| девичанецот, 13.02.2012 09:56:15 | Иворе,
Груевски можеби не те претставува тебе, ама и ти изгледа не би можел да се претставиш себе си.
Со олку набиена негативна енергија, ти се црно гледаш во својата земја. Дури тврдиш дека и во Грција, се живее подобро отколку во Македонија...А пак во ЕУ и НАТО, демек тамо само мед и млеко тече, а работниците по два дена работат а седум се на викенд.
Од ваков аналитичар, само слеп апологет на пензионерот Б.Ц можеш да постанеш. |
| Do Deko, 13.02.2012 10:17:53 | Kazuvas deka Volkot ima tovar od 300 000 lugje, a molcis kolkav e brojot na onie sto ostanaa bez rabota kako rezultat na potpisite na tvojot Vozd so OKTA, Fesal................i se prasuvas li koj e pogolem tranziciski politicar???, i dali tie sto privatiziraa vo Brankovo vreme kade se sega i vo koja partija se, Zingo, Stojmenov???? Za tvoeto razmisluvanje mozam samo da ti izrazam dlaboko socuvstvo..... |
| begalec vo usa do deko, 13.02.2012 10:33:00 | gospodine,prijatele,drugarce Deko..ne znam kako da te narecam no mislam deka ke me razberes,dojdov vo usa pred dve godini a isto i stotici drugi studenti sto znam go imaat napraveno istoto i ostanati bez roditeli bez familija da se snaojgame za podobra idnina za podobar zivot,glasav za VMRO i cela moja familija, obejkanjata bea golemi ali se dodeka go dades svojot glas,so ova ne kazuvam deka sdsm e ili bila podobra partija,no vo poslednive 5-6 gd sto se slucuva kaj nas nikogas ne bilo,mozebi ,,volkot,,sto go narekuvas ispustil 300.000 no denesniot ne se narekuva ni ,,volk,,zatoa sto i toa bi bilo komplement za nego,dali ti znaes kolku se sega ispusteni ne samo rabotnici vo makedonija nego i mladi deca ,,sinovi i kerki,,od racete na svoite roditeli sami da se snaojgaat po svetot....pozdrav |
| jovan, 13.02.2012 10:42:48 | Makedonija nikogas ne bila obedineta. Nitu teritorjalno , nitu politicki. Nitu vo minatoto, nitu vo vremeto na SDSM, najmalku pa denes. Kako trgnalo, vo idnina moze da bide uste poloso. Do sega krivi za vnatresnata podelenost ni bea takanarecenite srbomani, ili prosrpskite strukturi ovde. Sega dodatno ovde se zasileni i bugarskite strukturi, koj se se posilni i posilni, a bogami i poagresivni. Ubavo bi bilo veke ednas da bideme obedineti i da rascistime so onie nekolkumina koj veke 20 godini ne tormozat i unistuvat od vnatre, i site zaedno, obedineti da ja izvikneme onaa optimistickata na Kenedi, no kako stojat rabotive, po prikladna bi bila onaa na onoj neslavniot sizik od sever. Malo morgen, deka ke bide taka. |
| Mark, 13.02.2012 13:27:15 | Veke utre Cobanot ke se prepotuva vo Berlin, zatoa dekovci, devicanci, felixi galamat li galamat?!? Se blizi bratcinja raspletot i toj ne ke e simpaticen za vas, vi teknuva? Ama ke bide dobar za Makedonija i narodot sto ovde zivee, a toa e edinstveno vazno, neli? |
| Goce USA, 13.02.2012 13:38:47 | Do takvite kako Deko i Dedo Dimo:
Voopshto ne e problem ako ova sto go pisuvate e po partiska zadaca ili naredba.
Ama ako po nekoj slucaj go pisuvate vistinskoto vase razmisluvanje - togas stvarno vi e potrebna strucna pomos... |
| кен, 13.02.2012 13:59:34 | Споредбата со Кенеди и Берлин нема врска НИКАКВА! Кенеди не одбра страна, туку со изјавата пренесе дека ке го брани западен Берлин!! Па прочитај малку... |
| davor, 13.02.2012 16:21:19 | Vo edno si vo pravo, Makedonija e podelena na tri dela (kako sto bese i Germanija) |
| time, 13.02.2012 18:49:20 | do devicanecot---abe si bil li vo Solun da vidis kako se zivee --jas odam i gledam se jade, se pie , edno kafe 3 evra a site po kafani--kade e taa kriza ne znam--kazinata nasi polni so grci--ocigledno ne znaes Grcija na koja strana e a ne kako se zivee |
| goran, 13.02.2012 18:59:00 | ma nemojjjjjjjjj!!!!!!
da imase pravo ti, i komentatorite od bihacka, sega nemase da ste tamu kade sto ste!!! zatoa sto kaza narodot pred samo 6 meseci KOJ E VO PRAVO!
p.s. nemas pravo da zboruvas vo moe ime, zatoa sto ne sum ti odobril da me zastapuvas mene. zatoa sledniot pat napisi: cela makedonija, - (minus) eden! toa sum jas! |
| Od bankrut malce mito mal kuver, 13.02.2012 20:40:41 | Stvarno ivore si vo pravo deka Makedoncite se podeleni na Patrioti i predavnici bc skoro uspea da ne unisti ali Grujo brzo svati i go stopira vie site tova go znaete ali ne sakte da svatite i koga ke svatite kasno ke vi bide dali sija slusnal pogovorkata koj kopa grob toj sam paga vo nego isto e i so vasite brajka od jug................ |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -11°C
Магла
|
Вторник
Слаби снежни врнежи
Макс: -1°C, Мин: -11°C
|
Среда
Слаби снежни врнежи
Макс: 0°C, Мин: -8°C
|
|
|
|
|
|