Двајца вработени во Македонски пошти кои биле завеани на патот Дебар- Маврово се евакуирани од полициски службеници. Двајцата од македонски пошти биле завеани од снег во својот автомобил „мерцедес“ на патот Дебар- Маврово кај Стенички продавници.
Од Министерствотот за внатрешни работи информираат дека лицата се згрижени во полициска станица и ќе останат таму до расчистување на патот.