09.02.2012, 11:43 Киа Рио - автомобил на годината во Македонија за 2012
Признанието за СУВ на годината во Македонија, кое се доделува прв пат, го доби СангЈонг Корандо
Киа Рио е избран за автомобил на 2012 година во Македонија. Признанието за СУВ на годината во Македонија, кое се доделува прв пат, го доби СангЈонг Корандо.
Изборот, што годинава се одржа по 17-ти пат, го изврши Национално жири составено од новинари од медиуми специализирани за автомобили и автомобилизам. Во изборот за автомобил на годината учествуваат сите нови модели кои се појавиле на македонскиот пазар меѓу двата избора, а во финалниот круг влегоа Цитроен Ц4, Ауди Ку3, Мерцедес Б, Хјундаи Елантра, Киа Рио, Шевролет Авео, СангЈонг Корандо, Тојота Јарис и Сузуки Свифт.
Главни критериуми за избор на автомобил на годината беа адекватноста и понудата на домашниот пазар, економичноста и еколошката прифатливост, безбедноста и примената на технолошките достигнувања, возните својства, дизајнот и комфорот и опременоста.
|