Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
09.02.2012, 17:59

Доаѓа Нимиц, ќе ги воскресне ли преговорите?

Кој сака а кој не сака да преговара - ќе расчисти медијаторот Метју Нимиц со најавената посета на 20 и 21 февруари на Скопје и на Атина

Слободанка Јовановска


Дилемите околу тоа кој сака, а кој не сака да преговара продолжуваат, а нив наскоро треба да ги расчисти медијаторот Метју Нимиц со најавената посета на 20 и 21 февруари на Македонија и ден потоа на Грција. Посетата се гледа како прв и последен директен обид на медијаторот да ги воскресне преговорите пред самитот на НАТО во Чикаго, но по реакциите од последната средба на преговарачите во Њујорк, никој не очекува дека со себе тој во Скопје и во Атина ќе донесе и нов предлог.

Дали Нимиц ќе се фокусира на суштината на спорот или само ќе ја задоволи формата - ќе се покаже по неговиот престој, но во моментот односите меѓу Македонија и Грција се на толку ниско ниво, а обвинувањата од двете страни на толку високо - што од таа врева не останува простор за преговори.

Посетата на Нимиц ќе се случи точно една година по неговото последно доаѓање во регионот и еден месец по обновените средби на преговарачите во Њујорк. Тој ќе се види со премиерот Никола Груевски, претседателот Ѓорге Иванов и шефот на дипломатијата Никола Попоски. Македонија пред Нимиц ќе го отвори прашањето за динамиката на преговорите, а судејќи по изјавите вчера, одговорноста за застојот нагласено ќе ја префрла на страната на Атина, со главниот аргумент последниов период дека Грција нема ни капацитет ни намера воопшто да преговара за спорот. Премиерот Грувески вчера изјави дека е добро што Нимиц конечно доаѓа во регионот, но дека Грција го кочи процесот на сите страни, па останува отворено прашањето дали разговорите со медијаторот воопшто ќе бидат суштински.

„Одговор на писмото од премиерот на Грција се' уште не добив. Тоа е показател дека Грција е тотално незаинтересирана за решавање на ова прашање“, изјави тој, додавајќи дека Атина го прима Нимиц ептен зашто мора, јасно покажувајќи дека сака решавањето на проблемот да се одложи, па и да не се решава. Попоски од Талин, пак, порача дека Грција го попречува членството на Македонија во НАТО и ЕУ не од суштински, туку од митолошки ��ричини.

„Во раните 90-ти години Грција реагираше на името Македонија со образложение дека нејзин регион го носи истото име што може да подразбира територијални претензии. Дваесет години подоцна се гледа дека тие претпоставки се неодржливи бидејќи денес е можна само инвазија на 500 илјади македонски туристи на грчките мориња. Каква подобра гаранција и' е потребна на Грција од членството на Македонија во НАТО кога земјата ќе биде опколена со земји членки на Алијансата, а сите заедно ќе бидат под безбедносниот чадор“, порача тој.

Со оглед на манирот во последно време средбите на грчко-македонските функционери или тие со Нимиц да се коментираат нагласено како неуспешни, иако никаков успех не е постигнат изминатите две децении од преговарањето, Нимиц ќе има тешка задача да постигне нешто или барем да го задржи кредибилитетот на процесот во ОН. Грчки дипломати порачуваат дека директните средби на функционерите се веќе беспредметни и дека Атина нема формула како да се справат со премиерот Груевски, но не им се брза и имаат време за чекање.

Од македонска страна пак, официјални преставниц�� ги истураат навредите и фрустрациите против Грција на интернет-сајтовите, а потоа се жалат што нема одговор на гестовите на добра волја од Македонија и поканите за средби. Во таква клима сепак се одржаа средби на вицепремиерката Теута Арифи во Атина и на шефот на дипломатијата со Ставрос Димас во Белград, но преговорите не се мрднаа од мртва точка. Затоа, се' што ќе направи Нимиц повеќе од тоа што ќе дојде и ќе си замине, може да биде успех во оваа рунда.


Статијата е прочитана 1115 пати.

Испрати коментар



Судиите и обвинителите не се даваат на Антикорупциска комисија
Уште една компанија го оспорува тендерот на МРТВ



Itar Pejo, 10.02.2012 00:14:26
Poleka, poleka pocna da izleguva na povrsina bitniot problem: teritorijalnite pretenzii na VMRO prema Grcija. A tuka se i faktite: od v godina kongres vo Solun, preku antikvizacijata pa spomenikot i glorifikacijata na Cento i podrska na huliganite i nivnite pesni za solunskoto pole! A bidejci vlasta i raznorazni Felixi se pravat na udreni, da go kazam i ona sto e evidentno. Makedonija nema sila za da vojuva so Grcija, ama ako bide vo NATO i EU kade sto vazi praviloto edna zemja eden glas, Grcija nema da dozvoli da se najde vo situacija nasive mangupi da i udaraat kontri! Toa e bitnoto, a se drugo se prikaski za vmrovskata raja.
za itar pejo od sando ljiblana, 10.02.2012 07:52:02
imeto si go imame r Makedonija a onie predavnici na makedonskiot narod kako Ljupčo što stanal bugarin i Itar Pejo po moje što navivat za rasparčuvane na Makedonija mestoto im e vo idrizovo ili SIKTR OD DRŽAVAVA Pejo ova što go komentiraš na slednata godina kongres vo solun toa go zboruvaše bugarinot Ljupčo i ne napagaj ja vladata tvote misli se negativni FALA
пријател, 10.02.2012 08:16:43
Зар некој има дилеми КОЈ не сака да прговара?Грција даде прдлог-име со географска одредница-Северна Македонија?На ред е Груевски да каже дали го прфаќа предлогот во целост или сака нешто да се измени,дополни,или во целост го отфрла и дава друг предлог.Дали тоа го прави?Не.Значи Груевски не сака преговори.За Попоски:Дали постоела причина или не,Советот за безбедност прифати дека разликите околу името го нарушуваат мирот и добрососедските односи.Ако се јунаци Груевски и Попоски,нека му кажат директно на СБ на ОН дека не ја признаваат Рез.817,а не да изјавуваат по медиуми дека проблемите околу името биле неосновани!
Времената спогодба е најсрамен договор, 10.02.2012 10:16:39
Privremena spogodba e nelegalen dogovor. Stop za nelegalni pregovori za imeto. Stop za sramnata referenca! Privremena spogodba da se vednash raskine. Treba da imame strategijata za OON so 133 drzhavi shto ne priznale po ustavnoto za OON.
jovan, vlada @, 10.02.2012 10:30:52
Ах, бе таканаречен демек Итар-Кутар- Кобожемски- Пејо, човек кога го чита ова „ teritorijalnite pretenzii na VMRO prema Grcija. A tuka se i faktite: od v godina kongres vo Solun, preku antikvizacijata pa spomenikot i glorifikacijata na Cento i podrska na huliganite i nivnite pesni za solunskoto pole“ искрено предизвикува жалење кај мене како Македонец за напишаното и те жалам ако си и ти Македонец по род. После некој друг ни е крив, е како не да де Цацко е крив нели, Пејо од итрина и македонштина немаш ни прва буква а камоли чуство за реалноста каде живееш, искрено не ми предизвика овој твој коментар гнев него жалење за тебе ама исрено не лицемерно исто како што ги жалам сличните на тебе кој го поганат својот народ на секој можен начин во борбата за опстан��к на Македонецот во ова тешко време во спорот со нашиот сосед. Поздрав
pile, 10.02.2012 11:41:45
Gi pozdravuvam naporite na OON i medijatorot G-din Metju Nimic, za nadminuvanje na dvodeceniskiot spor vo vrska so imeto pomegju dvete sosedni zemji.Gragjanite i idnite generacii na dvete zemji,zasluzjuvaat pomiruvanje koe ke doprinese za deblokada na R.Makedonija vo najmoknata politicko bezbednosno i ekonomska struktura NATO Alijansata i clenstvoto vo EU, kako i ekonomski stabilna R.Grcija, kako i bezbednosen i prosperiteten region.Radikalnoto odobrovoluvanje od strana na R.Grcija, so ponuduvanje na severniot sosed R.Makedonija, labava konfederacija na ekonomski,bezbednosen,kulturen, obrazoven i drug opstestven interes, na nivo na odnosite so EU,e najrazumniot kompromis,dokolku znaeme deka predlogot Republika Makedonija (Skopje) vo Bukurest 2008 god. ne bese prifaten, a predlozite Republika Severna Makedonija i Makedonija-CBR za megjunarodna upotreba so preporaka do zemjite sto ja priznale R.M.,bidat neprifatlivi od bilo koja strana.
Tina, 10.02.2012 12:39:15
A sto, Grcija nemala teritorijalna pretenzija kon del na nasata Makedonija? Sto ke ni e Nimic, da zboruva za priatelski izmislotini, koga Grcija gi pravi problemite, ne nie. Zosto Nimic gi prezivuva ideite od pred 20 godiji? Zosto toj ne e hrabar da odluci i da im naredi na Grcite, dosta veke, nie ja priznavame R.Makedonija i toa e se. Kraj na diskusija. Zosto toj ne napravi toa veke? Oti cela Evropa oste oseka krivica na se sto bese vo Makedonija vo 1912-13. A logikata im zboruva da Makedonija mora da se spoi ednas za sekogas. Ama kako? Toa e prasanjeto.
Pejo Glupaviot, 10.02.2012 13:52:29
Pozdrav do sando ljiblana i jovan, vlada. Jas sum itar, ama si priznavam deka sum malku glup. Na primer ne razbrav od vasiot odgovor dali potvrduvate ili negirate deka Makedonija ima teritorijalni pretenzii prema Grcija? Ili ste golemi mangupi pa velite: nemame ama solunskoto pole e nase?
Tina ima teritorijalni pretenzii kon sosedite, 10.02.2012 15:00:56
Gospodjo ili gospodjice Tina, so teritorijalni pretenzii i zamisluvanje na geografski karti so tudji teritorii ne se stanuva del od evroatlantskite strukturi. Koga ednas zasekogas ke se odkazete od tudji teritorii i ke se nasocite nasata drzava kako sto e sega da stane del od tie evroatlantski strukturi????????
Mark, 10.02.2012 16:05:40
Itar e Pejo, a i hrabar! Retko koj do sega se osudi da go spomne vistinskiot problem-APETITOT NA VMRO (a posebno na tie so poteklo od Severna Grcija) KON SOLUNSKOTO POLE!? E pa Sando, vladin Jovane i slicnite-glupost e toa golema..Ama ako, vie zivejte si so tie iluzii samo ne ja vlecete zaradi toa cela Makedonija vo kalta..
m.z., 10.02.2012 22:12:31
Pocituvani, moze uste sto pati da dojde i da si pojde G-dinot Nimitz, no nikogas so Grcija nema da ima dogovor. No ima tuka i so kogo medjusebno da se tesime a toa e deka Evropjanite nikogas nema da gi dobijat nazad svoite pari, i niv im e djabe idenjeto i odenjeto i tamu nikoj pat nema da ima dogovor. Da citiram koj e najdobar dogovor so Grcija a toa e Najdobar dogovor so Grcija e da ne napravis nikakov dogovor. Nskoro na Evropjanite ce im stane pojasno so kogo si fatile rabota a se uste se nadevaat deka nesto postignale a ce sfatat brzo niv i 100 dogovaraci ne im pomagaat.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Време
Скопје, -11°C

Магла

Вторник
Слаби снежни врнежи
Макс: -1°C, Мин: -11°C

Среда
Слаби снежни врнежи
Макс: 0°C, Мин: -8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |