Украинскиот парламент вчера отфрли два нацрт-закона, чија цел била да и овозможат ослободување од затвор на поранешната премиерка Јулија Тимошенко.
Двата нацрт-закона предвидувале укинување на затворски казни за злоупотреба на власта, но за нив не гласало потребното мнозинство од пратениците.
Тимошенко е осудена во октомври минатата година на седум години затвор поради злоупотреба на функцијата.
Гласањето за нацрт-законите во Парламентот е одржано во момент додека полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски за време на посетата на Киев зборувал за „се поголемата недоверба“ на ЕУ кон Украина токму поради судењето на Тимошенко