06.02.2012, 17:55 Веле Самак: „Мерцедес“ доаѓа во Македонија
Германскиот концерн планира во првите десет години да оствари извоз од 1 милијарда евра и да учествува во БДП со 250 милиони евра
Маја Томиќ
Германскиот и светски познатиот производител на автомобили „Мерцедес“ многу скоро ќе ја почне својата инвестиција во Македонија. Министерот за странски инвестиции Веле Самак ја кажа со име германската компанија која премиерот Никола Груевски пред два дена не сакаше јавно да ја обелодени, а ги посочи истите информации околу новата инвестиција од делот на автомобилската индустрија. Министерот Самак за „Утрински весник“ вели дека дека се во завршна фаза преговорите со владиниот тим и уште следната недела ќе биде прецизирано каде ќе се лоцира новата македонска фабрика на „Мерцедес“. Ќе треба да се пресече меѓу Велес и Кавадарци. Претставници на компанијата, по детални испитувања и анализи ги пикирале овие два града, каде што има поголем број на млади, невработени лица, а веќе преговарале со градоначалниците, кои позитивно ја примиле информацијата за оваа голема инвестиција, вредна околу 30 милиони евра. „Во завршна фаза се меѓусебните консултации и начелно е веќе договорено дека наскоро, за два до три месеци ќе се склучи договорот за инвестирање меѓу „Мерцедес“ и Владата. Инаку, компанијата планира да вработи вкупно 4.000 лица, а уште од есенва да почне со специфичната обука на кадри, за идната година напролет да стартува со производство. Во почетокот се најавува вработување на околу 400 лица“, вели Самак.
Тој нагласува дека ќе се произведува електрична и кабелска инсталација за возилата од Ц-класата на „Мерцедес“, а целото производство ќе биде наменето за извоз. „Станува збор за многу значајна инвестиција за македонската економија. Според начелни пресметки на ’Мерцедес‘, во наредните 10 години од почетокот на производството треба да се реализира извоз вреден една милијарда евра, а нето-учеството во домашниот бруто- производ да изнесува 250 милиони евра“, изјави Самак. Тој лани во декември, по петгодишни напори, ја најави и големата германска инвестиција на „Кромберг и Шуберт“, која тежи 20 милиони евра и треба да се реализира до крајот на 2012 година во битолската зона „Жабени“.
Самак ги потврди најавите на Груевски и за нова белгиска инвестиција, која треба да пристигне, исто така, во текот на оваа година, посочувајќи дека станува збор за компанијата „Ван хоол“ од Белгија. Таа треба да произведува автобуси наменети за американскиот пазар. „Менаџментот планира да почне со градба многу брзо, најдоцна до крајот на април и тоа во економската зона, ТИРЗ Скопје 2. А, еден од главните услови поради кој е донесена одлуката за инвестирање е нашата евтина работна сила. Ова е една од ретките фирми која брзо ја објави веста за инвестицијата која ќе изнесува меѓу 17 и 20 милиони евра. За почеток ќе се вработат од 300 до 400 лица“, посочи Самак.
Додава дека засега овие две инвестиции се потврдени како проекти, а дека годинава се очекуваат уште осум други. Кон крајот на јануари и владиниот Комитет за странски инвестиции соопшти дека годинава треба да очекуваме инвестиции од десет странски компании. Нивните имиња, како и секогаш, не се соопштија јавно, само од Комитетот беше кажано дека тие веќе имале до Владата испратено известување оти донеле интерни одлуки за почнување инвестициски проекти во Македонија.
Инаку, германските бизнисмени последен пат се запознаа со нашите можности за инвестирање лани во декември при роуд-шоуто на владиниот тим, а за нашите инвестициски можности се расправаше и неодамна на заедничката средба меѓу Европската бизнис-асоцијација, Македонско-германското стопанско здружение и Македонско-австриската бизнис- асоцијација. Груевски тогаш потсети на сите поволности за странските инвеститори, како и на фактот дека Германија е најважниот трговски пар��нер. Во последните 10 години околу 18 отсто од македонскиот извоз се реализира на германскиот пазар, а над 11 отсто од увозот е од Германија. Истовремено, германските компании се меѓу првите десет најголеми инвеститори во Македонија.
