09.02.2012, 11:01 Македонија заслужува да биде полноправен член на НАТО
Колумна на премиерот Никола Груевски за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“
Веројатно многу Германци до скоро, кога на Европското ракометно првенство нашите репрезентации одиграа меч за паметење, не чуле многу за нашата земја. Ракометните ѕвезди демонстрираа дека еднаквоста и правдата важат за сите, а дека успехот зависи исклучиво од сопственото залагање. На едно друго поле за нас за жал не важат истите правила како за останатите: Македонија ги исполни сите критериуми за членство во НАТО и Алијансата тоа го потврди на Самитот во Букурешт во 2008 година. Сепак, Македонија не смее да биде дел од нејзе. Македонија е де факто членка на НАТО, де јуре не, пишува претседателот на Владата Никола Груевски во колумната за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.
Членството во НАТО, додава Груевски, е стратешка владина определба. Народот над 85 отсто го поддржува интегрирањето. Македонските мировни сили во Ирак и Авганистан, бескомпромисно со сојузниците ги делат искушенијата кои ја загр��зуваат слободата. Половина од буџетот за македонската одбрана оди за контрибуција во Авганистан. Нашите мировници се заслужни за безбедноста на Базата во Кандахар, и се одликувани за операциите.
- Зошто тогаш Македонија не е членка на НАТО? Заложник сме на бесмислен и виртуелен спор, невиден во светот. Нашиот сосед го попречува нашето членство и покрај тоа што ги имаме исполнето сите предуслови за членство. Само поради тоа што Грција има проблем со име на нашата држава, кое никому не штети и за кое не бараме ексклузивност. Грците имаат проблем и со нашиот идентитет, со името на нашата нација и јазик. Каков апсурд е тоа ќе сфатите само ако помислите некој да има проблем со тоа што се чувствувате и нарекувате Германци?! Или пак замислете Белгија да не дозволува членство на Луксембург во НАТО, само зашто има провинција Луксембург?! Да не е навредливо ќе е иронично, можеби за текстовите на Брехт, или пак Кафка, но тоа е суровата реалност, наведува премиерот.
Според него, Грција не попречи за членство во НАТО иако знаеше дека не смее ако ние влегувавме под референцата доделена од ООН. Тоа решение Грците го прифатија со Времената спогодба која ја потпишавме уште во 1995 година, која е меѓународен договор чиј гарант е ООН. За да дојде до таа Спогодба ние сменивме знаме и устав, и се откажавме од грижа за нашето малцинство, само за да не бидеме попречени од Грција при наше зачленување во меѓународни организации, на што Грција се обврза.
Неуспехот во Букурешт не не обесхрабри, подвлекува Груевски. Продолживме со напорите за влез и со придонесот во НАТО.
- Согласно дефиницијата на Бисмарк дека „политиката е уметноста на идното можно“, ние нашата можност ја побаравме пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, додека и понатаму остануваме посветени на дијалогот со Грција за изнаоѓање решение за спорот со Грција. Тужбата пред Меѓународниот суд на правдата резултираше со пресуда дека Грција ги прекрши своите обврски преземени согласно Времената спогодба од 1995, со тоа што се спротивстави на приемот на Република Македонија во НАТО на Самитот во Букурешт во 2008 година под референцата определена од ООН. Судот пресуди дека Македонија на ниту еден начин не ја прекршила Спогодбата, секогаш преговарала во добра волја, и стави крај на сите грчки дипломатски обиди да не набеди дека сме неконструктивни во преговорите, пишува претседателот на Владата.
Пресудата на Судот, продолжува, е обврзувачка за двете страни и имплицира дека не постојат правни аргументи за Грција и понатаму да се спротивставува на пристапувањето на Македонија во НАТО. Согласно меѓународното право, Грција треба да се воздржи од натамошно попречување на членството на Македонија во НАТО. Поставувањето услов „решете го името па влезете во НАТО” е кршење на меѓународното право и непочитување на пресудата на МСП. Оттаму, членките на НАТО, потпирајќи се врз меѓународното право на Самитот на НАТО во Чикаго, како и во Букурешт, да доделат членство на Република Македонија во НАТО, овој пат без други испорачани услови од Грција кои би биле во спротивност со меѓународното право.
- Се надевам дека Германија и НАТО членките ќе го земат предвид согледувањето на Судот дека Македонија никогаш не го прекршила начелото на добрососедски односи. Оттука, не постои никаква причина за одлагање на поканата за Македонија. Одлуката на Судот е недвосмислена. Покрај тоа Грција нема потреба да стравува од Република Македонија. Треба да е силно заинтересирана да бидеме во ист сојуз како партнери. Сакаме пријателски односи со Грција и заеднички да ја градиме иднината на регионот. Сакаме и интензивирање на разговорите во спорот кој Грција го отвори, стои во колумната.
