12.02.2012, 11:16 Во ХЕЦ „Шпилје“ пронајден мртов електротехничар
Извршен е увид од екипа на полицијата, лекар и овластен истражен судија. По првичниот увид на телото немало знаци на насилство, потврдуваат од полицијата.
Во електраната на ХЕЦ „Шпилје“, пронајден е мртов Назиф Пачуку (1952) вработен како електротехничар.
- Неговото безживотно тело, околу четири часот утрово го пронашол негов колега со кого биле во ноќната смена. Тој веднаш ги известил претпоставените, а тие Општата болница во Дебар и полицијата, изјавија од дебарската полиција.
Извршен е увид од екипа на полицијата, лекар и овластен истражен судија. По првичниот увид на телото немало знаци на насилство, потврдуваат од полицијата.
По наредба на истражниот судија телото е предадено на обдукција во болницата во Гостивар.
|