-->
Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Хороскоп

Дневен хороскоп

Овен

Некоја вест или случка ќе го растресе вашата емотивна стабилност. Ќе морате да го одложите патувањето и неочекувано да ги смените плановите за идните неколку дена. Некој член на семејството ќе бара многу внимание, нега и сочуство. Заборавете на гревовите од минатото.



Бик

Ќе ве вознемири однесувањето на една личност. Површноста и неодговорноста ќе ви биде сосема несфатлива. Денешните планови немојте да ги врзувате за други луѓе. Се што можете направете сами, а помош барајте дури утре. Не влегувајте во препирки.



Близнаци

Ако сакате да избегнете напади и критики во јавноста, ќе мора да се преставите како авторитативна и одговорна личност. Новите околности ќе бидат вразни за кариерата, финансиите и претпоставените лица. Внимавајте што купувате и по која цена. Избегнувајте лаги.



Рак

Личност или некоја случка од вашето минато неочекувано ќе добие на важност. Ќе се сретнете со една личност што одамна не сте ја виделе. Би можеле да ја договорите следната средба и внимателно да се скриете од погледите на љубопитните. Ќе ви се зголемат семејните обврски.



Лав

Здодевни состаноци, долго чекање во редови, гужви во сообраќајот или тажните човечки судбини... сето тоа ќе заморува повеќе од обично. Најдете некое место коешто може да ви го даде толку посакуваниот мир и тишина. Измерете го притисокот. Не се потпирајте на туѓите услуги.



Девица

Ќе бидете растргнати меѓу она што го посакувате и она што ви го налага разумот. Работните обврски ќе влијаат и на вашето однесување кон саканата личност. Некој пријател ќе ви соопшти вест којашто ќе ви помогне подобро да сфатите некои ситуации. Чувајте ги нервите.



Терезија

Повеќе внимание посветете на деловната комуникација. Можни се промени во деловниот распоред или кадровски прераспределви на вашето работно место. Една личност ќе се обиде да го оспори вашиот авторитет. Немојте да се збуните. Решителноста е многу важна.



Скорпија

Важно е да не запоставите некои личности што ги сакате. Децата и пријателите ќе очекуваат повеќе време да минувате со нив. Ако се занимавате со спорт, чувајте се од повреди, особено на рацете и нозете. Во љубовта немојте да си играте со оган. Кажете им “не“ на пороците.



Стрелец

Пред вас е ден преполн со новости, промени и непланирани работни задачи. Колку и да се трудите да ги усогласите работните рокови и с? да завршите на време, сепак тоа нема да ви појде од рака. Финансиските случувања ќе ве принудат на штедење. Внимавајте на белите дробови и синусите.



Јарец

Можни се ситни неприлики коишто ќе ве успоруваат на патот кон целта. Сигурни се неочекувани средби на пат, тешкотии во телефонирањето или пронаоѓањето на лица што ви се потребни. Памтете каде ги оставате клучевите од станот, мобилниот телефон и паричникот.



Водолија

Време е да се позанимавате со состојбата на тековната сметка. Можеби ситуацијата ќе биде обесхрабрувачка, но не ја губете надежта. Помошта или решението ќе дојдат сосема неочекувано. Разговорот со љубовна тематика сосема ќе ве збунат. Не си поигрувајте со туѓото трпение.



Риби

Ве очекува активен ден, преполн со изненадувања и противречни сигнали. Ќе сфатите колку вашето однесување во минатото влијаело на една личност. Треба да разговарате со еден пријател. Во љубовта што помалку експериментирајте. Штедете ја енергијата..

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 15°C

Претежно облачно

Петок
Облачно
Макс: 18°C, Мин: 8°C

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 20°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |