08.02.2012, 18:21 Мое ќоше
Груевски го исчисти снегот
Ерол Ризаов
Чистењето на снегот стана најбизарната и најглупава политичка кампања
Благодарение на Владата и на мудрата политика на премиерот Никола Груевски, успешно е совладана големата снежна бура и ви��лица. Сите други околни држави Србија, Бугарија, Грција..... и цела Западна Европа паднаа на испитот. Останаа завеани патишта, испаднаа возови од шини, затворени аеродроми, пукнаа брани, се удавија луѓе, стотици бездомници останаа замрзнати по градските улици, се' уште се отсечени цели региони, страшен хаос насекаде околу нас. Само Македонија со извонредна организација, пожртвуваност и храброст на владините елитни служби и единици спречија државата да биде окована во мраз. Се' функционира извонредно добро, компаниите работат, децата одат на училиште, снабдувањето е нормално, освен скопска „Топлификација“.
Ова е резимето од најбизарната и најглупава политичка кампања која досега ја имам видено и чуено. Наслушнав дека конечно Никола Груевски им свикал на своите апологети аман не бранете ме и кога врне снег среде зима.
А, што се случи во суштина. Ништо посебно, исто што и со ланскиот снег. Вчера првпат по седум дена скопјани и граѓаните на повеќе македонски градови го видоа асфалтот. Во главниот град наврнаа одвај цели 15 сантиметри снег доволно целиот да се парализира. Во ниту еден поголем град во Македонија нема повеќе од 20 сантиметри снег. Како што снемуваше сол и не се чистеа улиците, така растеше медиумската кампања дека се' е во најдобар ред. Градовите на телевизија почнаа да функционираат беспрекорно. А, селата и повисоките населени места каде што има над половина метар снег се целосно завеани и така ќе биде додека не се стопли времето. Патиштата ќе станат проодни некаде во рана пролет, а може и порано ако дувне југо.
Комуналните претпријатија во Македонија и сите градски надлежни служби работат како така само до 5 сантиметри снег и до 0 Целзиусови степени температура. Ќе посипаат малку сол и работата е завршена. Над 15 сантиметри снег и на минус под нулата улиците и патиштата ги чистат телевизиите со своите извештаи од теренот каде што се' е во најдобар ред.
Се сеќавам во едноумието најмладите новинари во градските рубрики беа задолжени за комуналните претпријатија. Тоа беше така до првиот снег, или временска непогода. Тогаш на сцена стапуваа уредниците и тешката артилерија. Сите што не можеа да удрат по коњот, ќе удреа по самарот. Мајка ќе им расплакаа на директорите на комуналните претпријатија, на „Жито лукс“, на „Топлификација“, „Електродистрибуција“, „Водовод и канализација“, Сообраќајна полиција, Градска чистота, на извршните совети на градовите и нивните претседатели, градоначалниците и останата ситна боранија. Се бараше одговорност и оставки... заседаваа штабови, градски комитети, владата...
Цел театар за десетина зимски дена во годината. Ако ме прашате лично, за неколку снежни дена во годината не би правел никаков проблем ако малку се отежнати и забавени работите. Тоа е сосема нормално кога ќе падне снег во медитеранско подрачје.
Но, сега ситуацијата е сосема поинаква иако на терен пак истрчува првата новинарска гарнитура, а некаде лично и главните уредници. Се монтираат 3-Д наочари на целата нација и на ТВ-камерите и почнува филмот во живо што се вика „Цел свет е окован во мраз, само ние сме слободни“. Се' е под контрола во Македонија, дури и снегот. Природата и нејзините каприци што сите ги прави немоќни кај нас не проаѓаат. Поарна пропаганда не може да смисли ни агитпроп, па ни најголемите националсоцијалисти.
Единствена енигма е „Топлификација“. Како кога сите функционираат беспрекорно на 15 сантиметри длабок снег и на минус 5 Целзиуси, надвор од стадото останува само една црна овца. Веројатно има нешто многу жешко што не се вклопува во зимската идила на власта како со другите комунални компании. Не оти мислам дека „Топлификација“ заслужува пофалби, напротив, мислам дека има место за сериозна критика на оваа монополски поставена компанија. Но, многу ми е сомнителна повеќемесечната жестока кампања само против неа, изземајќи ги сите други кои од сиромашни комуналци кои одвај преживуваа сега се однесуваат спрема граѓаните како друмски разбојници. Да не се намерачил некој од власта да и' конфискува дел од имотот. На повидок е или нова национализација на тазе приватизација или грабеж на туѓ имот. |
|
Статијата е прочитана 5237 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 09.02.2012 00:27:52 | Dodeka Scandinavcite i Canaganite skoro i da ne go spomenuvaat snegot koj e po eden metar i temperaturi minus 20-30 celziusovi, ovde Latas se pos.. falejki ja Vladava kolku uspesno se spravuva so 5 santima sneg i so minus 5 celziusovi. Uspeh ,nema sto. Se e pod kontrola. Neznam samo dali Vladava nesvaka deka Latas vsusnost, mozebi, i se majtapi so niv. Ne samo za snegov. I za mnogu drugi raboti. Stana opstopoznata Makedonska (doktorska) novinarska karikatura na koja nema koj sto ne i se iznasmeal, a Vladava uporno si misli deka narodov mu veruva i go pusta da treska maloumnosti, gluposti i pred se notorni lagi, od koj nekoj lagi i se smisleni za sopstvena korist, kako aferata so Toplifikacija. Sitel i Sileks nikogas ne plakale parno i struja (struja moraa da platat radi toa sto stranci ja zedoa firmata), pa im ostana sega Toplifikacija da ja reketiraat, zatoa sto i dolzat milioni. |
| MP: Evo idu nivni!, 09.02.2012 02:16:27 | Koga Latas zbori za chistenje na snegot, jas podrazbiram za chistenje na budzetot. Ako se gleda asfaltot, toa znachi da se gleda dnoto na dzebot itn. Vo sprotivno ne moze chovek da go gleda i slusha. Velat, ako ti se ne svidja, menjaj kanal! Ti smenish, a ono tamu Milenko, pa smeni, a ono Janko, a ovamo Tomic. A Mirka i Darko im se redovni gosti. E kade da odime i shto da menjame? Edino Vasko se neshto trudi da vovede pluralizam, ama sam protiv site teshko odi. Stvarno i vo komunizmot ne beshe do tolku. A sega ushte ce placame 190 denari, za PR na Grujo i patriotite i ischisteniot sneg, pardon, mozok. Airlija rabota! |
| DolceVita, 09.02.2012 04:18:41 | Trotoarite vo centar ne bea iscisteni zavcera koga najmnogu vrnese. No koga sme kaj snegot, pred vlezovite vo Gradski trgovski centar neli mozat da stavat nekakvi gumeni podlogi ili slicno koga veke priodite do nego ne se iscisteni? Koga so vlazni obuvki ke se stapne na plockite, toa e navistina neprijatno. Ili treba nekoj da se ispokrsi pa da gi tuzi za otsteta? |
| Давид, 09.02.2012 06:25:50 | Не сте во право. Дојдете да видите како редовно сол се фрла дури и на ,,озлогласената,,Бихаќка, и на Шопенова, но, само до свиокот што води до приватната резиденција на премиерот. Натаму, ниту се соли, ниту се рине снегот, веројатно за да не се вознемируваат жителите од неговото соседство, кои, за да стигнат на работните места, треба да се вешти во смучарските дисциплини. Да не заборавам - Шопенова е улица по која безмалку илјада деца се движат за да стигнат во училиштето,, Кузман Јосифовски - Питу,, одвај совладувајќи ги снежните пластови и препреките од автомобилите на вработени во блиското МВР, паркирани главно на тротоарите. Затоа, со исав господо критикувајте. Не се така црно на колку толку белиот и видливо загаден скопски снег. |
| mitko dimitrovski, 09.02.2012 06:52:12 | Erol ,me interesira kakvi zadaci kako novinar imase ti vo ednoumieto? |
| profesor, 09.02.2012 07:34:13 | Bravo za komentarot. Nikoj veke ni negleda TV. Zarem mislite deka nekoj mu veruva na Latas??? Bezrbetnik,ligle, no za zal dobro plateno od nasi pari.Narodot ne e slep, samo e bezpomosen.Diktaturaaaa,a zivotot e mil, nesaka sekoj da zavrsi vo Sutka. |
| malo crnice, 09.02.2012 08:18:20 | Hahaha, nemam mnogu vreme da gledam TV ama bas po nekoja slucajnost togas go gledav glavnot urednik na vestite kako gi informira graganite na RM za uspesite na teren. Eve, ovde ke mu se zablagodaram javno deka me iznasmea do solzi so seta serioznost prikazana vo vestite; ne se ni sekavam koga posleden pat sum se iznasmeal tolku na TV program. Fala ti urednice, i sega mi doaga da se smeam koga ke se setam kakov dnevnik bese toa. :):):) |
| od ostrijot, 09.02.2012 08:53:08 | erole so dve levi race nese cisti sneg. |
| Kocin, 09.02.2012 09:25:37 | Аман бе Ризаов Те почитувам како човек ама како реале новинар навистина сум изненаден. До кога со твоите плукања по оваа влада??? Еднаш еден убав коментар немам прочитано од тебе за ОВИЕ а за ОНИЕ твоите ни еден лош збор. Така ли ќе ја градиме таа наша Македонија!!!??? |
| Latas ce napise ako treba i ep, kako Ilijadata, 09.02.2012 09:50:55 | Erole ! Se soglasuvam deka peodja vo nevkust onaa glorifikacija na nasiot uspeh so sneznava stihija. Eve dodeka cela Evropa e zakovana vo stud, marz i sneg , koj zacudo dosol vo nevrene( ferbruari?!) nie blagodarejci na mudrosta, organiziranosta i samopregorot na vladava , uspesno se spravuvame so, 20, i30 pa i 40 sm sneg.Posebno smesen e onaj Dr. na Bojo, koj zapenaven na TV ekranot vo svoite pofalbi padja vo trans. Ete nie junacki se spravuvame so site nepriliki pa i prirodni nepogodi.Jas mislam deka so toa uste ednas go dokazavme naseto anticko poteklo. Se mislam deka kako e padnat vo egzaltacija ne e cudo da toj napise nekoj junacki ep slicen na Ilijadata.No malku me cudi sto ja zastituvas Toplifikacija bidejci taa so dosegasnoto nejzino aramisko odensuvanje kon gradjanite ne zasluzuva nikakvo sozaluvanje.Se odnesuva na slicen nacin kako i Telekom pred godini, a verojatno gi koristi istite metodi kaj regulatorite i vladinite sluzbenici za zacuvuvanje na monopolskata polozba. |
| Mite, 09.02.2012 10:08:34 | Jas ne sum Sitel, jas plakjam parno |
| seirdzija, 09.02.2012 10:14:52 | Erole,ke vidis deka za nekoj den so zasluga na ovaa vlada ke svetne silno sonce i ke go stopi snegot,pa ke vidis koj e u pravo...za toplifikacija mislam deka e dobro resenie da mu se dade na Singo,koga vece mu ja dadoa dobra voda,a od novinari uspea da napravi doktori,a pak tie od najsiromasna drzava napravija raj na zemja..taka se odi napred Erole...temelite ne se vazni oti fasadata se gleda... |
| Rezzilov, 09.02.2012 10:47:59 | Тоа што цела Европа е окована крива е македонската влада на чело со Груевски.Во секој, случај тоа што од една зимска сезона или јулските горештини се прават драми,новинарите најмалку се виновни.Уа.влада! |
| Do Kocin, 09.02.2012 11:34:52 | Izvini vaka sea ama ne mi e jasno, kaj tebe u zgrada se vika po pretsedatelot ili po bivsiot pretsedatel, ako nesto ne funkcionira.
E aj sea razmisli po kogo treba da plukaat novinarite.Ako te tera razmisluvanjeto deka po bivsite treba da se pluka, togas zosto gi izbravme sposobnive, za da ja opraat greskata od predhodnite, ili i ovie se nepopravlivi.Iskreno ,enigmava sto ti ja zadadov, smetam deka ke ja resis vo nekoe drugo vreme, odkoga posle sokot,placenjeto i kukanjeto ,ke izjavis -i jas bev zamajan ili ma zamatite- |
| Трпе, 09.02.2012 12:06:38 | Пропагандна блада и се е можно.Незнам што ке се случи ако во Скопје и низ цела РМ наврнеше десетина сантиметри снег и дувнеше некој ветар со брзина од 60 км. на час.Но пропагандата мора да врви.Во вторникот Коце коцкица ги имаше повикано или наредено на сите новинари да се пофали дека многу успешно се справуват со невремето,дека се функционира безпрекорно со некое филмско сценарио.Но на овој народ со темни очила му требат вакви филмови.А по можност и по неколку стапа да му се удрат по грб, нема да ги боли од владата е,сами си ја одбра. |
| Mark-do Kocin, 09.02.2012 13:09:32 | A bre tvojava vlada Kocine zemjava ja napravi KOCINA! A toa sto vasiot Latas vi go pravi e golem majtap ama koj razbira he he! |
| Возач, 09.02.2012 13:20:45 | Башка на се, Коце (алијас „таткото“ на градот) не направи морони сите нас - возачите. Демек, замислете, ние не сме знаеле дека е зима,снегот не потсети!!! Инаку, ќе си теравме како среде лето!!! А и „ќе беше подобро доколку не паднеше снег сношти!“ !!! |
| Нема врска, 09.02.2012 13:55:36 | Ерол Ризаов, како и речиси секогаш, не е во право. Македонија добро се справува со големиот снег. Само да се плука по Груевски: „Пак врне снег - Доле Влада!“ Ова е резимето на овој, еден од најбизарните и најглупави новинарски написи што сум го прочитал. |
| Do JOVAN, 09.02.2012 13:59:33 | Jovan koga tvrdis deka veke nikoj ne mu veruva na Latas, smetam deka se lazes. Dokolku e taka, rejtingot na Gruevski nema da bide suste ne tolku visoko nivo. Sepak ima eden pogolem del od narodot koj i toa kako mu veruva na Latas i toa nema da se promeni ute 25-30 godini za zal. Sepak nie sme seuste mlado opstestvo vo koe ne postoi bash dovolen broj na samosvesni luge....no ke bideee |
| Баба Ката од Секулицу, 09.02.2012 15:00:13 | Синко Ероле се што си напишал,иако треба да сметаш и на судбината на брат Љубе,овие од власта се толку луди,се плашам да не те неутрализираат во Шутка некое време.Гледам спремен и на тоа нешто.Ти честитам. А за ова и сега и понапред што го пишуваш,не сум до крај песимистка,само, ми изгледа дека Господ Бог сакаше,благодарејки на ВМРО-ДПМНЕ,дека е,сега за сега,додека има пензии и плати, ЏАБЕ Е АКО НА СЛЕПИОТ МУ НАМИГНЕШ,НИТУ НА ГЛУВИОТ МУ ЗБОРУВАШ... |
| Nevrabotena oti taka sakaat drugite, 09.02.2012 16:35:01 | Komentarov ne pripagja ovde i nema vrska so temata na Rizaov, ama e moznos nekoj da go procita ako go objavat.Se raboti za novata preregistracija na nevrabotenite za da dobijat sini kartoni. Lani vo najgolemite zestini kao nenormalni se tepavme za preregistracija, koja sto trbase da se imenuva kako Operacija na mozok na idiotite koi seuste mislat deka nekoj nekogas ke gi vraboti. Dodusa novite elektronski niski kartici za koi i se tepavme ne gi dobivme seuste ama nema vrska. Sega od nas se bara iztata procedura zatoa sto nekoi vo vladata svatija deka ako go namalat procentot ke zemat poveke pari od lugjeto koi samata drzava gi angazira za raznorazni potrebi arno ama koga ke treba da gi vraboti togas ke se pojavat nekoi deca koj znae od kade i ke gi posadat na funkcija, a ti posle cicaj veslo. Imam uste mnogu da kazam na ovaa tema ama i taka sum natrapnik vo kolumnava. |
| Od koj raboti ima, 09.02.2012 21:19:19 | Samo vie placete pa nekoj ke vi pomogne i do jovan komunjarot sto ti se razbiras so Skandinavija beter se od nasite komunjari 10 cm sneg i -10 ni voz ni sruja ima a da ne recam za cenite na strujata prava placka kako tranzicijata na bc...................... |
| Do nema vrska, 10.02.2012 01:19:34 | Bas si odbral prekar,ti odgovara totalno. |
| До тој што работи и има!, 10.02.2012 08:24:40 | Што имаш , бре ти , ортак и што работиш?! Да не беа тие „ КОМУЊАРИ“ СЕГА ЌЕ БЕШЕ НА УЛИЦА.ТИЕ ТИ ДАДОА СТАН И ПЕНЗИЈА,ДОДЕКА БЕА НА ВЛАСТ БЕШЕ „КОМУЊАР“ А СЕГА СТАНА „ВМРОЊАР“! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -1°C
Слаби снежни врнежи
|
Сабота
Слаби снежни врнежи
Макс: 0°C, Мин: -3°C
|
Недела
Мешавина од дожд и снег
Макс: 2°C, Мин: -6°C
|
|
|
|
|
|