09.02.2012, 13:36 Ал Пачино сака дете со 39 години помладата Лусила
Од првиот брак, Лусила има 14-годишна ќерка Камила, додека нејзиното 71-годишно момче од поранешните врски има три деца
„Би било убаво кога би имала уште едно дете и затоа Ал и јас размислуваме за поднова“, изјавила во интервју за магазинот „Хелоу“ 32-годишната Лусила Полак, девојка на Ал Пачино. Од првиот брак, Лусила има 14-годишна ќерка Камила, додека нејзиното 71-годишно момче од поранешните врски има три деца: 22-годишната ќерка Џули Мери, како и 12-годишните близнаци Антон Џејмс и Оливија Роз.
„Повторно би уживала во мајчинството. Жените од Аргентина се приврзани за домот и се добри мајки. Веројатно затоа толку им се допаѓаме на мажите“, вели Лусила. Таа додала дека во врската со актерот не ја чувствува разликата во годините, зашто Пачино е млад во срцето.
„Емоционално е многу млад и неговата дневна рутина е послична на ритамот на еден 40-годишник отколку на 80-годишник. И секако многу е секси, тоа никој не може да го порекне, зарем не?“, вели Полак.
|