09.02.2012, 13:41 Мајами немоќен против тројките на Орландо
Сан Антонио предводен од Тони Паркер со 37 поени и осум асистенции стигна до гостинска победа над Филаделфија од 100-90
Екипата на Мајами ја прекина серијата од три едноподруго победи во НБА лигата, откако на синоќешниот дуел загуби од Орландо со 102-89.
„Магичните“ постигнаа дури 17 тројки и до триумфот стигнаа благодарение на одличната игра на Двајт Хауард кој забележа 25 поени и неверојатни 24 скока, како и на Рајан Андерсон со 27 поени и 11 скока. Најпрецизни во поразениот тим беа Двејн Вејд со 33 поени и Леброн Џејмс кој беше стрелец на 17 поени.
Сан Антонио предводен од Тони Паркер со 37 поени и осум асистенции стигна до гостинска победа над Филаделфија од 100-90, додека Њујорк и без повредениот Ентони, како и без Стадемаер, кој отсуствува заради смртта на својот брат, на гостински терен славеше против Вашингтон од 107-93. Џереми Лин повторно беше одличен постигнувајќи сега 23 поени.
Резултати: Торонто - Милвоки 99:105, Вашингтон - Њујорк 93:107, Филаделфија - Сан Антонио 90:100, Орландо - Мајами 102:89, Њу Џерси - Детроит 92:99, Њу Орлеанс - Чикаго 67:90, Кливленд - ЛА Клиперс 99:92, Атланта - Индијана 97:87, Мемфис - Минесота 85:80, Денвер - Далас 95:105, Портланд - Хјустон 96:103.
|