Минатата година во индустриската зона „Бунарџик“ лопатите ги фрлија италијанската „Текнохозе“, „Кемет електроникс“ од САД, „Протек“ од Русија, „Мадерсон груп“ од Индија, додека „старата“ „Џонсон контролс“ почна со изградба на уште една фабрика во Штип. |
|
Статијата е прочитана 5840 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Hari, 07.02.2012 00:08:45 | Da puknes covece me iznasmeja:)) |
| македонец, 07.02.2012 00:36:42 | Ги фрлија лопатите, па потоа можеби и фабрика ќе се изгради... после кој ќе кука и седи по кафани низ Македонија ако се вработат луѓето?!?!?! |
| CVETKO, 07.02.2012 01:03:47 | Chovekov totalno zabegal |
| Небојша, 07.02.2012 01:12:13 | Ова е нов вид на патриотизам. Се наеваме дека сите ке се радуваме а не да изнаогаме маани. Браво дечки одлично сработено. И Мерцедес денес ова го објави во Германија. |
| Toni, 07.02.2012 01:17:01 | А зошто не во Битола? Во Битола да не нема невработени млади лица? А и повозрасни? Или ги доведовте грчките крвопијци, па тука е сѐ завршено,а? Страшно! |
| sasko, 07.02.2012 03:10:43 | sekoja cest samo prodolzete |
| cane sokolovski toronto, 07.02.2012 05:17:51 | Ауу, 30 милиона? А кај се осумте милијарди! Добро, добро, да не бараме погача преку леб. |
| Bond, 07.02.2012 08:02:33 | Neverojatno. Da socekam i od Makedonija prekrasni vesti. Gospod da mu dade zdravje i napredija na Samak i na site od negoviot tim, ako se ostvari ovaa rabota. Tolku e ova ubavo, prosto da mu e strav na coveka da se raduva samo da ne bide se popusto.
Izgleda deka gospod sepak ne ja zaboravil Makedonija. |
| Audi, 07.02.2012 08:41:40 | Немој само да биде како со Ауди што требаше да инвестира. |
| ФЕЛИКС, 07.02.2012 09:51:47 | Мали Hari мисли ова е АУДИ па ако не се фрли нешто за во џеп,нема фабрика.А и онаа ха,ха,хи,хи се однесува Џонсон контрол,кој идната година во Штип ќе вработи ситниш од 1400 работници,а сега нешто преку 70.И на крај поарно е лопати да се фрлаат,белким некоја лопата ќе ја доживее судбината на Џонсон контрол,отколку јад,чемер,неспособност а гарнирано со трње и коров по индустриските зони во времето на дружината на Hari. |
| bardul, 07.02.2012 10:14:21 | odime napred po malce ama sigurno, samo bi zabelezal vo vrska na lokacite ,padajte nesto i vo strusko -ohritskiot region i tamu ima mladi nevraboteni blagodaram. |
| goran, 07.02.2012 11:11:52 | airlija da e, so gospod napred, pa i nas MAKEDONCIVE da ne bidi |
| golema ronka, 07.02.2012 11:42:26 | Sto se 20 milioni evra vo odnos na trista i kusur milioni evra za Skopje 2014???? |
| Hari, 07.02.2012 12:44:46 | Do Felix, i na ovaa tema komentiras??? podobro sokrij se i cuti , ovde nema komentar:))) Pocna da upotrebuvas KE posle 6 godini, prazna glavo..... |
| Sasho Manevski, 07.02.2012 15:32:45 | Se dodeka vladata gi objavuva investiciite sami po sebe bez prisustvo na investitorot ke ima somnevanje vo verodostojnosta na vesta! |
| vace, 07.02.2012 19:18:06 | Eh zlaten Audi ,da vlezese pred 15 godini , amerika ke bevme na balkanot.Ke proizveduvavme koli a ne sega bajki ni kazuvaat. |
| Nata, 07.02.2012 19:38:15 | A koja godina ke se sluci golemiot nastan. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -2°C
Слаби снежни врнежи
|
Сабота
Слаби снежни врнежи
Макс: 0°C, Мин: -3°C
|
Недела
Мешавина од дожд и снег
Макс: 2°C, Мин: -4°C
|
|
|
|
|
|