12.02.2012, 11:47 Во Гостивар фатен дилер на кокаин
Гостиварската полиција на дело го фатила А.М. (48) како дистрибуира кокаин. По приведувањето, истражен судија од Основен суд -Гостивар му определил мерка притвор од 30 денови.
Според СВР Тетово, кај осомничениот гостиварец, најдени се 16 паковки со вкупна тежина од 7,32 грами висококвалитетен кокаин. Тој претходно од засега непознато лице во населбата Малеарди, добил вкупно 35 паковки, кои требало да ги продаде, а заработката да ја поделат.
А.М. успеал да продаде половина, но при обид да ја продаде останатата дрога во близина на железничката станица, бил уапесен од полициски службеници, кои од претходно го следеле.
|