10.02.2012, 18:06 Мислења
Власта треба да се менува
Ѓорѓи Спасов
Владата на Груевски е концентри-рана на три клучни активности за да ја зачува или да ја зголеми поддршка��а
За здравјето на нацијата е добро власта да се менува. Има еден афоризам кој гласи: „Политичарите и пелените треба често да се менуваат. И тоа од истите причини“. Се сетив на овој афоризам кога во 1999 година, по амнестијата што ја добија градоначалниците на Тетово и на Гостивар од новата влада, Арбен Џафери од собраниската говорница рече: „Ние, всушност, не правиме ништо друго, освен што пуштаме вода, во шолјата која подолго време ја користеше претходната власт“.
Ова за нечии уши можеби звучи прегрубо, но факт е дека секоја власт прави низа грешки за време на својот мандат. И колку е контролата врз неа помала, толку таа е во прилика да направи поголеми грешки. Власта, заклучиле големите филозофи, едноставно ги расипува луѓето. Малата власт малку, средната средно, а апсолутната власт апсолутно. Само промената власта и свеста на политичарите дека не е можно да останат вечно на власт е она што нив ги прави одговорни.
Наспроти оваа законитост, во Македонија можеше често да се слушне дека ако ВМРО-ДПМНЕ ја освои власта, тоа ќе биде таа промена која ќе трае следните сто години. Но, по првите две години во 1990-тите години тоа не се случи. Не се случи ниту по победата на ВМРО-ДПМНЕ во 1998 година. По победата во 1990 година, таа партија и не формираше влада.
По втората победа во 1998 формира, но во коалиција со ДА на Васил Тупурковски и Арбен Џафери, а по третата победа во 2006 години формира влада во коалиција со Тито Петковски, со Стојан Андов и одново со Арбен Џафери и Мендух Тачи. Секоја од тие коалиции досега беше еден вид широка коалиција на партии од десницата, политичкиот центар и левицата. Дури на изборите во 2008 година ВМРО-ДПМНЕ успеа да добие во извесна смисла ист мандат и мнозинство со кое можеше, без нужните компромиси со други македонски политички партии (освен со социјалистите на Ѕинго и со Али Ахмети) да ја практикува власта.
Но, што се случи на изборите минатата година во јуни? Бројот на гласовите на сите опозициски партии, кои беа на тие избори за промена на власта, беше поголем од бројот на гласовите со кои ВМРО-ДПМНЕ ја зачува власта. Оттука, опозицијата во Македонија многу греши кога повторува постојано дека власта во Македонија контролира се' и дека веќе станува збор за еден тоталитарен режим кој нема да дозволи да биде сменет на избори. Оваа власт веќе го дозволи тоа минатата година, но шансата за промена на власта не беше искористена, пред се', поради доцна разбудената и разединета опозиција.
Се поставува прашањето: што е тоа што сега го прави владата на Груевски за да ја зачува или зголеми поддршката. Таа е концентрирана на три клучни активности.
Првата е користењето на еден фолклорен (со песни, игри и знамиња) одбранбен национализам, кој повеќе ја дели македонската нација од што ја обединува. Груевски, како и секој прагматичен политичар, во услови на немоќ пред блокадата од страна на Грција за интегрирање на Македонија во НАТО и во ЕУ, го крена малку повисоко знамето на националпатриотизмот и, малку неочекувано, наместо ветената „светла иднина“, му понуди на народот враќање кон славното минато. Им понуди на Македонците, како што ќе каже самиот, една нова митологизација на македонската историја, која им го враќа чувството дека не се „тиква без корен“, дека не се поразени и дека ако низ името на државата сме го зачувале споменот на Александар Македонски, така може би треба да го зачуваме и споменот дека и Грците некогаш биле победени од некого.
Тезата на грчките националисти „Македонија е грчка“ доби одговор во стилот „Можеби Македонија е грчка, ама Александар е Македонски“. Колку и светот тоа да не го разбира, оваа нова политичка митологизација, која започна со поставувањето на античките споменици пред зградата на Владата во Скопје, па продолжи со поставувањето споменици на Александар и Филип Македонски и преименувањето на автопатот, аеродромот и стадионот во Скопје, се покажа како многу помобилизирачка за масите од сите претходни. Дури се покажа и се покажува како помалку иритирачка кон Албанците во Македонија од приказните за „бугарските или српските корени на Македонците“, како и од инсистирањето на чисто словенските корени на населението и на христијанското братство и солидарност.
Изборите во 2011 година покажаа дека таа митологизација, колку и да личи на политичка интервенција во историјата, си има свои обожаватели и затоа опозицијата, која не може да ја сфати таа политичка игра, наместо дополнително да го продлабочува јазот, треба можеби да ја третира само како еден ��ид скап политички фолклор во функција на туристичкиот развој. И така еден американски коментатор веќе го рекламира плоштадот на Скопје како „место на кое се чини дека некое дете ги истурило своите играчки“. Овој националпатриотизам, кој е како пилула за народот против грчката ароганција, нема да и' донесе дополнителни поени на владата, но може да создава отпор кон опозицијата, која кога веќе ништо не може да смени, треба само да си дозволи да укажува на апсурдноста одвреме-навреме, како оној гостин од Албанија што забележал дека „само уште мајка Тереза не е качена на коњ“.
Вториот метод на зачувувањето на власта на Груевски е методот на перманентен политички маркетинг насочен кон дискредитирање и уништување на неговите конкуренти за власт од десницата или левицата. Тој малку во поголема форма од претходните режими за таа цел ги злоупотребува медиумите, судството, полицијата, јавната администрација и својата партија ја претвора во компанија која преку сите дозволени и недозволени методи се обидува да воспостави монопол на политичкиот пазар во Македонија. Тоа подразбира и создавање своја бизнис и финансиска олигархија и градење чуство кај населението дека таквата власт нема да дозволи ниту фер избори. Но, токму резултатите од изборите во 2011 година покажаа дека не е грешката кај власта, туку кај разединетата и по малку мрзелива опозиција. Ако опозицијата е вистина убедена дека народот е незадоволен, ама е уплашен од сегашната власт, треба само да го стимулира молчаливото мнозинство да излезе на избори, кое минатата година веќе гласало за промена на власта и да води кампања од врата до врата во стилот: „Осмели се! Направи го првиот чекор. Гласај против оваа власт!“ Но, потребно е прво таа да се осмели и одвреме-навреме да ја провоцира нетолерантноста на власта.
И третиот метод на Груевски во зачувувањето на власта е неговата тактика на користење стап и морков во политиката. Напоредно со борбата против корупцијата на политичките неистомисленици, со нивната лустрација како кодоши, затворањето на нивните медиуми, заострувањето на казните за се' и сешто, тој инвестира во јавниот сектор, што е одлика на социјалистичките и социјалдемократски влади. Инвестира во јавното образование, во јавно здравство, јавна радиодифузија, јавниот сообраќај, јавните спортски игралишта, јавни патишта, улици, плоштади, нуди јавна помош за купување куќи и станови, субвенции за земјоделството, пари за започнување нов бизнис и Владата ја претвора во најголем вработувач, инвеститор и потрошувач. Критиката на опозицијата за корумпираноста на власта ја амортизира со паролата „има за сите по нешто“.
Опозицијата не треба да си дозволи да ги критикува социјалдемократските политики (па и популистичките методи) од програмата на Груевски. Таа треба само да понуди доказ дека за истите или со многу помалку пари во тие сфери граѓаните можат да добијат многу поквалитетно образование, здравство, безбедност, патишта, јавен радиодифузен сервис во служба на граѓаните, а не во служба на партиите на власт и градби што Македонија ќе ја водат во иднината а што нема да ја враќаат во 19 век. И пак да има за секого, но и повеќе од сега.
(Авторот е универзитетски професор) |
|
Статијата е прочитана 2515 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 11.02.2012 01:14:24 | Makedonija, ekonomski, organizaciski, moralno, a i brojcano unakazena zemja. Dodaten problem e i toa sto nemame dovolno pamet kako narod/zaednica, stanavme eftini, a se pravime prepotentni, dozvolivme ne samo od nadvor da ne igraat kako sakaat, dozvolivme i doma da ni se nametnuvaat razno razni Latasovci, Zingovci, Bojovci i slicna bagra koja ne igra i majtapi kako saka, a i dobro ne peljusat. Dodeka ne zastaneme cvrsto na noze, se vrazumime i gi sogledame rabotite po marlivo i realno i gi imenuvame so ime i prezime, imame sansi barem da se oporavime(ne opravime, daleku sme).Vo sprotivno, ke bideme i ponatamu mrcvareni od edni isti, bez razlika kogo ke glasame.Prikaskite za demokratski izbori se supliva rabota preku koj so eftini manipulacii edni isti od pozadina go tormozat i mrcvarat ovoj narod, i toa veke so godini.Ako i ponatamu edni isti gi vrtime na izbori, togas toa e isto kako da stavame voda vo dupnat lonec. Ili treba da ja zatvorime dupkata koja ni pravi steta, ili nov lonec |
| Marioec od Azija, 11.02.2012 07:24:56 | Kaj zastana SDS prodolzi DPMNE,i sega kaj ce zastani DPMNE isto taka ce prodolzi SDS.I saga care koj da go izbereme,zasto od loso poloso nema nego ednakvo e se loso samo razlikata e vo nacinot.PS do toj vcera sto mi se obrati,ja promasil adresata,kolumnist bese Erol.Inaku Pejo ne gi lazese Mariovcite,tuku Komunistite prvo im ja konfiskuvaa stokata vo vreme na kolektivot,im ja odzedoa zemjata i gi izlagaa eve ce rabotite vo Prilep,Bitola i dr gradovi,ce klatite vrati i ce zemate plati,ama ne im kazaa do koga taka.A nikogas nesum ni glasal za Grujo i negovite.A vie kako noevi glata v pesok,i negledate nisto i se cudite sto ve snaodja.Pa taka ne go vidovte ni potkupot na Gligorov,i uste go stokmivte coekot za Pretsedatel na Makedonija.E kogo go lazat neznam.Molam bez obracanje do mene. |
| mitko dimitrovski, 11.02.2012 07:46:26 | Glasaj protiv ovaa vlast ! Vo red druze Gorgi.
A za kogo da glasam druze Spasov?Ajde kako mudar covek nabroj mi barem edena opoziciska mustra koja bi go zasluzila mojot glas i ke me vodi vo narednite cetiri godini,a istiot da ne tezi kolku eden prosecen biznismen(so narodni pari) sto bi rekol Ljubco . |
| Миле - Охрид, 11.02.2012 08:30:37 | Власта треба да се менува. Но никако не смее да се дозволи СДСМ повторно да се врати на власт. Тоа би значело крај за Македонија. Партијата која промовира преживеани и искривени вредности и принципи треба да го отстапи своето место нови политички сили. Деструктивното дејствување и загрозување на стабилноста на државата не е борба за власт. Треба уште многу да се менува во Македонија. Најпрво треба да се промени најголемата опозициона партија. |
| milko, 11.02.2012 08:45:57 | so vasata konstatacija(na krajot) potpolno se slozuvam no toa go nema.Nema ni kapacitet ni volja.SAMIOT GLEDATE DEKA NEMA nikakvi promeni ili izmeni,se istite lica koj imat dozivoten dogovor so rartijata ili lica koj se operirani od sram, za razlika od pozicijata koj redovno se osvezuva so novi lica a so toa i novi idei.Opozicijata vodi ogromna griza za svojata mladina(idnina).Sdsm samo dokazuva deka e zdruzenie na samo bendisani koj ne sakaat drugi da im ja deli tortata.MONOTONO,BEZ IDEI,OSVEZUVANE I SILNA RABOTA NE OCEKUVAJTE USPEH.za uspeh se potebni dela,trud,osvezuvane idei i sl.poz.milko
|
| Stipjanec, 11.02.2012 09:20:33 | Iako imame zaspana i iskompromitirana opozicija, sekoja partija koja sto e na vlast nema da moze da vladee vecno; taa samata ke se raspadne, ednostavno IZMORI. Mnogu cesto se slucuva narodot da glasa za opozicijata, ne deka od nea ke dobie nesto poveke, tuku samo za da ja KAZNI vlasta! No vo drugo mi e poentata! Vlasta ke si zamine (koga-togaj), i so tek na vremeto ke se zaboravat site nejzini uspesi ili neuspesi. No, ovaa novokomponirana ARHITEKTURA, t.e KARIKATURA ke ostane, i ke go KRASI gradot za mnogu generacii posle nas. Luge, od Skopje nema da ostane NISTO! Dojdovme da bideme zaloznici na nekolku polupismeni NOVINARI i totalno NEPISMENI ARHITEKTI! Politicari, partiski i nepartiski, napravete nesto za da se ZAPRE ova ludilo, za da ostane barem nesto od ona Skopje, koe bese ponos na republikite vo SFRJ, a i vo mnogu zemje vo zapadniot svet. |
| glasac, 11.02.2012 09:24:49 | Ova VMRO samo go ppravi ona sto SDSM go pravese koga bese na vlast. I ja sproveduvase svojata kampanja koga bese vo opozicijas, kako sto toa sega na SDSM mu go preporacuva prof. Spasov. Gruevski ne e Ljubco Georgievski kogo lesno go turnaa. Gruevski i ova VMRO se nesto drugo. Prasanje e ima li narodov podobar izbor ili alternativa.Site gi vidovme. |
| vlado, 11.02.2012 10:02:48 | Abe profesore pa vlasta po pravilo i ispravno e da se menuva na izbori dokolku narodot taka ne kaze neli ili ne???? Ili mozebi vie nekolku eksperti koi ne ste sega vo momentot bas ekspertirani od ovaja garnitura misli deka vlasta treba da se smeni bez obzir so narodot veli deka ne treba?????Da ne mu ja potcenuvate malku intelegencijata na narodot a so mislite vie profesore so svojata tajfa eksperti??? |
| И kolumnistite treba da se menucvaat, 11.02.2012 10:39:17 | Г-не Спасов, го заборавивте најважниот метод за зачувување на власта - ОСТВАРУВАЊЕ НА ВЕТЕНОТО. |
| Димса, 11.02.2012 13:07:58 | Се слагам професоре со вас. Но, немате ниту збор напишано за алтернативата на оваа власт. За кого да гласам? Треба ли да трошам зборови? И друго...ако ова е национал-патриотизам, како ќе ја наречеме претходната состојба? |
| Cako, 11.02.2012 14:15:25 | Profesore, bez dilema deka anlizata ti e za 10. No, kampanjata ,,osmeli se,, od vrata do vrata ne moze da ja vodi Branko, oti covekot e istrosen. Toj vekje ne moze da mobilizira masi oti nema vekje takva nenerigja. Toj samo treba da ja propusti partijata na trojkata - Sekerinska ,Zaev, i Georgiev. Situacijata brzo ke se smeni. Prosto se cudaat lugjeto, kako toa liderot BC da ima tri pati ponizok rrejting od svojata partija i da ne najde doblest za da se povlece. Toj taka samo mu pomaga na Grujo da ostane i natamu na vlast. |
| eks sdsmovec, 11.02.2012 17:01:19 | utrinski e vesnik koj go citaat realni luge i opozicioneri,pa sega vie profesore Spasov procenete od komentarite kolku vredi opozicijata so ova vecno rakovodstvo,ke se nadovrzam;ne se plasi tolku narodot od vlasta,kolku sto se plasi koj bi ja zamenil.bc promovira stari kadri koj ne uspejaa kako latas,singo i drugi proizvodi na bc,na koj mu bese dozvoleno da go plackaat narodo da preminat vo dpmne,i nikoj nema da go vrati narodot tolku nazad kako sto vie go vrativte so TAT,privatizacijata,stecajte i sl,go odravte. |
| milan, 11.02.2012 19:16:05 | G-dine Spasov so mnogu raboti vo vasite kolumni do sega sum se slagal a so nekoi ne.Sekoja cest za vasata zalozba srede lozja da ne se gradi zelezara.Spored toa ocekuvav da licno deluvate so vasiot avtoritet vo tikveskiot kraj /so razni sostanoci/na sozbivanje na toa zlo za gradba na zelezara,pa da deluvate i na mislenjeto komu da se dade glasot,arno ama vie toa ne go napravivte,pa vo 2011 Grujo pobedi srede nezadovolnite lozari koj i denes ne se isplateni za rodot od 2009 god. DPMNE vetuva a ne ispolnuva vie za laznite vetuvanja nisto ne napisavte. |
| nacional-patriot, 11.02.2012 23:43:06 | Severen Gjorgji Vardarski Spasov,nemase takov odgovor od nekogo kako sto napisa vo ovoj tvoj tekst deka Makedonija e mozebi takanarecena grcka.Ova samiot ti si go izmisli i pokazuvas kakov si.I onie vo Atina dobro znaat deka pred 1988 godina imeto Makedonija nikade kaj niv ne go koristea,a posle taa godina Atina se obiduva da go prisvoi imeto Makedonija.I sekako deka Aleksandar Veliki e makedonski,a negoviot tatako gi pobedil i porobil romejskite polisi,a zaedono so niv i Atina.Ti napisa deka opozicijata na lanskite izbori zaedno osvoila povekje glasovi.Sepak ima edno no.Ne gi stavaj na ista strana so SDSM glasacite od malite partii kako OM,branitelite i nekoj del od NP.Ne moze vrhuskata od SDSM da se kiti so tugji perja i da se samozalazuva so takvite glasaci.Tie glasaci vo idnina ili ke apstiniraat ili ke glasaat za maticnata VMRO-DPMNE.Za da gi vrati tie glasaci,sekako vlasta ne treba da napravi nekoja glupost.Objasniv neodamna zosto pisuvam dodavki na imeto i prezimeto na avtorot. |
| Ljubotan Trade Name, 12.02.2012 01:48:22 | Ajde malku, da gi procesljame ovie socialni problemi.1] Revoluciarno -Komunisticki,bara i so dekret;Nema povece licna sloboda,tuku slobodata e drustvena norma -kriterium na sloboda e, za da se postigne celta! Toa e Pat, da se unisti licnata sloboda, i slobodna Licnost, so zakonski ideal na Komunata! 2] Tie sto dovagjaat i nestanuvaat.Kako,stihisko zlo nee najgolemo zlo.Najgolemo zlo e izglasano mnozinsko organizirano,i zakonski legalizirzno-Organizirana Tiranija.Toj sto saka da gi resi ,socialnite problemi, moze da gi resi samo so Hristoviot Komunizam! Exploatatorot ne go ubiva samo Explotiraniot,tuku se ubiva i samiot sebesi ! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -6°C
Облачно
|
Понеделник
Снег
Макс: -2°C, Мин: -9°C
|
Вторник
Слаби снежни врнежи
Макс: -1°C, Мин: -9°C
|
|
|
|
|
|