10.02.2012, 18:19 Едиторијал
Долгот расте, каде ќе н¦ однесе
Соња Маџовска
Министерот за финансии, Зоран Ставрески, и премиерот Никола Груевски останаа без главниот адут во рака. Ниската задолженост на државата, која секаде ја потенцираа како најголемо достигнување пред меѓународните финансиски институции, бизнисмените, по роуд-шоуата, почна да расте.
Падна во вода и тврдењето на премиерот во последната колумна за германскиот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ дека долгот на земјава кој зафаќа 26 отсто од БДП е втор најмал во Европа. Откако Евростат ги објави државните долгови на земјите од Европската унија, излезе дека не сме ни втори ни трети, а со оглед на тоа што долгот сега не е веќе 26,2, туку 28,2 отсто од БДП, којзнае на кое место надолу ќе не' однесе. Подобри од нас се Бугарија, Естонија и Луксембург.
Но, не е важно на кое место сме на листата според задолженоста, туку дали државата има моќ да го враќа овој долг. Или ќе мора да зема нови заеми за да ги враќа старите долгови.
Позната е изреката дека нема бесплатен ручек, сметките кога-тогаш стасуваат за наплата.
Последните податоци објавени на веб-страницата на Министерството за финансии сите ги загрижија, освен Владата. Официјалните податоци покажуваат дека вкупниот долг на централната Влада на крајот на минатата година веќе ја надминал границата од 2 милијарди евра, односно изнесувал 2,089 милијарди евра, и достигнал 28,2 проценти од БДП. Тоа значи дека за три месеци тој пораснал за два процентни поена, односно од 26,2 отсто колку што изнесувал на крајот на третиот квартал лани се искачил на 28,2 отсто од БДП.
Но, Владата очигледно ги знаела бројките уште пред да бидат објавени, па можеби затоа и не ја тревожат толку. Или како што коментираат аналитичарите, иако состојбата со јавниот долг се влошува последнава година, Владата не признава и сака тоа поинаку да и' го претстави на јавноста, и дома и надвор.
Па така постојано се вели дека сме меѓу најнискозадолжените земји и ако треба, ќе влеземе и во нови долгови. А дали некој ќе ни зајми и по колкава цена е друго прашање, со оглед на кризата во еврозоната.
И вчера министерот за финансии, Зоран Ставрески, откако излегоа бројките за раст на долгот на Владата, остана на ставот дека Македонија е нискозадолжена земја и согласно со последните податоци е меѓу најнискозадолжените во Европа, и така и ќе остане.
Тој ја уверува јавноста дека македонската економија во последните пет години има многу подобри остварувања отколку грчката, на пример, и дека така ќе биде и во следните пет години. Ние ќе бележиме раст, а тие економски ќе пропаѓаат.
Но, дали земјава треба да се споредува со нашиот јужен сосед во поглед на растот и задолжувањата? Дали тоа што Грција сега е најзадолжена земја во Европа, односно во светот, и е на раб на банкрот, со долг што зафаќа 159,1 отсто од БДП и што цела Европа не знае како да ја спаси, треба да ни биде пример за натпревар?
Напротив, експертската јавност во земјава е едногласна дека Грција, Португалија и Италија треба да ни бидат пример за тревога, а не за олабавеност. Тоа се земјите од чии искуства треба да извлечеме поука, а не со нив да се натпреваруваме. Бидејќи на крајот ќе ни останат спомениците, ама и долговите што ќе треба сите да ги враќаме.
Надвор од оптимизмот на Владата, долгот на државата расте и кон странство и кон домашните компании, а тоа е знак дека Владата треба да го вклучи црвеното светло со оглед на тоа што неконтролираните задолжувања многу земји ги донесе пред банкрот. |
|
Статијата е прочитана 1756 пати.
|
Испрати коментар
|
|
македонец, 11.02.2012 00:16:20 | Имањето долг е европски стил на живеење... зарем не гледате дека скоро пола земји во ЕУ се со висок долг... кукате сите за во ЕУ. Па и тоа ви е дел од ЕУ стилот кон кој се стремиме... вие да не мислевте дека на купче злато ќе седиме ако сме таму?!??!?! |
| jovan, 11.02.2012 00:36:31 | Ovaa drzava e veke bankrotirana. Mozebi na nekoj koga ke go procita ova nema da mu se veruva, na nekogo mozebi ne mu zvuci ubavo, a i nema rima za da zvuci ubavo, no e cista vistina. Frazologijata i lagite so koj sekojdnevno e bombardiran ovoj narod izgleda go hipnotiziraa, pa nemozat ni eden plus eden da soberat. Cekaat nekoj da im kaze deka se dva. Koga ke ni kazat, neka ni bide so sreka. Ke ni bide i te kako potrebna. |
| eu, 11.02.2012 08:50:12 | Vo Evropskata vi prekrasna Unija ke ne odnese i fala bogu sto ne ne primaat zasto uste povekje ke raste. |
| milan, 11.02.2012 09:44:50 | Zamislite da imavme ostrovi za prodazba i nasite vladeteli mirno da prodavaa,togas ke se sporeduvavme so Japonija,SAD, i sl.Kakvi sporedbi so Grcija i Italija,toa ne drzi voda Grcija ima ogromen morski breg i turizam i ima od sto da vraka.Italija isto ogromen breg i turizam plus edna od najrazvienite industrii i ima od sto da vraka.Od sto ke specali ovoj narod pa da vraka.Za bogatiot i golem dolg e lesen za siromaviot i maliot dolg e tezok.G-podo Gruevski i Stavrevski so koe pravo gi zadolzuvate idnite pokolenija,ili mozebi sakate da se rasturi ovaa drzava. |
| Serafim, 11.02.2012 12:01:35 | Drzavnite cinovnici i kradcite na narodnite pari ke ja dovedat za kratko vreme drzavata vo bankrot.Eve vi primer vo edna mala opstina na Istokot na drzavata eden arambasa za nepolni 3 godini ima proizvedeno 123 drzavni cinovnici,koi drzavata ke ja cinat za svojot raboten vek povece od 50 miljona evra.Komparirajte go toa na drzavno nivo x 500 i ke vi stane jasno kade odi nasata mila em draga tatkovina. |
| seirdzija, 11.02.2012 13:23:50 | So mizerni plati vo realniot sektor i so vestacko krevanje na platite na budzetarite nerealno procentualno se prikazuva deka sme nisko zadolzena zemja.Se znae deka samo od realniot sektor moze da se vracaat dolgovite,pa namesto pomos na istite i gradenje na infrastruktura nie se zadolzivme za spomenici,fasadi i trevnati tereni po livadi:P |
| Veruvaat vo 21.12.2012., 11.02.2012 13:55:22 | Poodamna chitav nekoja statija za YU dolgot, poradi koj navodno sme se rasturile. Avtorot (hrvatski ili slovenski ekonomist) navodi da pri raspadot sme bile dolzni 22 milijardi dolari. Medjutoa i nam ni se dolzile i ne znam shto ushte sme imale za zemanje, taka da realniot dolg bil negde napola odnosno, okolu 11 milijardi dolari (na toa mocno stopanstvo). A da denes samo SLO,CRO,SRB i BiH dolzat 120 milijardi evra (ne dolari), bez da im nim nekoj dolzi. Isto negde bev prochital, da od tie famozni 22 milijardi, RM od YU izlegla so dolg od 350 milioni dolari (280 os.70 kamata), so koi se mnogu shto i shta izgradilo. Ako na deneshniot dolg na RM, koj e zastrashuvachki, dodademe i se shto se prodade stvoreno vo komunizmot, ochigledno da ziveeme od minat trud i ktrediti, pa e prashanje e na denot koga nie ce bankrotirame, a ne Grcija. Zad Grcija stojat EU i USA, a zad nas ja nema povece ni YU. Problemot e mnogu seriozen, za taka ne seriozni (mladi) ludje shto ne vodat. |
| Izi, 11.02.2012 18:10:50 | Ovije venosat vi provaliha |
| Istocna Makedonija, 11.02.2012 22:59:36 | Cudo nevideno,non sens!Nekoj,kako nie da se
faliime so dolznicki kredibilitet?!Solventnosta i
pogubnosta na katastrofalnoto zadolzuvanje ke
se repurkuiraat koga ke dospeat za vrakanje.A,
togas ke mora,bile ili ne bile na tronot,da ekspli-
ciraat i onie koi ne zadolzija za neproduktivni tro-
skovi,reklami,cudni proekti,a bogami i za sebe?!
Nehumani politiki i ,,proekcii,,:Unisti ja socijalata
rabotnikot i zgora na se kako kapak-slagvort,ze-
maj krediti od stranstvo!I pak,in finito,Cudo ne-
videno,non sens! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -5°C
Претежно облачно
|
Понеделник
Снег
Макс: -2°C, Мин: -9°C
|
Вторник
Слаби снежни врнежи
Макс: -1°C, Мин: -9°C
|
|
|
|
|
|