10.02.2012, 18:05 Гутен таг, фрау Меркел!
Груевски во вторник во премиерска посета на Меркел во Берлин. Средбата Груевски - Меркел се смета за клучен потег на македонската надворешна политика пред самитот на НАТО во Чикаго
Соња Крамарска
Премиерот Груевски во вторник во Берлин треба да се сретне со канцеларката Ангела Меркел. Македонскиот државен врв забрзано прави подготовки за оваа важна средба. Се прави списокот на прашања што треба да бидат опфатени во разговорите, иако како што е вообичаено дипломатските канцеларии на двете земји, ја усогласуваат агендата уште пред да дојде до средбата на политичките првенци.
Владини извори наведуваат дека тема на разговорите ќе бидат претстојниот самит на НАТО во Чикаго и можноста Македонија да се најде на априлската агенда на алијансата. Кога се говори за тоа, централното прашање е спорот со Грција околу уставното име на нашата земја.
Надвор од овие прашања, она што ги спојува Македонија и Германија е малку наспроти она што ги прави различни во секој поглед. Македонија има бруто домашен производ во 2011 близу 10 милијарди долари, што спаѓа во рангот на мали економии. По глава на жител приходот изнесува 9.400 долари. Реалниот раст на бруто домашниот производ во 2011 беше 3,5 проценти. Стапката на невработеност ни' е 31,3 проценти.
Германија е најголемиот трговски партнер на Македонија. Со бруто домашен производ од 3,5 билиони долари, или годишен приход по глава на жител 40 илјади долари и стапка на невработеност од 6 проценти, Германија е една од најсилните економии во светот и земја економски лидер на Европа. Нејзината улога во должничката криза се смета за клучен фактор во нејзиното менаџирање и решавање.
Во Германија живеат околу 62 илјади Македонци, главно во Баварија, Берлин, Хановер и Штутгарт. Според македонски извори таа бројка е 85 илјади. Но, тие нема да бидат тема на разговорите Груевски - Меркел.
Претстојната посета на Груевски на Берлин е втора средба од таков ранг со канцеларката Меркел. Првата беше во октомври 2006, веднаш по неговото стапување на функцијата премиер на Македонија. Меркел тогаш беше премиерка со стаж од само една година. Тридневната посета на Груевски на Германија тогаш беше со надеж дека Македонија ќе ја добие поддршката на Берлин при зачленувањето во ЕУ и НАТО. Тогаш Меркел рече дека Германија сака да им осигура на балканските нации добра патека кон иднината, но не даде никакви сигнали за конкретни чекори кои Скопје може да ги очекува од Берлин, особено во пресрет на претседателството над ЕУ што требаше Германија да го преземе.
По таа посета, оцените на посматрачите беа дека Германија, сепак решила да седи на задното седиште во однос на македонските аспирации за ЕУ и НАТО и особено во спорот помеѓу Грција и Македонија околу уставното име на нашата земја.
Посетата во вторник треба да им даде нов импулс на односите меѓу двете земји. Македонската ВМРО-ДПМНЕ и германската Демохристијанска унија на чие чело е Меркел спаѓаат во редот на десните партии, што подразбира подлабока сестринска соработка. Оваа врска се одржува главно преку фондацијата Конрад Аденауер, која и дава асистенција на ВМРО-ДПМНЕ на секои избори и врши политички обуки на нивното членство.
Груевски е економист, а Меркел е доктор на науки со специјалност по физичка хемија. Заедничко на двајцата е што економијата ја ставија како централно прашање во нивните премиерски платформи. И двајцата предводеа или предводат голема владина коалиција, особено Меркел во првиот мандат, а Груевски во сегашниот кој се смета за трет мандат со оглед на двата циклуси предвремени избори.
Премиерот Груевски веќе беше кон крајот на 2011 во посета на Германија, каде заедно со неколку министри ги презентираа можностите на Македонија за странски инвестициски вложувања. Податоците за германските инвестиции во Македонија не се импресивни, односно тие се проценуваат на 50-тина милиони евра. Средбата Груевски - Меркел се смета за клучен потег на македонската надворешна политика во пресрет на самитот на НАТО во Чикаго во април, и во напорите Македонија да излезе од ќорсокакот во кој западна со грчката блокада на авроатланските аспирации. |
|
Статијата е прочитана 2853 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 11.02.2012 00:09:38 | Za pozdravuvanje e sekoj vakov obid, iako realnosta e daleku po pesimisticka i ne obekava deka duri i so vakvi obidi moze nesto da se promeni. Mu posakuvam sreka na Premierot vo bitkata koja ke ja vodi vo Germanija vo obid da izdejstvuva zaclenuvanje na Makedonija vo NATO i EU, mozebi i nema da ja dobie bitkata, no e vredna za trudot. |
| ГЕРМАНИЈО САМО ТИ МОЖЕШ, 11.02.2012 00:18:48 | Имам големи очекувања. Колку само Германци ја сватија суштината на грчките лаги за Македонија. Колку многу стори германскиот амбасадор Ханс Лотар. Неговата книга Македонскиот јазол е суштината на проблемите наши за име, јазик црква а не Александар. Проблем останува уште Франција. |
| исправка, 11.02.2012 00:50:08 | На два пати С.К. споменува „ спорот со Грција околу уставното име на нашата земја“.Драга Крамарска,спор на Грција околу уставното име на нашата земја постоеше до 1993г.Во април 1993 Советот за безбедност донесе Резолуција 817 со која уставното име на нашата земја престанува да важи.На нашата земја и`е доделено привремено име ФИРОМ.Тоа значи дека,ако веќе постои спор за уставното име,тој спор е помеѓу нашата земја и Советот за безбедност затоа што Советот за безбедност не го призна нашето уставно име.Не постои спор помеѓу нашата земја и Грција околу уставното име,туку обврска што произлегува од Рез.на СБ на ОН,а тоа е преговори помеѓу ФИРОМ и Грција за решение кое ќе го замени привременото име ФИРОМ.Во ниту еден документ не стои дека ние и Грција преговараме за уставното име на нашата земја.За жал. |
| Морис, 11.02.2012 08:05:32 | И србите се крстеа во Меркел па им даде една понуда земи или остави за Косово и толку.Исто сега ке му напраи на Груевски.Ке му фрли коска и ке си го добие она што Меркел, Саркози и американската дипломатија го договориле дека Макеоднија треба да го прави она што ти го сакаат.Тое с епрво да си ги собере кучињата од политиката во партискиот подрум, второр да батали антиквизација , да си ги собере сметките од таму и ваму и да СЛУША. Ако сака ако не еве му една афера. А да заборавив дека треба да се изјасни Грујо али е со американците, али е со европејците. на чисто да е Меркел. |
| Dime, 11.02.2012 08:22:31 | Ne ocekuvajte golem nadez od Merkel,ona izjavi deka nema interes da e prosiri EU, nasproti toa od 27 drzavi saka da gi namali na 17(toa se 10 clenki sto ne gi ispolnuvat uslovite vo EU). |
| Lele Majko, 11.02.2012 09:24:02 | Lele majko sega koa ke zbasnat grcite deka Grujo gi provocira sto odi kaj Merkel.
Pa toj Scimarakis. A nasi poznati strucnjaci ke ni objasnat deka ne e dobro da se druzime so kancelarkata koga grcive i se mnogu luti |
| Hari, 11.02.2012 09:24:58 | Ke dobie nas Grujo uste edna zauska od Merkel, sredbata ke ni bide prikazana kako golem uspeh na nasiot Pinikio, i za se vo drzavava ke bidat vinovni EU, NATO, Amerika, Grcite opozicijata, nevladinite, ambasadorite vo Skopje i sekako Branko....... |
| Mapkoc, 11.02.2012 10:54:16 | Пред да тргне кон Германија, г. Премиер треба да ги остави сите можни илузии дека кај госпоѓата Меркел може нешто да ќари со нему својствени божемни лукавства. Ако не верува нека го праша председателот на Србија, Борис Тадиќ, како тој помина при неодамнешната не��зина посета. И од штурите соопштенија по средбата со Ангела Меркел, македонската јавност веднаш ќе разбере дали е г. Груевски подготвен за компромиси кои ќе го деблокираат патот кон НАТО и ЕУ. Без тоа, колку и да е јака, гооспоѓа Меркел нема ни да сака да помогне. |
| od ostrijot, 11.02.2012 12:23:13 | sigurno kemu rece koga kese razbudis od antikot
ke razgovarame za EU I NATO. |
| von kragh, 11.02.2012 12:26:06 | Ne e med i mleko vo Evropa, podobro receno se odi na poloso i poloso... Nie treba da gledame malku podaleku, za 20 god. Evropa kakva sto e sega, nema sansi za opstanok... Zatoa treba da si terame nasata rabota... Otvaranje kon celiot svet... Ne e samo EU i Nato... Sme se zalepile za niv kako muva na g...., a oni jadni vo takva depresija da ce pocnat da isteruvaat a ne da primaat... Premierot e ok vo toj smisol samo treba malku povece agresivnost i upornost... Tesko si na tie sto se vo EU, a ne se za tamu... Si igraat so niv kako LEGO kockici... Dali i nie sakame vo takva nedosolena corba, da se varime... |
| pile, 11.02.2012 12:56:39 | Danke sen frau Kramarska, i sodrzjinata vo komentarot vo ispravka neka bide sostaven del na vakvi rubriki zaradi pravilno informiranje na javnosta.Inaku ispolnuvanjeto na obvrskite za nadminuvanje na razlikite so imeto so sosedna Grcija, koi proizleguvaat od Rezolucijata 817 na SB pri ON, ovaa politicka garnitura na vlast vo R.Makedonija, neisklucuvajki ja nitu Dui kako nisto pomalku vinovna politicka partija,veke, i na dokazjaniot prijatel na R.Makedonija,a mentorot na DPMNE, R.Germanija i e` jasno, deka e nemozno, sto vo idnina bi generiralo bezbednosni problemi vo regionot.Neserioznoto liderstvo i stavanjeto na partiskite i licni interesi pred interesite na Makedonskite gragjani ke rezultira so OSTAVKA i vrakanje na mandatot,i stavanje vo funkcija na Zakonite vo R.M.,sto barem malku bi go zasenilo politickoto fijasko na sekoj plan na ovaa politicka garnitura na vlast vo R.Makedonija.Germanskata preciznost pa i vremenska, e mnogu vazna za prijatelska Germanija, vladiniot avion |
| dragi, 11.02.2012 13:11:35 | Za Makedonija -- Kancelarkata treba da vlijae vrz Sarkozi koj vo negovi race e klucot za Nato i EU .Toj e sega i zavisen od podrskata na Merkel za prestojnite presedatelski izbori... |
| kris, 11.02.2012 14:32:48 | Нека оди, нека не се занесува и нека не ги зема со себе Јанко, Латас и Миленко.............. |
| seirdzija, 12.02.2012 12:18:28 | Kogo pozdravuvas Jovane???Vakva politika???Pa prvo sto Merkel ke mu kaze e doma da si sedne i da si muabeti so opozicija,a ne da proizveduva predavnici od Makedonski gradjani i normalno da se resi problem so imeto.ROAD SHOW pravi,a vamu bega kako djavol od temjan od soocuvanje.Doprva ke pocnat da ni idat smetkite od neserioznoto zadolzuvanje,a koe ke go vracame od sto???Uste malku pa ke vidat i budzetarite deka si ja trosele sopstvenata idnina koga ke spadnat na 20,30 evra plata,koga sega vece ja zemaat so pozajmeni pari...Kakvo Nato,aj da ne se lazeme ova govedo ja ispusti 2008 koga site clenki ni bea nakloneti,toj pred samitot resi da vnesuva antika u politika i da preimenuva aerodromi,stadioni....i od TAKOV MORON ti ocekuvas ARNO???.... |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -5°C
Претежно облачно
|
Понеделник
Снег
Макс: -2°C, Мин: -9°C
|
Вторник
Слаби снежни врнежи
Макс: -1°C, Мин: -9°C
|
|
|
|
|
|