Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
09.02.2012, 12:47

Интегрирано образование за превенирање меѓуетнички тензии



Високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства, Кнут Волебек во обраќањето пред Комитетот за односи меѓу заедниците во македонското Собрание

Македонија, како млада демократија се соочува со низа предизвици. Земјата многу напредна по конфликтот од 2001 година, но серијата инциденти и случувањата во Струга потсетуваат оти меѓуетничките и религиски инциденти не припаѓаат само на минатото и доколку тие не се спречат може да го загрозат општеството, истакна високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства Кнут Волебек во обраќањето пред Комитетот за односи меѓу заедниците во македонското Собрание.

Тој ги поздрави заклучоците од минатонеделната седница на Комитетот во врска со овие инциденти дека навремено и конструктивно реагирал на ниво на својата задача, но забележа дека не се потребни настани како палење на знамиња и сквернавење верски објекти за да има дебата за вакви појави. Амбасадорот Волебек при тоа ги повика на реформи во образованието и воведување на интегрирано образование как�� најдобар начин за превенирање на тензии во мултиетничките општества.

- Треба да се преземат мерки во политиката, во подобувањето на законите, медиумите и во социјална интеграција. Образованието е високо релевантно во превенцијата од ескалирањето на инцидентите. Можев да видам зголемена тенденција во однос на сепарирањето по етничка линија, особено во постконфликтни општества. Сето ова може потенцијално да претставува закана по социјалната кохезија, оцени Волебек подвлекувајќи ја потребата од вклучување во овие процеси на сите етнички заедници во земјата.

Зијадин Сеља од ДПА оцени дека Комитетот за односи меѓу заедниците не ја врши својата улога, туку е инструмент во рацете на власта за спроведување на нејзините политики. Според него во земјата се влошени меѓуетничките односи, а власта малку работи на ова прашање, односно работи на нивно вжештување.

- ДПА од аспект на начинот на кој се наметнуваше од поранешниот министер е против интегрираното образование, рече Сеља посочувајќи на учењето македонски јазик за албанските ученици од прво оделение и со став дека македонската заедница е таа која треба да се ингтегрира.

И според Талат Џафери од ДУИ, албанската заедница нема потреба да се интегрира во општеството заради придонесот што го дала уште од 1903 во нејзиното градење. Тој како главен проблем го посочува различното концепциско гледање на Уставот кај албанската заедница и кај Македонците.

За Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ, Македонија од 2001 година постигна многу и е посветена на градење вистинско мултиетничко општество, кое се темели и на вкорената традиција на соживот. Според неа, Комитетот си ја врши својата задача во однос на неговите ингеренции, но одговорноста за односите меѓу заедниците имаат сите, политичарите, институциите, како и медиумите со начинот на известувањето. Укажа на потребата од проекти за младите.

- Не треба да се користат меѓуетничките односи за стекнување политички поени од сите партии. Најважно е сите заедно да ги зачуваме добрите меѓуетнички односи и да им ги оставиме во наследство на идните генерации, рече Бонева.

Оливер Спасовски пососчи оти кај СДСМ нема двоуменње околу стабилноста на државата која терба да ја изградиме како држава на сите граѓани. Според него, важно е најостро да се осудат сите инциденти кои поттикнуваат меѓунационална и меѓуверска нетрпеливост и сите, а пред се власта да ја преземе одговорноста.

- Сите релевантни фактори во РМ треба да имаат одговорност, пред се Владата, а тоа е без одлагање да се откријат сите оние кои ги поттикнале инцидентите. Со тоа ќе се создаде правна сигурност во држвата, рече Спасеновски.

Волебек денеска треба да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, како и со претставници на политички партии.









Статијата е прочитана 285 пати.

Испрати коментар



Дожд од министерски оставки во Грција
Бранителите од 2001 очекуваат Закон за нивните права
Јакимовски го критикува работењето на скопскиот градоначалник
Избрана новата Влада на БиХ
Уапсени пребеганите членови на „Земунскиот клан“
Зимата досега однесе 540 животи во Европа
Првиот уписен рок на универзитетите во јуни
Паралелни преговори со ЕУ и Грција, а веднаш членство во НАТО
Инциденти во Атина за време на денешните протести
Скопскиот градоначалник со отчет за сработеното
Измамници собираат донации за црква
Откажан дотурот на намирници во завеаните села
Баросо - Идната недела конечно решение за Еврозоната
Патниците на Малев ќе бидат обештетни, но не веднаш
Нов снежен бран ја зафати Хрватска
Ставрески - Во Скопје има станови на добри локации
ФБИ објави досие за основачот на „Епл“ Стив Џобс
Кривични за четворица екс-раководители во „Јака Табак“
Жена бомбаш-самоубиец загина во Истанбул
Давутоглу - На сирискиот народ итно му е потребна помош
Груевски во вторник ќе се сретне со Меркел
Грција до среда да одлучи дали останува во Еврозоната
Делови од Скопје утринава без парно
Опасност од голомразица на патиштата, предупредува АМСМ
Попоски - Грција ја блокира Македонија од митолошки причини
Хрватска ќе укинува празници за да ги намали трошоците на фирмите
Македонските адвокати ќе применуваат француски искуства
Волебек бара да се најдат запалувачите
Хеликоптерите носат храна и лекови до завеани села
Груевски - Грција одлучи да го прими Нимиц, но го кочи процесот на сите страни
Јанкулоска бара трпение за инцидентите во Струшко
Сарачини најави скорешно решение за Чебрен и Галиште
Невработените преку кредити до самовработување
Прага доби нова улица наречена „Македонска“
Дополнителни 127 учебници достапни на порталот e-ucebnici.mk
Балканот зафатен од екстремно ниски температури
Обама - Европа да се посвети на должничката криза
Тадиќ - Најсиромашните нема да платат струја за февруари
Студениот бран ќе трае до крајот на февруари
Јулија Тимошенко нема да биде ослободена од затвор
Македонија заслужува да биде полноправен член на НАТО
Нимиц на 20 и 21 февруари во Македонија
(ФОТО) Пожар кај скопска Стара рампа
Метрудхем очекува преку јавна дебата да се дојде до решение за Топилницата
Презентирана Националната програма за усвојување на правото на ЕУ
Македонски државјанин, прва жртва од студот во Косово
Претседателот Иванов се сретна со Жан Тод
Хеликоптери на АРМ ќе носат храна и лекови во завеаните села
ЕУ ја почна 2012 со дефицит од 11 милијарди евра
Наставата не се одвива во 44 општини во Македонија
Ограбен таксист во Скопје
Зимската служба со 16 возила го расчистува снегот
Кочанчанец загинал откако се лизнал на снегот
Кинеска роди бебе тешко седум килограми
Нападнат претседателот на Радовишкиот суд
Британски полицаец се бркал сам себе
Министерот Попоски во посета на Естонија
Во Скопје утринава почувствуван земјотрес
Претседателот Иванов ќе го прими претседателот на ФИА, Жан Тод
Сообраќајот отежнат, забрани за товарни возила на одредени правци
Мендух Тачи имал сообраќајка
(ФОТО) Снежното невреме отсече 80 села, во 28 општини прекината наставата
Црвенковски - Меѓуетничките тензии - сценарио на власта
Грција ја оградува границата кон Турција
Лани над 190 деца биле жртви на насилство
ЕУ против идејата на Бусек за поделба на Косово
Новинарите на Ројтерс штрајкуваат првпат по 25 години
Еврозоната без Грција нема да биде трагедија
По 300 евра надоместок за секој вграден сончев колектор
Каблите нема да ги прави „Мерцедес“
(ОБНОВЕНО) Откриен идентитетот на застреланиот маж во Карпош 4
Снегот ја прекина наставата во повеќе училишта во земјава
Шулц - Македонија во ЕУ, но на долг рок
Македонија под снег - отежнати сите видови сообраќај



Весна.С. од Прилеп, 09.02.2012 14:13:05
Кога Волебек некаде (читај Македонија) дојде ненајавено (каоко што криминалците,полицијата и слични на нив доаѓааат ненајавено)тоа значи дека нешто се готви-борба за човекови права.
bezanec, 09.02.2012 14:40:51
Македонија страда од такви како тебе,што го наметнавте јазикот на малцинствата.Зошто господа тие експирименти не си ги правете дома,па да видиме како вие тоа го правите и ние така да преземеме секакви санкции према прекршителите. Доста ни е од такви белосветски,денгубци,на трошок на сиромаштијата,да делете акл. Дајте ни пари само ќе си ги решиме проблемите. Ќе дадете грант ќе дојдете ќе ги потрошите и ќе си отидете,другото се е постаро.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -6°C

Слаби снежни врнежи

Сабота
Слаби снежни врнежи
Макс: 1°C, Мин: -3°C

Недела
Мешавина од дожд и снег
Макс: 2°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |