09.02.2012, 11:30 Босанка со помош на пластична операција стана Анџелина Џоли
Бесима Нешиќ својата опседнатост со познатата актерка ја доведе до екстремност, бидејќи се подложи на низа пластични операции за повеќе да наликува на неа
Додека трае расправата околу тоа дали новиот филм на Анџелина Џоли е добар или не, една Босанка својата опседнатост со познатата актерка ја доведе до екстремност, бидејќи се подложи на низа пластични операции за повеќе да наликува на неа.
Бесима Нешиќ од малото место Живинци покрај Тузла има 31 година. Се подложи на бројни пластични операции за да личи на Анџелина Џоли, а првпат „под нож“ отишла 19 години кога ги зголемила градите.
При гостувањето на една босанска телевизија Бесима рече дека 50 отсто природно изгледала како Анџелина, додека другите 50 проценти се заслуга на еден пластичен хирург од Сараево.
Бесима, која има осумгодишна ќерка, рече дека не планира да престане со операциите, но не сакаше да открие кои точно зафати ги имала на своето лице.
Освен тоа, на рамото на десната рака има иста тетоважа како славната Анџелина.
|