Важно е да се знае дека членството на Македонија во НАТО нема да е товар за германските даночни обврзници. Македонија спроведува успешни економски политики, за што сме позитивно оценети од Светската банка, која годинава на вкупната листа на Дуинг бизнис не рангираше на 22 место, пред 19 земји членки на ЕУ, а 5 години по ред не става во најдобрите светски реформатори. ММФ објави дека сме ниско задолжена земја со надворешен долг од 26 проценти од БДП, втор најмал во Европа. Националната валута е цврсто стабилна, банкарскиот систем е ликвиден, а девизните резерви на највисоко историско ниво.
- „Ние сите живееме под исто небо, но не сите го имаме истиот хоризонт” велеше Аденауер. Се надеваме дека германскиот и македонскиот хоризонт ќе станат исти под капата на НАТО, завршува премиерот Никола Груевски во колумната за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.
|
|
Статијата е прочитана 368 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Лаброски_М, 09.02.2012 11:38:26 | Сега Франција ќе гласа против. Така што Грција ќе ја почитува пресудата од Хаг, а Македонија ќе остане надвор од Нато. Петар Велики во времето уште во 1700г. не можел да се изначуди на ситното подмествање кое се прави низ европските дворови и коментирал дека ова не е политика туку политикантство. Сега не е поинаку, исто е. |
| balkansmarket, 09.02.2012 12:08:50 | Mene ne mi e jasno samo sto korist imame od NATO i od kogo ke ne stiti. Kaj nas e najgolema opasnost vsusnost gragjanska vojna i ako dojde do toa NATO tuka nema kako da intervenira, vtoro sosedite ne ni se bas najdobri prijateli i site tie se clenki na NATO , taka da ako ne napadnat tie ke nastne vojna megju NATO clenki i pak nikakvo fajde od clenstvoto. Na nas pogolem garant za bezbednost ni e voen pakt so Turcija otkolku bilo kakvo NATO clenstvo. |
| Tina, 09.02.2012 12:48:18 | Koji e toj razlog sto tolku sakame da odime vo Vojna? Da ucestvuvame vo pukanici vo zemjite na veke ustanovena mizerija?
Ajde, samo edden zbor, razumen abor, zosto?
Koja e taa folozofija na izmacen Makedonski narod, koj treba da im pomaga na multi milionski drzavi, so nasa dragocena vojska? Da ni gi odzemat nasite junaci koji nie gi trebame?
Molim za objasnuvanje, zosto, drugite im trebat nasi Vojnici, a nie ke odame so rakite vo djepot,
i ke gledame vo zvezdite, i ke cekame zastita od Boga? Ova novata generacija, ne razmisluva korektno. Od sto se tie uplaseni? |
| abdula-turk, 09.02.2012 12:55:48 | Prakticno makedonija e veke vo sostavot na NATO aliansata bidejki vo Skopje veke na Kale imaat Amerikancite i eden centar,silite na RM ucestvuvaat vo dobronamednite celi na NATO vo(avganistan,irak i sl) jas ne mislam deka makeonija treba da se zadrzi vo politickiot napredok ponatamu smetajki deka ne sme vo NATO ili pak ako toa mu smeta na sosedna Grcija.Sekoj den Grcija protestira da izlezaat od NATO i Grcija ne igra nekoja golema uloga vo NATO.RM-od sekoj pat gradi mirno sosedski odnosi so sosedite samo tesko mozaat da ja svataat drevnata makedonska demokratija. |
| Врем. спогодба е најсрамен договор в историјата, 09.02.2012 13:05:47 | Privremena spogodba e nelegalen dogovor. Stop za nelegalni pregovori za imeto. Stop za sramnata referenca! Privremena spogodba da se vednash raskine. Treba da imame strategijata za OON so 133 drzhavi shto ne priznale po ustavnoto za OON. |
| darko, 09.02.2012 13:52:46 | Груевски е предавник и диктатор и во Македонија е загрозена демократијата и слободата! Тој служи на грчки и српски интереси. Дедо му се борел за Грците и тој исто така! И за антиквизација таа била грчката пропаганда во Македонија и за тоа војводите на ВМРО се извршувале смртни казни а сега тој врши туѓа пропаганда и се нарекува Македонец, ВМРОвец и патриот! Срамота! |
| Трпе, 09.02.2012 14:41:59 | Дали да верувам,дал да пеам,дал да плачам или да се смеам.Нашиот ни популистички премиер меша баби и жаби.Спорт со економија и квалитет на живот не се мешат.Во светот не носат портокалови очила тие ја гледат реалноста а не како дел од македонскиот народ. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -6°C
Слаби снежни врнежи
|
Саб��та
Слаби снежни врнежи
Макс: 1°C, Мин: -3°C
|
Недела
Мешавина од дожд и снег
Макс: 2°C, Мин: -6°C
|
|
|
|
|
|