10.02.2012, 18:02 Нимиц во уште една невозможна мисија
Домашни аналитичари песимисти за резултатите од посетата
Слободанка Јовановска
Форма или шанса - е рас��онот во кој се движат очекувањата околу претстојната посета на медијаторот Метју Нимиц на Скопје и на Атина, прва по цели две години и непосредно пред самитот на Алијансата во Чикаго. Во поголем дел, сепак, преовладува мислењето дека од посетата нема да има резултат, бидејќи нема ни политички услови ни политичка волја за тоа.
„Ниедна посета на Метју Нимиц не е формална. Тој ќе се обиде да тестира некоја нова варијанта за решавање на спорот. Веќе имаше посебни средби со преговарачите во Њујорк и сега сака да го испита тоа што го слушнал со премиерите Никола Груевски и Лукас Пападимос“, смета експремиерот Владо Бучковски. Според него, Нимиц не би дошол на вака долг пат по две години ако нема друг пакет-идеи, но проблем освен тврдите изјави на Груевски е и фактот дека Грција го има Пападимос за премиер, па реално не може да се заокружи некоја идеја за спорот. Сепак, според Бучковски, сега е вистински момент да се ефектуира победата од Хаг, со оглед на тоа дека досега државното раководство играше погрешно, мислејќи дека автоматски ќе биде анулирана одлуката од Букурешт.
Околу тоа дали негативната реторика околу средбите во интерес или на штета на Македонија и на преговорите, Бучковски смета дека вокабуларот што се користи сега кај нас е сосема погрешен и дека со него сами си ја минираме предноста што ја имаме со пресудата од Хаг. „Ние треба да го искористиме секое доаѓање и среќавање со Нимиц за продор, бидејќи Грција може да спори наредните сто години, а ние не можеме“, заклучи тој.
Ексминистерот Љубомир Фрчкоски е категоричен дека од посетата нема да има никаков резултат, бидејќи не постои политичка волја кај нас да се реши проблемот со Грција. „Нашето раководство не може и не сака да го решава спорот. Ова е само губење време и зафркавање со нас“, вели тој, додавајќи дека координирањата на највисоките функционери се повеќе глумење конструктивност отколку реална подготовка за преговарање.
И Ристо Никовски не очекува ништо особено од доаѓањето на Нимиц, бидејќи, според него, посетата е чисто рутинска и е само демонстрација дека процесот опстојува, иако фактички е маргинализиран. Овој негов напор треба да покаже дека Атина се' уште е дел од процесот и дека тамошната криза не го елиминирала нејзиниот интерес за решавање на спорот, што според Никовски не е точно. „Додека трае кризата во Грција, барем следните три-пет години договор за спорот не е можен“, категоричен е Никовски, но додава дека треба да покажуваме нагласена подготвеност иако сме свесни дека посетата е само политички маневар.
Повеќе обид на големите сили да покажат дека процесот на преговори не е мртов отколку желба и можност на двете страни да најдат решение за тешкиот проблем, е генерална оцена и на ексминистерот Денко Малески. „Двете страни се' уште се заробеници на националистичките и ’етничко чисти‘ интерпретации на грчката и на македонската историја, што не овозможува да се продре до корените на спорот и тие да се релативизираат. Згора на ова, Грција е заробеник на тешката економска криза, па суштински преговори се можни само по формирањето политичка влада. Македонија, пак, е заробеник на својот успех во Хаг, па суштински преговори се можни само откога ќе го провери реалното значење на пресудата на самитот на НАТО во Чикаго, но никако пред тоа. Значи, посетата, во најдобар случај, ќе биде подготовка за идните суштински преговори кои треба да следуваат помеѓу нашите и, најверојатно, нивните националисти, а во најлош случај уште еден залуден обид на добронамерен странски посредник два народа прв пат во историјата, со мирни средства да најдат решение за еден балкански проблем“, оценува Малески.
|
|
Статијата е прочитана 647 пати.
|
Испрати коментар
|
|
До малескиот, 11.02.2012 00:27:18 | Добро бе човек подеднакво ли сме виновни за проблемот. Добро бе човек ако толку е ЕУ демократска кога ќе го регистрира ЕУГрција домот за култура на Македонците. Добро бе човек кога ќе се регистрира ОМО Пирин. Добро бе човек подеднакво ли сме националисти како Грците. Подеднакво ли геноцид извршивме. подеднакво ли туѓа територија анектиравме а на народот во анектираната територија јазикот му го забранивме и го асимилиравме. Имаш проблем само со себе. |
| Dali Maleski poznava problematikata za IMETO!?, 11.02.2012 00:48:21 | Kade go najdovte dr. Maleski. Toj napravi najgolemi geshki pri zachlenvanjeto na RM vo OON nepoznavajki ja postapkata za priem, i beshe kum na V. Spogodbata, pregovorite i nelegalnata referenca. Poveke pati menuvashe svoeto mislenje za imeto. Imashe stav deka Grcija trijumfano ke pobedi vo Hag, deka bitkata za imeto e besmislena itn.... |
| пријател, 11.02.2012 01:07:44 | Сите карти се на страна на Грција.Советот за безбедност не го призна нашето име Република Македонија,туку го промени со привремено име ФИРОМ,и побара нашата земја и Грција да се сложат околу ново име.Истото од нас го бараат и НАТО и ЕУ,што значи дека остануваме надвор од овие организации и со име ФИРОМ во ОН,се додека не се најде решение во преговорите.Нашите прават се`,само не прават она што од нас го бараат Совето за безбедност,Генералното собрание на ОН,НАТО,Еу,а дури и судиите од Хаг,а тоа е решение преку преговори.Ако тоа нас ни е поставено како услов за членство во НАТО и ЕУ,кој треба да превзема иницијатива? |
| do prijatel, 11.02.2012 08:56:26 | Dobro bre prijatel.Koj si ti?Ke se predstavis koj si?Gledam deka postavuvas edni te isti nebulozni tvrdenja vo poveke statii samo pod razlicni iminja.Ili si nekoj grk,ili grcki platenik.se znae koj e vinovnikot i koj saka da go nema ovoj narod i drzava,a so toa da si ja prikrie fasistickata politika i izvrseniot genocid-poranesnata otomanska provincija Juninistan.Bog da cuva od vakvi prijateli |
| Dobar den, 11.02.2012 09:19:58 | Znaat li ovie vasive sogovornici sto se slucuva vo Grcija koga vikaat deka kaj nas ne postoelo volja da se resi sporot. Nie sme se zafrkavale
A u atina ima volja? Ja zae... cela EU, 26 zemji ne mozat da izlezat na kraj so Grciva i pak nie sme krvi. Bog da cuva so isti experti 20 godini |
| od ohrid, 11.02.2012 11:45:49 | mnogu e vazno da se utvrdi sto e mandatot na nimic, sto bara svetot za bezbednost, sto ne bara (sovetot ne bara da se razgovara za imeto makedonija, za makedonskiot jazik, za pridavkata makedonski, za makedonskiot identitet. svetot bara da se zameni segasniot opisen del na referencata so nesto drugo. vo razgovorite treba da se maksimalno dobro sogleda da li se dvete strani navistina spremni da se postigne resenie. treba da im e jasno deka odlukata ja donesuva sovetot a ne skopje ili atina po predlog na nimic ili clenka na sovetot. |
| Kiko, 12.02.2012 00:21:52 | Сватете сите дека безбедноста и економските интереси се најбитни цели во меѓународните односи, а силата (било воена, било економска) е секогаш пресудна. Сите што се обидуваат да дебатираат за правда, немаат поим од меѓународната сцена. Така било од секогаш, така е и денес, со тоа што денес е помалку брутално и можеме да кажеме дека во споредба со претходниот историски период, денес меѓународниот поредок е најправеден од било кој што постоел до денес. |
| pile, 12.02.2012 01:39:59 | Javnata blamazja pred zaednickite sojuznici i prijateli pomegju dvete sosedni zemji, R.Makedonija i R.Grcija, neminovno predodredeni za sorabotka od ekonomski do bezbednosen plan,vrz baza na megjunarodnoto pravo i evropskite vrednosti i standardi,krajno vreme e da prestane.Nadminuvanjeto na apsurdniot problem so razlikite za imeto, kreiran vo drugi vreminja, od pogresni politicki kreatori, za tugji interesi,za nekoi politicki lideri od dvete zemji ke znaci delumno gubenje na rejtingot pa duri i pad na nekoja Vlada, no za gragjanite na dvete zemji ke znaci nova stranica vo razvojot na dobrososedskite odnosi na dolgorocen plan.Vistinskiot moment za pomiruvanje e sega, i mozjnosta za radikalno odobrovoluvanje od strana na R.Grcija ne treba da se propusti, so sto ke postigne poveke celi, megju koi i pobrzo pagjanje na Vladata na Nikola Gruevski.A politicarite od R.Grcija kako i mnogu drugi,nego veke go smetaat za neseriozen partner za sorabotka. |
| Румелистански пријател, 12.02.2012 18:08:34 | Добро , бе „ До пријател“ кога ќе се вратиш во реалниот свет!Јасно е кажано од Советот за безбедност , НАТО и ЕУ ,дека Грција и Македонија треба да најдат заеднички прифатливо решение за името , а дотогаш сме ФИРОМ.Каква врска има турскиот назив за Грција Јунанистан (Земја на Јонското Море) или за Македонија како дел од Румелистан (земја одземена од Ромеите).Освести се и описмени се! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -5°C
Претежно облачно
|
Понеделник
Снег
Макс: -2°C, Мин: -9°C
|
Вторник
Слаби снежни врнежи
Макс: -1°C, Мин: -9°C
|
|
|
|
|
|