Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
10.02.2012, 20:44
Дожд од министерски оставки во Грција



На секои пет минути паѓаат нови оставки од министри и заменици поради нивното несогласување со новиот пакет мерки за штедење кои ЕУ ги бара од Грција

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ


Атина - Грција ја зафати бура од министерски оставки. На секои пет минути паѓаат нови оставки од министри и заменици поради нивното несогласување со новиот пакет мерки за штедење кои ЕУ ги бара од Грција за да и биде одобрен новиот заем од 130 милијарди евра и кратење на дел од државниот долг. ЛАОС експресно си замина од владата преку оставките на министерот за транспорт и врски Макис Воридис и тројцата заменици министри Адонис Георгиадис, Астериос Рондулис и Јоргос Георгиу. Двајца од нив, Воридис и Георгиадис и покрај оставките потенцирале дека ќе продолжат да ја поддржуваат владата и ќе гласаат за новиот пакет мерки за штедење неопходни за новиот заем за Грција. Оставка поднесе и заменик министерката за надворешни работи, Марилиза Ксенојанакопулу од ПАСОК, а вчера од владата се повлече и нејзиниот сопартиец и заменик министер за труд и социјална политика Јанис Куцуку.

Неизвесно е дали Грција ја очекува нова реконструкција на грчката влада, која би била трета во рок од половина година или пак ќе има мало преместување и именување на нови лица во владата. Во моментов има обраќање на грчкиот министер и седница на грчката влада на која покрај новиот пакет мерки ќе биде дискутирана и иднината на владата и можноста за реконструкција. Првичните информации од премиерскиот кабинет се дека во владата нема место за оние кои нема да гласаат за мерките, како и дека доколку дојде до реконструкција или измени во владата тоа ќе следи по гласањето на пакетот мерки во собранието, кое е закажано за в недела. Во ек на ваквите случувања министерот за инфраструктура Димитрис Репас побара реконструкција на владата, а грчките медиуми пренесуваат дека владиниот потпарол Пантелис Капсис за "Гардијан" изјавил дека доколку ЛАОС како дел од владата не го поддржат гласањето на мерките логично би било да има реконструкција.

Бранот оставки следи откако вчера Грција наместо зелено светло за новиот заем доби нови услови кои мора да ги исполни до состанокот на еврогрупата во среда. Грчката влада треба да обезбеди изгласување на договорот за новите мерки во собранието, да најде начин за да се осигураат 325 милиони евра од мерки за штедење во 2012 за да се заокружи договорот и најглавно од се тројцата лидери на партиите од преоднатта влада да дадат гаранција дека ќе се спроведат целосно договорените мерки од оваа нова програма за штедење и по парламентарните избори Уште при самото договарање на новите мерки во редовите на ПАСОК и Нова демократија имаше негативни реакции, а ЛАОС застанаа целосно против новите мерки. Лидерот на ЛАОС, Јоргос Караџаферис денес на конференцијата за печатот истакна дека неговата партијанема да гласа за новиот пакет и постави нови услови контра притисоците и крајните рокови кои ЕУ и ги поставува на Грција. Потенцираше дека нема сам да ги повлече министрите од владата, туку дека тие тоа ќе го сторат ако од нив го побара премиерот Лукас Пападимос. Караџаферис предложи премиерот да направи реконструкција и да формира целосно технократска влада. Освен ЛАОС, незадоволство и непослушност кон партиите за гласање отворено покажаа пратеникот од ПАСОК, Христос Магуфис и независната Милена Апостолаки, кои најавија дека нема да гласа за новиот пакет, нивниот сопартиец Павлос Стасинос си даде оставка од партијата. Грчките медиуми шпекулираат дека до крајот на денот не е исклучено да си дадат оставки и други заменици и пратеници.

Лидерите на ЕУ вчера индиректно и посочија на грчката влада дека веќе немаат лесна доверба во неа преку изјави дека ниту една рата од новиот заем нема да и биде исплатена ако се утврди дека не се имплементираат новите мерки. Грчкиот министер за финансии, Евагелос Венизелос испрати порака дека грчките лидери до среда државата мора да донесе историска одлука за нејзината иднина во еврозоната.

Во Атина денес дојде до мали инциденти и судир на група маскирани момчиња со полицијата за време на протестот на работничките синдикати во центарот на градот. Денес и утре во Грција има целосен штрајк на работничките синдикати, државниот и приватниот сектор, во мирување е железничкиот и водниот сообраќај, а во Атина е во сообраќаен хаос поради целосна блокада на јавниот транспорт. Голем протест е закажан за в недела попладне пред грчкото собрание додека трае гласањето на новиот пакет мерки.






Статијата е прочитана 4329 пати.

Испрати коментар



Студената зима во Чешка однесе 23 животи
Хеликоптерска евакуација на патници од завеан воз во Црна Гора
Оли Рен го поздрави усвојувањето на договорот на Грција со ЕУ и ММФ
Се урна дел од покривот на пазарот во Прилеп, нема повредени
Уапсен Миле Хаџиски за убиство пред 19 години
Кралев - Секоја општина да одлучи дали ќе има настава
Во Косово ден на жалост
Средношколците ќе се едуцираат да препознаат и одбијат работа на црно
ВАЦ заминува од Балканот
Електроенергетска кризa, но засега без рестрикции
Грците го расчистуваат нередот од пожарите и немирите
Субвенции само за пазарно ориентираните млекопроизводители
Поскапуваат бензините, дизелот и мазутот
Европските потрошувачи остануваат песисмистички настроени
Грција ги очекува првите 30 милијарди евра до 5 март
На Попова Шапка два метра снег
Македонците во Австралија конечно признати како Македонци
Грчкиот парламент го одобри планот за штедење
Бесими ја откажа посетата на Косово поради временските непогоди
Интерпелацијата за министерката Јанкулоска пред пратениците
Владата го ограничи извозот на електрична енергија
Сообраќајот отежнат, откажани автобуски и железнички линии
Насилни инциденти во Атина
Сервер - Чикаго можност да се исправи неправдата кон Македонија од Букурешт
Во Гостивар фатен дилер на кокаин
„Анонимните“ го урнаа сајтот на Интерпол
Грчкиот Парламент треба да се изјасни по новиот договор со ЕУ и ММФ
Во ХЕЦ „Шпилје“ пронајден мртов електротехничар
Повеќе лавини на патот Маврово - Дебар
Евакуирани двајца завеани кај Маврово
Седуммина загинати при одрон на лавина во Косово



mustafa, 10.02.2012 23:54:02
Slatko e koga zemas kolku sakas i trosis kolku sakas a koga treba da vracas boli . Koga ste znaele da gi profuckate tolku miliardi € sega trpite i vracate inaku jazeto pa na gredi.
лудебит, 11.02.2012 17:21:11
До Мустафа. Кој мислиш твоите и моите долгови од2 и повеќе милијарди денари, но ме радува изјавата на мин. за финансии дека имало повеќе задолжени од нас. Ама никако да префрли преку јазик колкав е тој долг.
Daliborka, 12.02.2012 12:13:19
Ne gabe se veli dolzni kako Grcka bila i ke ostane dolzna taa Grcija a Evropa ne znam do koga ke im pomaga, Merkel preseci i kazi ednas NEEEEEEEEE za Grcija samo toa go mozes ti gospogo Merkel
od mene, 13.02.2012 00:46:23
Grcija sega neka gi napusti site tie stari lopovi neka dojdat novi da e dokrajcat.Kaj starive ministri se site dosegasni dolgovi na grcija sega novijov dolg ce bide za novite ministri a evropa neka ceka nekoi novi generacii da gi vracaat tie nivni dolgovi,i taka vecno ce bidat dolzni kako ,,GRCKA evropskijot narod neka raboti da rani aramii kako grcite.Taa grcija od kako postoela i postoi se ce ceka nekoj da e izdrzava.Pominaa tie vremina GR.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Време
Скопје, -11°C

Магла

Вторник
Слаби снежни врнежи
Макс: -1°C, Мин: -11°C

Среда
Слаби снежни врнежи
Макс: 0°C, Мин: -8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |