Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
12.02.2012, 12:12
Сервер: Чикаго можност да се исправи неправдата кон Македонија од Букурешт



Престојниот самит на НАТО во Чикаго е можност да се исправи неправдата што и беше нанесена на Македонија на самитот на Алијансата во Букурешт, оценува угледниот професор и член на Советот за трансатлантски односи Даниел Сервер во коментарот објавен на неговиот блог peacefare.net.

Според него, грчко-македонскиот спор за името е еден од најнеинтересните проблеми што произлегоа од распадот на поранешна Југославија. Тој во коментарот дава осврт на историјатот со проблемот по осамостојувањето на земјата во 1991 година.

Република Македонија, една од шесте републики кои ја сочинуваа Југославија прогласи независност во 1991 година. Но, Грција нејзиниот сосед на југ, се спротивстави на употребата на името „Македонија“, тврдејќи дека тоа ексклузивно и припаѓа на Грција и неговата употреба од страна на северниот сосед имплицира територијални претензии кон грчката територија. Новата независна држава влезе во ОН под името „Поранешна југословенска Република Македонија“ (The Former Yugoslav Repablic of Macedonia, а последен пат кога бев во посета на ОН земјата по азбучен редослед беше ставена под буквата Т на таблата за гласање во Генералното собрание), потсетува Сервер.

- Атина и Скопје потпишаа Времена спогодба во 1995 година, која требаше да помогне за регулирање на прашањето. Грција тврдеше дека Македонија ја прекршила спогодбата, наспроти одлуката на Меѓународниот суд на правдата од минатиот декември дека грчката страна е таа која дефинитивно ја прекршила со блокирањето на членството на ПЈРМ во НАТО на Самитот во Букурешт во 2008 година. Можност да се исправи оваа неправда дава самитот на НАТО што треба да се одржи во месец мај, во Чикаго, смета американскиот аналитичар.

Тој укажува на напорите за решавање на прашањето кои се одвиваат од почетокот на 1990-те години преку разговори под покровителство на Светската организација водени од медијаторот Метју Нимиц, адвокат од Њујорк. Според него, Македонија веќе постигна многу на планот за името, но спорот и натаму останува отворен и пречка за напредокот на земјата во евроатланстките интеграции.

- Речиси сите и се обраќаат на земјата под името кое Скопје го преферира, а многу земји вклучувајќи ги и САД формално ја признаа земјата под името „Република Македонија“. Грција не го стори тоа, но зошто некој би се грижел за тоа? Несреќниот одговор е дека Атина може да го блокира членството на Скопје во НАТО како и секој прогрес кон членство во ЕУ. Македонија веќе е кандидат за членство во ЕУ, но нема добиено датум за почеток на преговорите, што е важен чекор кој Атина го држи во заложништво. Членството во НАТО е исто така важно за Македонија, која се смета за дел од Западот и има распоредено свои трупи во Авганистан под команда на Алијансата, вели Сервер.

Според него, проблем за Македонија е ветото, а не името. Се додека постои волја за продолжување на напорите за решавање на проблемот со името, тој порачува оти би било мудро од Скопје да престане да тропа на вратата на Нимиц оваа пролет за решавање на проблемот што го има Атина, а не Скопје, туку директно да ми се обрати на Атина и да вложи сериозни напори да ги убеди властите во таа земја да и дозволат прием во НАТО под референцата ПЈРМ согласно Времената спогодба. Тоа е она што се бара и со одлуката на МСП, оценува Сервер.

Тој сугерира и дека власта во Скопје, исто така, треба да открие што е тоа што на Атина и треба, а што Македонија може да го обезбеди.

- Ако Владата не сака да зборува за прашањето за членство во НАТО, тогаш Македонија би требало да најде „тинтенк“ организации и академици во Грција кои би го сториле тоа, посочува угледниот американски аналитичар кој сугерира и обезбедување поддршка од заедниците на Македонците и Албанците во САД.

Грција е ранлива во моментов поради нејзината тешка финансиска ситуација, но никој во Брисел, ниту во Вашингтон не сака да „клоца“ по земјата кога е понижена. Заедницата на грчките американци е добро организирана и претставува значајно гласачко тело. Македонија поседува средство кое не може да го употреби, но треба да изнајде некој друг начин за да изврши притисок, кој е доволно атрактивен за Атина да ги отвори вратите на НАТО. Потоа можат да се вратат на нерешавање на спорот за името во ОН во следните 15 или повеќе години, време во кое сите ќе заборат зошто спорот бил важен, вели Сервер во коментарот за блогот peacefare.net. кој се фокусира на анализи, политики, институции и искуства кои треба да помогнат за одржување на светскиот мир, односно за превенција и решавање на насилни меѓународни конфликти.












Статијата е прочитана 841 пати.

Испрати коментар



Студената зима во Чешка однесе 23 животи
Хеликоптерска евакуација на патници од завеан воз во Црна Гора
Оли Рен го поздрави усвојувањето на договорот на Грција со ЕУ и ММФ
Се урна дел од покривот на пазарот во Прилеп, нема повредени
Уапсен Миле Хаџиски за убиство пред 19 години
Кралев - Секоја општина да одлучи дали ќе има настава
Во Косово ден на жалост
Средношколците ќе се едуцираат да препознаат и одбијат работа на црно
ВАЦ заминува од Балканот
Електроенергетска кризa, но засега без рестрикции
Грците го расчистуваат нередот од пожарите и немирите
Субвенции само за пазарно ориентираните млекопроизводители
Поскапуваат бензините, дизелот и мазутот
Европските потрошувачи остануваат песисмистички настроени
Грција ги очекува првите 30 милијарди евра до 5 март
На Попова Шапка два метра снег
Македонците во Австралија конечно признати како Македонци
Грчкиот парламент го одобри планот за штедење
Бесими ја откажа посетата на Косово поради временските непогоди
Интерпелацијата за министерката Јанкулоска пред пратениците
Владата го ограничи извозот на електрична енергија
Сообраќајот отежнат, откажани автобуски и железнички линии
Насилни инциденти во Атина
Во Гостивар фатен дилер на кокаин
„Анонимните“ го урнаа сајтот на Интерпол
Грчкиот Парламент треба да се изјасни по новиот договор со ЕУ и ММФ
Во ХЕЦ „Шпилје“ пронајден мртов електротехничар
Повеќе лавини на патот Маврово - Дебар
Евакуирани двајца завеани кај Маврово
Седуммина загинати при одрон на лавина во Косово
Дожд од министерски оставки во Грција



von kragh, 12.02.2012 13:58:52
Ubavo promisleno i kazano... No Server ne znae so kakvi cinici sme opkruzeni... Identitetot i jazikot se preckata... No denot si se blizi ne na Makedonska pobeda, tuku isteruvanje na vistinata na videlo... 100 god. Bukurest vreme e za pokloni da se delat, Golemiot im nosi suprise na slavenicite
pile, 12.02.2012 19:44:57
Go pozdravuvam naporot koj sto go vlozjuva i doprinosot koj sto go dava za nadminuvanje na sporot, profesorot so renome od SAD G-din Server.Da se ceka samitot na NATO Alijansata vo Cikago,bi rekol DA, no vo uslovi na realno i proevropsko odnesuvanje na Vladata vo R.Makedonija.NO, vo uslovi koga Makedonskiot gragjanin neznae dali e podnesena povtorna aplikacija za priem, ili koga Minister za kultura otvora manifestacija kade se spaluva znameto na sosedna Grcija,a do Samitot na NATO mozno e naslovnata strana na biltenot na Alijansata za mesec maj, da bide so sodrzjini od ,,Pirinska Makedonija za da R.Bugarija stavi veto,slicno kako na samitot vo Bukurest, cenam deka e utopija po nadezjita za priem na R.Makedonija.I, sekoj perspektivno Evropski opredelen politicar od R.Makedonija svojot sosed i iden sojuznik R.Grcija,ne bi trebalo da dozvoli na Samitot Grcija da se izjasnuva,,,dali ja podrzjuvate BJRM za priem vo NATO vrz osnova na VS od 1995 god.A EU netreba da oddi po patot na NATO

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Време
Скопје, -11°C

Магла

Вторник
Слаби снежни врнежи
Макс: -1°C, Мин: -11°C

Среда
Слаби снежни врнежи
Макс: 0°C, Мин: -8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |