Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
08.02.2012, 17:56

Интервју: Гледам како се тркала политичка лавина

Власта во Македонија повеќе обвинува отколку што нуди решенија, па станува дел од проблемот и самата, вели европратеникот Јелко Кацин за меѓуетничките тензии

Слободанка Јовановска



Европскиот парламент повторно препорача прегов��ри со Македонија и повторно таа препорака не се остварува. Колку пати може да се повторува оваа ситуација?

Агонијата може да прекине веќе утре, но може и да се развлече во недоглед ако нема политичка волја за решение. Лично не гледам вистински искрени напори, ништо освен декларативна волја од двете страни да се најде решение. Кога ќе дојдат конкретни предлози кои се прифатливи, како што е Северна Македонија, секогаш слушаме патриотски, а во основа евтини популистички одговори и инсистирања на идентитет како прашање над сите прашања. Потребно е да се ресетира политиката, не само во Македонија и во Грција, туку и во поширокиот регион, па и во ЕУ. Европа како континент поминува низ најголема политичка и економска криза во изминатите неколку децении. Затоа е време да се фокусираме на економските предизвици и на прашањата како да излеземе од актуелната рецесија. Нема таков патриотизам, споменик или инает спрема целиот свет кој може да го направи тоа место вас.



Бугарските барања за заедничка комисија за историја влегоа во извештајот за Македонија во ЕП. Се чини дека бугарските поплаки почнаа да добиваат поддршка во Парламентот, што не беше случај досега. Ги губи ли Македонија поддржувачите во Брисел?

Македонија не ги губи пријателите во Европа, но постои опасност поради повеќегодишното доцнење во интеграцијата да изгуби на картата на Западен Балкан. Што се однесува до заедничката комисија, тука не гледам ништо лошо. Секогаш треба да се работи на приближување на народите и на подобро сфаќање на историјата. Тоа особено важи за регион кој има ваква бурна историја како Балканот. Треба да се празнат емотивните набои и да се создава простор за рационални пристапи. Франција и Германија, исто така, направија заеднички учебници по историја.



Неодамна рековте дека Србија и Косово побрзо ќе го решат проблемот со именувањето отколку Македонија и Грција. Каде ја гледате пречката за тоа?

Единствената пречка ја гледам кај политичките лидери. Други пречки не постојат! Ни во народот, ни во историјата, ни во неопходноста од економска соработка, туку само во тоа дека некои лидери не сакаат да го сменат начинот на кој се води политиката. Тие лидери не би се ни снашле во нова средина, па не сакаат промена. Секако, тоа се случува и во други поразвиени земји и зрели демократии, но во случајот со Македонија постои опасност земјата полека да се излизга во самоизолација. Од друга страна, Грција се наоѓа во жариштето на политичката и економска криза во ЕУ. Се плашам дека на нивните лидери решавањето на прашањето со името не им е приоритет. Значи ситуацијата не е „црно-бела“ со очигледен виновник. Она што е евидентно е дека само Македонија губи со застојот во евроинтеграцијата, не и Грција.



ЕУ најави дијалог на високо ниво со Македонија. Според некои оцени, тоа е замена за формален почеток на преговорите, а според други, станува збор за мониторинг на реформите. Како гледате на тоа?

Лично би го поздравил секое интензивирање на односите меѓу ЕУ и земја кандидат. Дијалогот го гледам пред се' како реакција на Брисел околу загрижувачкиот тренд на задушувањето на слободата на медиумите и на фактот дека владеењето на правото не е цврсто воспоставено во земјата. Во таа смисла, дијалогот не може да ги замени преговорите за членство кои треба да почнат што поскоро. Зашто со преговорите за членство се отвора и поглавјето 23 за правосудство и за основните права, па Комисијата ќе може на далеку поквалитетен начин да ги следи и да ги помага реформите во судството.



Откако ЕУ ја стави слободата на изразувањето како прв услов за Македонија, ние паднавме 60 места на скалата за медиумските слободи на „Репортери без граници“. Дали Брисел има сила да ја запре оваа тенденција?

Само Владата на Македонија има на располагање механизми со кои може да воспостави независен и слободен медиумски простор. Брисел внимателно следи што се случува во овој клучен аспект на реформите. Македонските институции мораат да ја покажат својата зрелост, ефикасност и слобода да бидат надвор од политичкото влијание. Унгарија, па и Романија паѓаат на таа скала, но одамна се во НАТО и ЕУ. Затоа во нивните случаи имаме дополнителни механизми, а во вашиот случај не. Според мене, за Македонија се подеднакво важни и влезот во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ.



Како гледате на последните напади на црквите и џамиите и има ли некакво оправдување за националистичката еуфорија во овој момент?

Етничките тензии и инциденти ги гледам како популистичка лавина која се тркала се' побрзо. На една страна, причина е економската, односно социјалната ситуација која создава дополнителни фрустрации, а на друга страна е проблемот со немањето алтернативи. Се работи за пакет политички последици од блокадата на европските интеграции на Македонија и од економската криза. Македонците и Албанците со векови живееја мирно и во толеранција. Властите мора да ги преземат сите конкретни мерки извршителите на тие дела да бидат казнети, но и повеќе од тоа. Потребно е да се создаде атмосфера во општеството во која националниот идентитет нема да биде најважно прашање, од политиката до секојдневниот живот. Политиката мора да понуди алтернатива и излез од блокадата. За жал, таа повеќе обвинува отколку што нуди, па затоа е дел од проблемот наместо да биде решението.



Дали блокирањето на втората фаза на Договорот за асоцијација и стабилизација од страна на Грција е политички сфатливо и може да се толерира во ЕУ, бидејќи има многу други начини да се блокира Македонија, вклучувајќи ги и преговорите за членство?

Себеси се сметам за пријател и сојузник на Македонија. Во улогата на известувач за Србија и потпретседател на делегацијата на Европскиот парламент за односи со пет држави од овој регион, од кои дури три се соседи на Македонија, добро знам дека напредокот или застојот на која било земја во регионот создава колатерална штета или колатерална добивка за преостанатите земји, економии, па и целиот регион. Треба да се создаде подобра политичка атмосфера, потребни се иницијативи, промени, пресврти. Грција е во грч, преоптоварена е со самата себе. На потег е Македонија, а потег нема.


Статијата е прочитана 3711 пати.

Испрати коментар



Груевски го исчисти снегот
И новинарски награди по етнички клуч
Тачи
Одлука за случајот „Надеж“ до крајот на месецов
Скопскиот универзитет води, Балканскиот пред ФОН и Европски



sando novoselec makedonac, 09.02.2012 00:11:32
ne znam kakva omraza imat slovencite protiv makedonija evropratenikot Zoran Taler dušman na makedonija isto taka i Jelko Kacin što lošo sme napravile na slovenskiot narod i stalno ne napagat vo brisel za sramite se ne treba ni da ne falite ni da ne napagate POLITIČNA SRAMOTA FALA
jovan, 09.02.2012 00:11:44
Samo tebe te cekavme! Bas se prasuvavme kaj se izgubi. A be Jelko Jelko, sedi si vo Slovenija i ne se zamaraj, a i nas ne ne zamaraj. Imame milion problemi, i si gi znaeme. Nemora drug da ni gi kazuva. Ostavine barem otmeno da propadneme.
Tovarish Jelko, 09.02.2012 01:25:23
Za razlika od patriotite, nie znaeme deka vlasta samo obvinuva namesto da reshava, pa stana problem i toa golem, ama za imeto, teshko e prifatliva promena pod diktat, posebno ako e dodavkata pred Makedonija (npr.Severna Makedonija) namesto pred ili posle Republika Makedonija. Ovde grcite utepuvaat dve muvi so eden udar i navistina ni go menjat identitetot. Neminovno ce bideme severnomakedonci, slavomakedonci, novomakedonci, gornomakedonci i sl. Zatoa se oni tolku uporni za dodavka ispred Makedonija i erga omnes. Tuka nemojte da ni drzite predavanje i da ne pravite netaman. Tuka Grujo ne smee da popoushti, vo sprotivno ce si ima rabota ne so negovite patrioti, nego so borbeno nastroenite predavnici.
mile, 09.02.2012 01:54:55
Ви се молам Кацин, не напаѓајте го Груевски????? Ќе ми го насекирате Феликс и останатите Феликсовци, за кои кривец е само лицето БЦ...........
Zacuden, 09.02.2012 05:41:54
A koj e povodot za razgovor so ovoj. A zosto ne go prasavte kako kaj niv partijata sto pobedi da ne formira vlada tuku JJansa. Ili on e specijalist za plukanje na Makedonija
mitko dimitrovski, 09.02.2012 06:43:57
Dali nekogas ke se doznae koj i kolku go plaka ovoj paraspur (i sl.na nego}za da raboti protiv Makedonija ,a za interesite na juzniot sosed i vrakanje na vlast na edna veke propadnata partija vo RM
jimmy1, 09.02.2012 07:18:51
Za sve sto se slucuva kaj nas vinovna e samo vladata a ne nekoj drug. Tie se na vlast i tie treba da gi resavaat problemite. Sto se odnesuva do imeto nikoj od nadvor netreba da ni diktira kako ke se vikame. Za toa nie odlucuvama a nasata odluka e Republika Makedonija be nikakva dodavka ili pridavka. Nam ne ni treba clenstvo vo EU i NATO, ionaka dvete se veke na stakleni noze. EU e vo golema kriza i ke propadne a NATO ne mozi da prestane da ne vrsi terorizam zaedno so Amerika. Nam ne ni e mestoto vo edna takva teroristicka organizacija sto ima ubieni iljadnici civili i toa samo po greska. Pa do koga so ovie nivni greski???
nacional-patriot, 09.02.2012 07:55:59
Dali za Slovencite ili konkretno za Kacin bi bilo prifatlivo imeto istocna Slovenija za negovata drzava Slovenija dokolku Italija ja ucenuvase za vlez vo NATO i EU?Samo da objasnam za neupatenite zosto Italija ako bese los sosed ke ucenuvase.Vo Italija ima oblast sto se vika beneska Slovenija i taa oblast granici so R.Slovenija,drzava koja e istocen sosed na Italija i istocen sosed na taa italijanska oblast.Oblasta i e dadena na Italija od golemite sili i e so etnicki Slovenci koe se malcinstvo vo Italija.No Italija ispadna fer kon R.Slovenija i ne barase dodavka,a i ne se samoponizuvase Italija so glumenje strav od malata R.Slovenija deka demek Slovencite ke si baraat obedinuvanje so beneska Slovenija.Ete Jelko,vo toa e sustinata,Slovencite imaat korekten sosed Italija,a Makedonija ja ima za sosed drzavata so glaven grad Atina koja se samoponizuva glumejki strav od nepostoecki teritorijalni pretenzii od Makedonija kon Atina.Dodavka i posle imeto i pred imeto e stetna za Makedonija.
B. Betinski, 09.02.2012 08:02:36
Koga g. J. Kacin veli deka onaa politika koja go istura prasanjeto so „nacionalniot identitet“ vo prv plan, na steta na mnogu drugi prasanja od prakticniot zivot (na. pr., rabotni mesta za okolu 35% populacija koi ja nemaat, radikalna promena na politickiot koncept koj ja dovede RM na prvo mesto vo svetot po mizerija), toj samo potsetuva (na mek nacin) deka toj ,„identitet“ е samo del od strukturata na licnosta, ne povazen od „personalniot“ i „profesionalniot“. Onaa politika koja go stava akcentot vrz prvoto, a go zaborava vtoroto i tretoto, brka nekoi svoi skrieni celi, a ne celi na lugjeto koi gi vladee. Stanuva zbor za struktura koja pravi se za da se odrzi na vlast zatoa sto vlasta e - slast! Vo polit. teorii toj vid politika se vika makijavelizam.
do sando novoselec, 09.02.2012 08:14:31
Sve dodeka mislite deka sekoj sto saka da vi kaze ona sto go misli a istovremeno toa najvise ve boli i za toa ste svesni a vie gi ocrnuvate dobronamernite sugestii so zborovite od kujnata na DPMNE dobro poznati ,dotogas nie ke tapkame i ke odime nazad.Prijatele najgolemo zlo vo zivotot mi se slucilo od tipovi sto postojano mi velele aj dobro e terajsi rabota ,site sto mi kazuvale vo oci za losite raboti sum gi smetal neprijateli no vidov deka tie mi bile pravite prijateli.\sando najmnogu boli vistinata koga nekoj ke ti ja kaze vo oci a istovremeno ti ja znaes no nesakas poradi nekoj okolnosti da priznaes neli e taka sakam utre da dades odgovor no ne vo stil da plukas nego da razmislis pa da pisuvas.Sando ima li pravda ako ja imase i kaj nas ke se primenuvase pa zatoa nie doma si terame i ne pocituvame pravo taka e i na drugi mesta i ne ocekuvaj nekoj od sozaluvanje da ti progleda niz prsti.Pri sila Sando nema pravdina i srbite korenja ke jadea ama vidoa nebiva so korenja stomakot saka
Hrabri, 09.02.2012 08:23:08
До Sando: Во интервјуто на J.Кацин има критика кон фалангата на Груевски која не сака Македонија во Европската унија, на удбашките фалсификатори на историјата кои сеат лаги за Бугарија и на популистите патриоти кои сакаат етнички конфликти. Ако ти си еден од наведените - да против тебе е, но за другиот дел од народот во Македонија Кацин е коректен и пријател.
od ostrijot, 09.02.2012 08:39:17
vladata nesaka kompromisi i resenija taka se posigurni a i foteljata imje zagarantirana.
miki, 09.02.2012 09:06:37
A da ve prasam zagrizeni-STO AKO STE SEVERNO MAKEDONCI? Taka ke bidete pomalku Makedonci? Nema da si go zboruvate jazikot? Ili sakate da prodolzi propagjanjevo DO RASPAD I SAMOISCEZNUVANJE NA DRZAVAVA? Sakate se sto vredi DA SE ISELI? Sakate da gledame KAKO SE DELI? Aj malku prst na celo?
Goran, 09.02.2012 10:11:02
Se gleda kolku Slovencite gi rešija problemite so Hrvatska okolu Piranski zaliv,so del od Avstrija imaat ušte nerešeno a i so Italija,edinstveno ne znam dali so Mađarite imaat problemi
antibiotik, 09.02.2012 11:03:22
Pravo evropsko razmisluvanje,ama za kogo vmrovcinjata nemaat kapacitet da svatat.Evropa e civilizaciska pridobivka,a tamu nema mesto za primitivci,najobicnii banditi koji go kradat svojot narod,sudiji koji sudat po fakti i dokazi,a ne po naredbi,mediumi koji pisuvaat toa sto gledaat,istrazuvaat,tamu ima pravila koji se ANT-VMROVSKI,zosto ako se priblizime do EU,ke bide isto kako vo Hrvatska,nekoj koj kradel,izmacuval svoj narod,seel strav,ke mora vo zatvor,a dojdencite od provincija ke si ase vratat vo svojite sredini ke ne olabavat malce.....e toa ke se sluci ako odime kon EU,i zatoa na vmrovcinjava ne im odgovara EU....
tino, 09.02.2012 11:05:38
Se javija domashnite predavnici so tekst i komentari. A za avstriskot vazal, izgleda pak kodoshite go isplatile so nova nadez. Ako ste demokrati ke objavite.
elena, 09.02.2012 12:49:53
LA@NI PROROCI (po Evangelieto) }e dojde vreme na la`ni proroci [to bo`em vo moe ime ]e ve zbiraat po plo[tadite, ]e krevaat vreva do nebesi, ]e se buvtaat vo gradite. Nemojte da im veruvate! Tie mislat samo na sebesi. {to deka proglasuvaat deka ve spasuvaat! Bes gi raspina vnatre du[ite da vi gi zatre. Tie varosani grobovi! Ne da im stanete robovi! Bla`e Koneski
lidija, 09.02.2012 13:42:33
vistinata e kako silo .................................i mnogu boli !!!
Bobi 77, 09.02.2012 13:54:30
Kumanovci imaat edna dobra izreka NE MRSI KONCI
wd4, 09.02.2012 21:41:14
Koj pa tebe te prasuva...odi be u dezelata i ne sviri mnogu

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -6°C

Облачно

Понеделник
Снег
Макс: -2°C, Мин: -9°C

Вторник
Слаби снежни врнежи
Макс: -1°C, Мин: -9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печат��но издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |